Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Светлата на автомобилите може да згаснат

Задолжителните дневни светла ја зголемуваат потрошувачката на гориво и го трујат воздухот

Горан Адамовски



„На патиштата во Македонија задолжително е користење светилки дење и ноќе, на сите патишта, магистрални, регионални или локални, како и во населените места. Непочитувањето на оваа одредба од Законот повлекува глоба во износ од 45 евра“. Ова е првата белешка во флаерот што го добиваат странските туристи кога ќе влезат во нашата земја. Задолжителните светла на автомобилите и во текот на денот веќе неколку години е практика на патиштата низ земјава. Возачите, иако тешко, сепак, полека успеваат да се привикнат на оваа одредба, чија цел, првенствено беше да се зголеми безбедноста во сообраќајот, односно преку запалените светла автомобилите полесно да бидат забележливи.

Но, Стопанска комора пред неколку дена излезе со податок дека зголемената потрошувачка на гориво поради користењето вклучени светла преку ден, ги чини македонските граѓани пет милиони евра годишно. Освен негативниот економски аспект, обврската за возење со вклучени светла лошо се одразува и врз животната средина преку зголемено емитирање отровни гасови. Страдаат акумулаторите и другата електрична опрема. Притоа, ефектот во сообраќајот е речиси минимален, нема евидентно намалување на несреќите, сметаат од Стопанска комора.

Од овие причини, многу учесници во сообраќајот: таксисти, граѓани, правни субјекти, возачи на градските сообраќајни возила побараа да се преиспита законската обврска и евентуално да се скрати периодот на користење дневни кратки светла по примерот на западните земји.

Во Министерството за внатрешни работи ни изјавија дека ќе го разгледаат предлогот по што ќе донесат одлука дали оваа одредба ќе биде укината.

Искуствата во светот се различни. Шведска, Полска, Данска, Финска, Чешка, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора се дел од земјите каде што вклучените светла на автомобилите се задолжителни во текот на целата година. Во Хрватска и во Словенија, пак, оваа одредба важи во периодот на зимското сметање на времето. Во Италија се бараат вклучени светла само кога се вози надвор од градовите. Австрија го повлече законот во 2008 година, бидејќи нивните истражувања покажале дека одредбата не ги дава посакуваните резултати. Секоја земја води сметка колку е финансиски исплатлив овој потег, потоа колку е штетен за воздухот, но, пред се', дали ги дава очекуваните резултати во поглед на намалувањето на сообраќајните несреќи. Апсурдно, во Данска и во Финска, на пример, бројот на несреќите се зголемил за 40 проценти, иако денските светла се задолжителни.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) заедно со Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје во 2009 година изготви студија за влијанието на користењето на средните светла на автомобилите. Во неа се предупредува дека светилките кај повеќето моторни возила се неприспособени за употреба како дневна светлина и се со непотребно недозволен интензитет на осветленост. Посебно е дискутабилна можноста за засенување на моторциклистите.

„Дневно вклучените светилки при нормална видливост тешко дека можат да го направат возилото позабележително, но можат лесно да бидат причина за погрешна процена на меѓусебното растојание и неточна процена дека другото возило ве забележало“, се наведува во студијата.

Според нивните заклучоци, користењето на дневното светло реално ја зголемува потрошувачката на горива во просек за шест проценти. Потрошеното гориво, пак, носи поголемо загадување на воздухот. Треба да се каже дека производителите на автомобили проектираа опрема во која како извор на светлина се користат лед диоди со максимална енергетска ефикасност.

Според препораките на студијата на РСБСП и на Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, дневните светла на возилата треба да бидат запалени во периодот на зимското сметање на времето. Во периодот на летното сметање на времето, дозволено би било користење дневни светла реализирани со лед диоди со екстремно висока енергетска ефикасност како кај новите возила опремени со дневна светлина.

„На мотоциклисите и на мопедите при возење дење мора да им бидат запалени дневни или кратки светла преку целата година“, препорачуваат носителите на студијата. Сепак, ако само еден живот бил спасен благодарение на задолжителните светла - тогаш одредбата ја исполнила целта, потенцираат од РСБС.


