Број 3624  четврток, 07 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Филипини заминува од Македонија со позитивни впечатоци

07.07.2011, 14:26

Амбасадорката на Холандија Симеоне Филипини денес оствари проштална средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Амбасадорката Филипини, соопшти Кабинетот на Претседателот, искажа благодарност до македонските институции за соработката и поддршката во вршењето на дипломатските должности, но пред сe за топлиот прием и гостопримството во нашата земја за време на нејзиниот мандат. Таа нагласи дека заминува од Македонија со бројни спомени и позитивни впечатоци.

Претседателот Иванов се заблагодарил за ангажманот и неуморната посветеност на амбасадорката Филипини во изминатите четири години, кои придонеле за унапредување на односите и соработката помеѓу Макед��нија и Холандија.

Изразено е заемно задоволство од развојот и достигнатото ниво на билатералните односи, како и од зголемениот обем на севкупна соработка меѓу Република Македонија и Кралството Холандија, особено на планот на економијата, културата, туризмот. На средбата се разменети мислења за евро-атлантските аспирации на Република Македонија, како и за реформските процеси во сите општествени сфери.

Амбасадорката Филипини се заблагодари за соработката со претседателот Иванов, посакувајќи му нему и на Република Македонија многу идни успеси, а пред сe блиска реализација на напорите за интеграција на земјата во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението.

Претседателот Ѓорге Иванов вчера оствари проштални средби со амбасадорите на Романија Адријан Стефан Константинеску, на Унгарија Ференц Кекеши и на Полска Дариус Бахура.

Пред неколку дена амбасадорот на САД Филип Рикер оствари исто така проштална средба со Иванов. Рикер ја напушта амбасадорската функција поради тоа што ќе работи како помошник заменик државен секретар за надворешни работи на САД.



#
Статијата е прочитана 314 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 07.07.2011 23:30:53
Ne gledala jadi burek koga velicinata janko ja napravi lom zosto parkirala na trotoar pa duri se zakani deka i vo svetski mediumi ke ja stavi,

Најди! во Утрински
Насловна
Митот за спикерите во куси панталони е вистинит
И во криза, луѓето не се откажуваат од „мерџо“
Светлата на автомобилите може да згаснат
Најбарана светска топ-моделка
Штефан Филе на рамковна прослава во Македонија
Ќе почекаме на наследството од СФРЈ во Атина
БроЈките кажуваат се
Охриѓани го фалат езерото, а одат на море
Македонците токмат денари за Ќиро
Латиноѕвездата сака да се венча со партнерот во Портотико
Тарчуловски префрлен во затвор во Германија
Фотосесија во домашен притвор
И Холандија во Хаг
Решение за името по преговорите
Ни треба Кадифена револуција
Лажен инспектор ограбил пензионер
Адио Антонио
Историјата не одбира каде ќе се повтори
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Бошкоски во притвор уште 30 дена
Застарените долгови не можат да се наплаќаат
Карикатура
Макрадули, Јакимовска и Салиу - потпретседатели на Собранието
Онлајн вести

"""