Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Историјата не одбира каде ќе се повтори

Јосиф Ќурчиев

Историјата ја обновуваат или се обидуваат да ја имитираат современиците во зависност од пропорцијата на прагматичните потреби

БЕЗ РАКАВИЦИ

Не знам дали некој мерел, но мене ми се чини дека на „Балканите“ бројот на „историчари“ е енормно голем. Ако се лажам, моја вина. Овој текст, сепак, им го посветувам ним, токму онака како што гласи насловот: дека историјата не одбира каде ќе се повтори. Неа ја обновуваат или се обидуваат да ја имитираат или да ја интерпретираат современиците, во зависност од пропорцијата на прагматичните потреби. За власт...

Приказнава се однесува на германскиот кајзер Вилхелм Втори. Директно ��е започнам со дел од текстот на Герт Мак, холандски новинар и автор кој ја пропатувал цела Европа за да ја опише нејзината состојба пред почетокот на новиот милениум. Се разбира, минатото во неговите истражувања игра неизбежно голема улога – како споредба на Европа 100 години по влезот во 20 век. Значи, Мак за Вилхелм Втори ќе напише: „Беше под длабок впечаток на Англија, неговиот голем ривал и копираше се' што можеше... Се разбира, се' мораше да биде малку поголемо од примерите во Лондон. Во берлински Тиергартен изгради Победничка алеја долга 700 метри полна со мермерни статуи, за вечна слава на неговите предци, но пред се', за себе лично“.

Добро! Но, колку траеше таа „слава“? Мермерните статуи непосредно по Втората светска војна беа фрлени во околните канали. Денес само некои од нив се вратени во околината на Столбот на победата. Знаете, оној што беше епицентар на геј-парадите во Берлин што траеја неколку години.

Сето ова, констатира Герт Мак, Вилхелм Втори го правеше следејќи конкретна цел. Германија во подем не се соочуваше само со внатрешни проблеми, подеднакви како во Велика Британија и Франција, туку и затоа што беше млада нација. Кога Вилхелм Втори седна со задникот на тронот во 1888 година, неговиот рајх постоеше 20 години. Најголемиот број жители одвај да се сметаа себе си за Германци, туку повеќе како Саксонци, Пруси или Виртембержани. Секое гратче, секоја долина, имаше сопствен дијалект, а само персони од високите кругови зборуваа литературен германски јазик.

Истовремено, младата Германија покажа големи амбиции во меѓународната политика. Европа живееше во еден систем, чиј именител гласеше: „Во Европа владее рамнотежа, а надвор од Европа владее Велика Британија“! Големиот пруски канцелар Бизмарк со трпеливост и мудрост се обиде да ја вклучи обединета Германија во тој систем и да ја „навикне“ Европа на таа нова состојба. Дека и Германија е фактор. Но...

Во 1890 година Вилхелм Втори го отпушти Бизмарк што беше крајот на таквата умерена безбедносна политика. Кајзерот и неговите нови министри беа претставниците на незадоволната, немирна и здрвена Германија кои сметаа дека 20 век, онака како што 18 беше француски, а 19 англиски, ќе биде германски век. И покрај сета моќ што ја покажуваше новата германска нација, сепак и' недостигаше самосвеста што ја имаа постарите држави како Франција или Велика Британија. Од една страна, во Германија се развиваше модерно граѓанско општество со богат економски живот. Од друга страна, општествениот и политичкиот живот го доминираа неколку стотини аристократски семејства и со нив поврзаните касти на службеници и офицери што ги исполнуваа желбите на кајзерот, па мнозинството имаше чувство на очај. Од тие причини Вилхелм Втори мораше да преземе нешто што ќе овозможи емоционално поврзување. Како и во секоја млада нација, кај поданиците требаше да се издигне чувството: овде сакам да припаѓам, ова има големина што ќе ме извлече од калта! О.К. си рекол Вилхелм: секоја млада нација од тие причини гради споменици, огромни владини згради и, ако треба, цел главен град.

Германскиот историчар Михаел Штирмер вака коментира:„Требаше да се роди популистичка владина форма, многу пропаганда, големи гестови и привлечни хоризонти, нешто од најстарото и најновото, а ниту едно вистинско“. „Тогашна Германија беше комбинација од екстреми, резултат на потресна битка меѓу старите сништа и модерното време“, заклучува британскиот историчар Питер Хол.

Големи делови од тогашниот Берлин исчезнаа. Преживеа само катедралата изградена во 1905 година. Мешавина од катедралата „Свети Петар“ во Рим, катедралата „Свети Павле“ во Лондон и „Нотр дам“ во Париз. Беше тоа обид да се надополни целото заостанување од времето на ренесансата и 18 век. Сето тоа придонесуваше Берлин да стане привлечен за голем број луѓе, па градот доживеа енормен механички прилив: од милион во 1870 година, порасна на речиси 4 милиони во 1914. Нив, меѓутоа, не ги привлекуваше културата на живеење во градот. Во прв ред тие луѓе бегаа од селата од очај.

