Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието

07.07.2011, 13:01
Јани Макрадули од СДСМ и Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги задржат потпретседателски места. Нов заменик на Трајко Вељаноски ќе биде Сузана Салиу од ДУИ. Ермира Мехмети Деваја ќе биде претседател на Комисијата за односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именување е утврдувањето на Предлог-одлука за избор на претседатели, заменици претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.
Покрај тоа треба да се утврди и Предлог-одлука за избор на претседател, членови и заменици членови на делегацијиите на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание ��а Советот на Европа (ПС СЕ), во Парламентарното собрание на НАТО, во Парламентарното собрание на ОБСЕ, во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива (ПС ЦЕИ) и во Парламентарното собрание на Медитеранот.
Инаку сеуште не е закажана собраниската седница на која треба да се избира новата Влада на Република Македонија. Мандатарот Никола Груевски има рок уште 10 дена да го предложи составот на новиот владин тим.
|