Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Хроника

Лажен инспектор ограбил пензионер

07.07.2011, 15:16

Три кривични пријави за лажно претставување, измама и измама во обид се поднесени против 43-годишниот А.Б. од Скопје, кој претставувајќи се како инспектор од полициската станица "Беко", ограбил 75-годишен скопјанец.

Според полицијата, непријатностите за пензионерот започнале пред петнаесетина дена кога на автобуска станица во центарот на Скопје му пришол непознат маж, претставувајќи му се како инспектор Зоран. Му побарал пари, но бидејќи скопјанецот не носел со себе, го натерал да го однесе дома и таму му зел 8.000 денари, наводно, за да изврши проверка на оригиналноста на парите. Во меѓувреме ја забележал и девизната книшка на пензионерот и го натерал да одат в�� банка од каде што извадиле 1.499 евра, кои, исто така, ги зел заради наводна проверка на оригиналноста. На крајот го натерал да отидат во ПС "Беко", но откако се качил на автобус, пензионерот забележал дека "инспекторот" го нема.

Десетина дена подоцна, разбојникот повторно дошол во домот на скопјанецот, прашувајќи дали ја добил пензијата. Откако добил негативен одговор, влегол во неговиот дом и извршил претрес на станот, одземајќи му два пасоша, кои, наводно, требало да се проверат. Го натерал заедно да одат во филијалата на банката за да проверат дали е пристигната пензијата, а откако се уверил дека нема пензија, му рекол дека треба повторно да се видат утредента за пак да проверат.

Притоа му се заканил дека доколку не дојде на договореното место, ќе биде тепан од "алфите", истовремено покажувајќи му пиштол во сива боја и некаква легитимација. Утредента истата приказна, пензијата не била пристигната, па се договориле да се видат наредниот ден.

Во меѓувреме, пензионерот сфатил дека е жртва на измамник, па го пријавил случајот во полиција. Надлежните ги прегледале снимките од видеонадзорот на банката, по што го идентификувале и го привеле разбојникот. (Г.А.)



#
Статијата е прочитана 369 пати.

Испрати коментар

Од: bale
Датум: 07.07.2011 19:55:16
Ete gi plodovite na Policiskata drzava............

Најди! во Утрински
Насловна
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит
И во криза, луѓето не се откажуваат од „мерџо“
Светлата на автомобилите може да згаснат
Најбарана светска топ-моделка
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија
Ќе почекаме на наследството од СФРЈ во Атина
БроЈките кажуваат се
Охриѓани го фалат езерото, а одат на море
Македонците токмат денари за Ќиро
Латиноѕвездата сака да се венча со партнерот во Портотико
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
Фотосесија во домашен притвор
И Холандија во Хаг
Решение за името по преговорите
Ни треба Кадифена револуција
Адио Антонио
Филипини заминува од Македонија со позитивни впечатоци
Историјата не одбира каде ќе се повтори
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Бошкоски во притвор уште 30 дена
Застарените долгови не можат да се наплаќаат
Карикатура
Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието
Онлајн вести

"""