#
Статијата е прочитана 5828 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 07.07.2011 07:17:03
Ako nekoj e slep i nemozi da vidi kamion na patot, kako ke go vidi svetlata??? Ova e najglupavo nesto sto e vovedeno ne samo od nasite vlasti tuku i vo site drugi drzavi. Vo mnogu drzavi ne e obavezno da se vozi denje so svetla a imaat mnogu pomalku soobrakajki od onie drzavi sto vozat so denski svetla. Sekoj vozac e svesen i gi vklucuva denskite svetla koga vidlivosta e namalena od dozd ili magla. Ali da se vozi so svetla 24 casa toa e nesto nenormalno a i na tie sto go vovele toj zakon nesto im fali zosto nemozat da razmislat deka so denskite svetla se zagaduva vozduhot i go zgolemuva globalnoto zatopluvanje. Od neznaenje nie samite e unistuvame planetava.
Од: девичанецот
Датум: 07.07.2011 08:41:19
Укинете ја таа глупост и тоа што побргу. Не сме ние Шведска или Англија...каде што ни половина од нашите годишни сончеви часови ги има таму. Унгарија тоа го направи уште порано...бидејќи дење на нивните рамни патишта светлата пречат.. Исто како и кај нас....но ние мора Европа да ја следиме????? Исто се однесува и за измена на времето во летно и зимско сметање...И тоа треба да се укине што побргу!
Од: Filip
Датум: 07.07.2011 08:53:38
Морам да признам дека полесно се забележуваат коли кога се вклучени светлата, особено кога бојата на колата е слична со асфалтот, во одредени околности, во земји кај што се исклучени светлата, се тешко забележливи. Морам да кажам дека тоа е стварно опасно. Со светла овој проблем полесно се избегнува.
Од: Битолчанец963
Датум: 07.07.2011 09:07:26
Во стариот закон убаво беше нагласено и регулирано употребата на светлата! Кога видливоста ќе се намали на помалку од 250 метри без разлика на саатнината задолжително е вклучување на светлата. Сега иако светлата се задолжително вклучени доаѓаме до ситуации кога некој и во касните вечерни саати не ги вклучу��а мислејки дека е доволно видлив од слабото улично осветлување. Спрема тоа може да се вратат старите регулативи за употреба на светлата но сообраќајната полиција да биде особено строга ноќе кога неосветленото возило е речиси 100% ризично и е предизвик за несреќа.
Од: Stojko
Датум: 07.07.2011 09:10:36
Od naslovot citatel bi mozel da zakluci deka doslo do promena na zakonskite propisi vo vrska so upotreba na soborenite svetla na avtomobilite, ama ne e taka. Zatoa, malku vnimanie pri formiranjeto na naslovite nema da steti.
Од: Љубљана
Датум: 07.07.2011 09:12:51
Не е вистина дека во Словенија само во зимскиот период е задолжителна употреба на светлата. Важи преку цела година!
Од: bubby
Датум: 07.07.2011 09:16:25
Јас го сметам за голема придобивка, користењето на светлата преку целиот ден. Некако целата статија е наштимана да го брани фактот дека светлата се штетни. Споменато е повеќе пати дека зголемува потрошувачка, па загадување итн. Според мене е подобро за загудавањето да се отстранат музејските експонати од патиштата и возила кои креваат облак од црн чад. Се уште се прашувам како тие возила воопшто поминаваат на технички. За несреќите ми смета малце што никаде не се спомнува колку е зголемен бројот на возилата на патиштата во однос на периодот во кој се прави споредбата. Оставете ги светлата на раат, гледајте да ги отстраните камиказите и пијаните возачи.
Од: od kumanovo
Датум: 07.07.2011 10:07:07
Pa ve molam treba da se ukine ovoj zakon pa na 45 dena gi menuvame pa toa za nas e uste poveke frlanje pari
Од: LIDNAM
Датум: 07.07.2011 10:45:29
Стартно јас бев најпротив овој закон. Но откако ми излезе сребрена алфа на облачно време а немаше упалено светла, едвај ја видов да не се учукам. Да имаше светла ќе ја видев. Така да и не е толку лош законот.
Од: Iskra
Датум: 07.07.2011 12:32:50