Сосема на крајот: Вилхелм Втори е последниот кајзер од династијата Хоенцолерни. Во сјајно напишаниот портрет на ова семејство, историчарот Волтер Хенри Нелсон запишал дека првите Хоенцолерни што дошле во Бранденбург биле бескрупулозни, бескарактерни милитантни авантуристи, без минато и традиција. Немале ништо, дошле од никаде за со текот на времето да ја имаат најголемата континентална моќ. Можеби биле авантуристи, но тоа само ја подвлекува големината и важноста на она што се обид��ле и на крајот на краиштата - го постигнале. По која цена? E, па сите учесници од тоа време одамна се на онаа страна од животот! Вилхелм Втори, по крајот на Првата светска војна, во 1919 заврши во егзил во Холандија. Почина во 1941. Толку.

Немам намера да влегувам во никаква дебата, туку сакав сосема накусо, колку што овозможува просторот, да потсетам на настани од пред еден век, кои, најверојатно, само случајно имаат некакви сличности...

П.С. Уште малку историја. Деновиве се навршија 50 години од самоубиството на една книжевна легенда: Ернест Хемингвеј. За нашите покондирени тиквички што во топлите летни денови сркаат „Мохито“ во „нобл“ кафулињата треба да се каже дека овој едноставен коктел е „пронајдок“ на Хем, како што го нарекувале неговите пријатели. Ако тиквичките воопшто знаат кој е Хемингвеј. Дали е некој моден креатор? Дали е „бренд“? Сигурен сум дека некој од нашите познавачи на литературата требаше да напише ред-два за Нобеловецот или дека некоја од нашите телевизии требаше да емитува барем еден од многуте документарни емисии за него. Или да „пуштеа“ некој од филмовите снимени според неговите романи и новели. Ништо од тоа. Досега. Затоа јас ќе се потпрам врз извонредниот текст објавен во неделникот „Шпигел“ и ќе цитирам само чифт пасуси што ми се чинат многу значајни.

Пред се', Хемингвеј, според многумина, е зачетникот на модерното новинарство. Кога ќе каже: „Се' што мораш да направиш е да напишеш една вистинска реченица. Кога ќе напишеш таква, ќе знаеш“. Ова би требало секој денешен новинар да го закачи на мониторот на својот компјутер и тоа да му биде водителот во професијата. Многумина во минатото се обидуваа, од чисто комерцијални причини, да истакнуваат некои странични детали од животот и однесувањето на Хемингвеј. Некои и од завист и злоба, други од немоќ ниту да му се доближат барем на километар.

Во текстот на „Шпигел“, ова посебно сакам да го истакнам, стои и следнава констатација: „Талент и тестостерон, храброст и поезија, каков грандиозен мачо-спектакл посматрано од денешна призма... посматрано од површноста на ’супер‘ џуџињата што имаат моќ, на Берлускониевци, Саркозиевци и Еклстоновци, овие кловнови кои од страста кон љубовта направија смешна точка“.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 1204 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 07.07.2011 03:13:28
Vlasta go ispolni plostadot so spomenici, za da nema mesto za narodot, koj moze da vikne:,,Dolu Vlada,,. Spomenicite toa ne mozat da storat. Vo mecot e silata, a ne vo narodot. A mecot sekogas e vo racete na pobednikot. Ja sum pobednikot i znam deka site sakate da bidete so pobednikot, tuka e TRIUMFALNATA KAPIJA. Eve vi go I Justinijan Prvi, ama pravoto e vo moi race, jas odlucuvam za se..
Од: Вербален Командос
Датум: 07.07.2011 08:32:52
Ќе ти најдат и на тебе нешто па макар и во мокраќата.
Од: Slucaj za psihoanaliza
Датум: 07.07.2011 10:13:08
A dali takva isfrustriranos ne gledame sega i kj nas pa zapocnavme so primitiven populizam, prekrojuvanje na sitorijata, posvojuvame na "mega lcnosti" od pred 2,5 mileniuma i gradenje na spomenici- mnogu ,mnogu spomenici. Eve napravivme najgolem Aco ( pogolem od Solunskiot) dali toa e samo prolzana isfrustrirana bedotija na duhot ili e slucaj za psihoanaliza?
Од: Historia est Magistra Vitae
Датум: 07.07.2011 13:40:25
Историјста ја прават големите луѓе, луѓе кои прават, градат, оставаат дела. Историјата не ја прават луѓе кои само критикуваат, пишуваат или попросто кажано лаат против првите.

Најди! во Утрински
Насловна
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит
И во криза, луѓето не се откажуваат од „мерџо“
Светлата на автомобилите може да згаснат
Најбарана светска топ-моделка
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија
Ќе почекаме на наследството од СФРЈ во Атина
БроЈките кажуваат се
Охриѓани го фалат езерото, а одат на море
Македонците токмат денари за Ќиро
Латиноѕвездата сака да се венча со партнерот во Портотико
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
Фотосесија во домашен притвор
И Холандија во Хаг
Решение за името по преговорите
Ни треба Кадифена револуција
Лажен инспектор ограбил пензионер
Адио Антонио
Филипини заминува од Македонија со позитивни впечатоци
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Бошкоски во притвор уште 30 дена
Застарените долгови не можат да се наплаќаат
Карикатура
Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието
Онлајн вести

"""