Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мартоњи

Решение за името по преговорите

07.07.2011, 15:02

Унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи истакна дека спорот со името не е интелектуално прашање кое било кој може да се реши со креативна мисла, туку е политичко прашање и решението мора да биде во интерес на двете страни.

Мартоњи, посочи дека од македонската и од грчката страна постојано во последните неколку месеци добива информации дека денот за изнаоѓање на решението за името се наближува.

- Преговорите се одвиваат со посредство на ОН. Ниту ЕУ, ниту Унгарија не може повеќе да направи освен да ги охрабрува двете страни да го изнајдат заедничкото прифатливо решение - рече Мартоњи, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој потенцира дека ка��о член на ЕУ Унгарија има ист став со Европската комисија и со Европскиот парламент дека преговорите со Македонија би можеле да започнат без решавање на прашањето за името, со тоа што повеќе од јасен е фактот дека преговорите ќе се затворат само доколку се изнајде решение за спорот.

- Ние не гледаме пречка за почнување на преговорите порано, но во исто време сме реалисти и заради тоа не го ставивме ова прашање како точка на дневен ред. Сметавме дека на дневен ред може да се најдат само такви прашања чија веројатност за добивање одговори е поголема - додаде Мартоњи.

Посетата на новинарите од Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Унгарија и на неколку државни институции се реализира непосредно по завршувањето на унгарското претседателство со ЕУ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера испрати писмо до високиот претставник на ЕУ Кетрин Ештон во кое се наведува што е можно поскоро да започнат преговорите со Македонија, за челенсто во Унијата.



#
Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар

Од: OMD
Датум: 07.07.2011 17:04:35
Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!

Најди! во Утрински
Насловна
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит
И во криза, луѓето не се откажуваат од „мерџо“
Светлата на автомобилите може да згаснат
Најбарана светска топ-моделка
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија
Ќе почекаме на наследството од СФРЈ во Атина
БроЈките кажуваат се
Охриѓани го фалат езерото, а одат на море
Македонците токмат денари за Ќиро
Латиноѕвездата сака да се венча со партнерот во Портотико
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
Фотосесија во домашен притвор
И Холандија во Хаг
Ни треба Кадифена револуција
Лажен инспектор ограбил пензионер
Адио Антонио
Филипини заминува од Македонија со позитивни впечатоци
Историјата не одбира каде ќе се повтори
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Бошкоски во притвор уште 30 дена
Застарените долгови не можат да се наплаќаат
Карикатура
Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието
Онлајн вести

"""