Борислав Тноковски
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит

Популарниот ТВ-презентер зборува за својот стил на облекување
Катерина Шекеровска
„Во просек ми се доволни 15 минути за средување на мојот изглед. Плус-минус неколку минути во зависност од тоа дали се работи за средување пред камери или обично излегување. Што се однесува до тоа која дефиниција би ја избрал за мојот стил – најверојатно би било спортско-елегантен...“
„За изборот пред ТВ-камерите, за целата моја гардероба кога сум на вести сум задолжен самиот јас. Е сега, некогаш тоа е повеќе, некогаш помалку успешно. Се надевам дека правам добар баланс на крај“.
„Апсолутно да, ми се случило да излезам во куси панталон��, кои секако не се гледаат пред камерите. Тој мит што кружи за ТВ-презентерите за време на летниот период дека имаат навика да носат куси пантолони за време на вестите е - точен. Тоа е можеби начин да се компензира горниот аутфит со кошула, вратоврска и сако на 40 степени. Незгодниот момент би настапил кога, на пример, некој политичар би гостувал во вестите“.
„Не обожавам да талкам по продавници, па така имам определено неколку места каде што секогаш наоѓам по нешто, и тоа распределени се на неколку локации – Скопје, Битола и Солун. Не купувам задолжително брендирани парчиња, но доколку нешто ми се допадне посебно, а е позната марка – тогаш го купувам“.
„Многу нормално - најудобно се чувствувам во тренерки“.
„Во однос на метросексуалците, мислам дека рапидно се умножуваат, најверојатно, на општо задоволство на девојките, затоа што така не би биле единствените што би одделувале доста време за својот изглед“.
„Повеќе од јасно е што има најмногу во мојот плакар - тоа се кошули, вратоврски и сакоа. Инаку, бев посебно врзан за чевлите од матурската прослава... Но, пред неколку години беше донесен консензус (ако може така да се изјаснам) од моето најблиско опкружување дека треба да се исфрлат од употреба“.
„Вратоврска, часовник, очила за сонце и кожена алка ми се задолжителни модни додатоци. Колку внимавам во изборот, другите би требало да кажат. Некогаш правам и утки...“
„Кога станува збор за фетиши, тоа можеби би биле сатенски пижами“.
Парфем
„Немам омилен парфем, зашто по извесно време ми здосадува мирисот. Па стандардно менувам неколку: „play“, „sculpture“, „versace eau fraiche“, „emporio white“…
ТорбиЧе „дизел“
Прво што ми падна на памет кога се работи за најскапо парче облека што сум го купил - е едно платнено торбиче „дизел“... За кое немаше потреба да се фрлаат толку пари...
Патики
Најчесто сум во патики „најк“ број 43. Уживам во спортска гардероба
|