Svetelata na avtomobilite TREBA da ostanat zapaleni i preku den i ova e dobra odluka, na toj nacin polesno se zabelezuvaat vozilata od sprotiven pravec i vozenjeto go pravi pobezbedno. Nemat vrska zapalenite svetla so potrosuvackata na gorivo, toa e izmislica na nekoi ludi glavi koj gi mrze da gi zapalat svetlata. NIKAKVA PROMENA NA ZAKONOT ZA UPOTREBA NA SVETLATA PREKU DEN. POZDRAV.
Од: PERPETUM MOBILE
Датум: 07.07.2011 14:30:24
Светлата оти трошат гориво трошат тоа многу стручно го докажаа во Енергетската асоцијација во Комората, каде исто од Бирото за безбедбост при МВР кажаа дека безбедноста во сообраќајот не е покачена со светилките. Во врска со горивото? Лесните возила имаат светилки вкупно 140-160 вати, а 6 часа возење ќе потрошат 1 кВч, за кој да се произведе во возилото треба да се потрошат 8-11 кВч хемиска енергија од горивото, или 0,9 до 1,2 л гориво. Кај камјоните и автобусите ситуацијата е за 50% полоша. Ако светлата не трошат гориво тогаш ајде да ги паркираме колите во двор и да вградиме доволно моќни алтернатори и да се откачиме од ЕВН и ќе си имаме струја без пари. Не постои Перпетум Мобиле. Изгледа најдобро решение ќе биде Хрватскиот модел, пали светло само земе на отворен пат.
Од: Viktor
Датум: 07.07.2011 14:42:10
Zakonot mozebi e neprakticen od aspekt deka nekogash zaboravam da vklucam svetla, pa me demne kazna, no iskreno, nekolku pati sum izbegnal soobrakjaka blagodarenie shto svetlata na avtomobilite vo presret im se vkluceni, ima boi na vozila koi se vklopuvaat so sredinata vo daden prostor.
Од: Економичен
Датум: 07.07.2011 17:43:14
Од мое долгогодишно искуство во сообрајќај, имам забележано дека, возилата со запалени светла се подобро забележливи, и дека тоа многу помага на учесниците во сообрајќајот (барем мене ми помага). Поголема потрошувачка постои, но може да се искомпензира со подобри патишта, затоа што и возењето "слалом" ја зголемува потрошувачката, исто така и вклученатиот клима уред, и гласно пуштена музика во автомобилот.
Од: КОНФУЗИОНЕР
Датум: 07.07.2011 18:12:54
Абе Човеци,стручнаци!? Убаво си муабетите, ама ка е можно, па дури 6% да трошат светилките. Претеравте! Бев на Презентацијата на Македонската Енергетската Асоцијација во С. Комара и таму многу стручно и разбирлива презантираше Другарот Гаштеовски, потрошња на гориво поради светла во РМ е околу 0,88 - 1,33% зголемена, која чини 5 милјони евра/год.. Исто даде дијаграм каде возилата макс. трошат струја и друго до 2,2-3%. Како сега овие 6%, не е можно. Студијата на Другарот Гаштеовски се вклопуваат во сите научно истражувачки студии од Цел Свет (Шведска, Германија, Генерал Моторс, Холандија, Бугарија,.... Немојте да ја изневерувате Мајката Наука, као еден, конфузионер на Телама ТВ, дека треба да ги менуваме свеќиќките на ,,Дизел,, моторите, ногата на гаста да не ние тешка и др.. Безбедноста е ,Светиња, и што ќе каже таа мора да биде Закон, баз разлика на ,,5те милјони евра и 3та изедени леба на релација СК-Берово-СК,, Безбедноста кажува дека нешто ќе мора да се менува и тоа многу с

Најди! во Утрински
Насловна
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит
И во криза, луѓето не се откажуваат од „мерџо“
Најбарана светска топ-моделка
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија
Ќе почекаме на наследството од СФРЈ во Атина
БроЈките кажуваат се
Охриѓани го фалат езерото, а одат на море
Македонците токмат денари за Ќиро
Латиноѕвездата сака да се венча со партнерот во Портотико
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
Фотосесија во домашен притвор
И Холандија во Хаг
Решение за името по преговорите
Ни треба Кадифена револуција
Лажен инспектор ограбил пензионер
Адио Антонио
Филипини заминува од Македонија со позитивни впечатоци
Историјата не одбира каде ќе се повтори
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Бошкоски во притвор уште 30 дена
Застарените долгови не можат да се наплаќаат
Карикатура
Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието
Онлајн вести

"""