14.08.2012, 18:07 Мое ќоше
„За идеале гину будале“
Ерол Ризаов
Болат ушите од академската тишина над Македонија
Дебатата и творечката полемика никогаш не билe силна страна на македонското општество. Молчењето и трпението е повеќевековна доктрина за преживување донесена до совршенство која и во денешно време функционира одлично. Чуму ни е бура кога најбезбедно се плови по мирно море. Зошто ни е спротивставување на посилниот кога може со едно кимнување на главата да се избегнат несакани последици. Зошто кавга со власта кога тоа секогаш носи страв, неизвесност и загуба, а убавиот збор железни порти отвора, носи мир и спокојство, награди и признанија. Конечно, зошто некој би ризикувал кариера и привилегии за докажување здодевна вистина кога лагата секогаш била поатрактивна и попримамлива. Зошто да се прави расправа за иднината кога може да се изгуби сегашноста. Зборувај го тоа што сака да го слуша шефот, далеку ќе стасаш. Неслучајно ги имаме поговорките - паметниот попушта, трпение спасение, наведната глава сабја не сече...
Македонија и во втората декада на 21 век се задушува во страв како темен вилает од периферијата на Отоманската Империја. Прво им го скршивме ‘рбетот на младите и ги впрегнавме како партиски послушници и бирократчиња да агитираат за подобро утре. Потоа му зададовме тежок нокаут на синдикатот кој се' уште е во кома. Граѓанскиот сектор неуморно расправа за влијанието на ланскиот снег врз климатските промени. Интелектуалните елити прво се продадоа за еден ручек и сега соблазнувачки се чувствуваат во скутот на власта. Па, не знаат дали одат на поклонение поради ручекот, или поради скутот. Деловните луѓе имаат уплав да не им го земат имотот. А коморските зд��уженија се sидови на плачот, ама без шамичиња оти може да види некој како бришеш солзи од среќа што носи ортаклукот со власта, па не само што долговите никогаш нема да ти бидат платени туку пиши крст за друга работа од Владата.
Сите институции на системот се под контрола на власта. Најзначајната општествена поделба на власта на извршна, законодавна и судска, без што нема демократија се споени во една власт која целосно е предадена во рацете на еден човек. Неколкуте силни корективи на злоупотреба на моќта и правото како што се повеќето од медиумите, претседателот на државата и Уставниот суд се под целосна контрола на владејачките партии. Во Македонија без контрола се само Владата и премиерот.
Мислам дека станува појасно зошто над Македонија владее длабока академска тишина за сите значајни стратегиски прашања, за сите конфузни и нејасни ситуации. Зошто некој би се изложувал на опасност јавно да зазема став околу чувствителни теми како што се името на државата, околу лустрацијата, инсталацијата на нова архитектура, изградба на споменици, инфраструктурни приоритети, економските и политичките реформи, состојбите во образованието, здравството, земјоделството, културата, спортот... На овие теми може да се разговара само ако сте истомисленици на власта. Ако мислите поинаку или ако имате критички став кон потезите на власта, брзо ќе ве стаса етикетата на предавник, грчки платеник или кодош, а во најблага форма задолжително ќе ве сместат во опозициските редови колку и да докажувате дека не сте партиски определен и дека сте должен како познавач на одредена област јавно да го кажете своето мислење. Е, такво нешто не врви во Македонија. Не смее да има авторитет за одредени прашања кој непристрасно и сугестивно ќе го соопшти своето мислење. Таквите се најопасни и тие веднаш треба да се компромитираат, исмеваат, лустрираат или да се уништат.
Ете затоа болат ушите од тишината која ја обвиткува Македонија како црната материја околу сонцето. Погледнете колку срамно молчи Правниот факултет за криминалниот Закон за лустрација, погледнете колку се уплашени жителите од авенијата на бесмртните во МАНУ, од авион се гледа уплавот на судиите, лекарите, деловните луѓе, историчарите, архитектите, уметниците, новинарите, градежниците, полицајците... страв во коски имаат обичните граѓани кои живеат во беда и сиромаштија. Какви демократски цели можат да имаат тие ако секој миг мислат како да преживеат, како да се спасат од беда и глад. Не сум сигурен повеќе дали и треба да се бара храброст од македонските деловни, политички и интелектуални елити... Во вакви времиња лудо е и самоубиствено е да се биде храбар. Ете тие што херојски загинаа во Антифашистичката војна им ги бришат имињата од улиците и им ги носат во отпад бронзените бисти. Патриотизмот стана исплатлива професија само ако сте со власта. Ако не сте со власта, а сте за една подобра Македонија, пред да тргнете на јуриш за вистината, запејте си ја „за идеале гину будале“. Јас го правам тоа долги години и морам да ви признам мошне успешно. |
|
Статијата е прочитана 5879 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Bezgrizen, 15.08.2012 01:07:53 | Ако мислите поинаку или ако имате критички став кон потезите на власта, брзо ќе ве стаса етикетата на предавник, грчки платеник или кодош, а во најблага форма задолжително ќе ве сместа�� во опозициските редови колку и да докажувате дека не сте партиски определен и дека сте должен како познавач на одредена област јавно да го кажете своето мислење.
Tokmu taka Erole ama TI ne si predavnik i iako propagiras promena na imeto ne si grcki platenik. Ne si ni partiski opredelen iako postojano ja kritikuvas vlasta a ja branis opozicijata. Ti si cist i nemas gajle od lustriranje. Ako dojde zort zaman ke si pobaras potvrda deka ne si bil toa sto si bil kako drugiot novinar od Vecer sto si napravi i nema nisto da ti fali. |
| Трпе, 15.08.2012 01:11:41 | На крајот ке излезе дека се во право соседите кога велат дека нема и немало самостојна држава Македонија.Секој си го има земено делот кој си го ослободил.А лажните патриоти нека си продолжат со кодошлукот а за друго и не ги бидува.Овој народ кој се нарекува македонче научен е да се крие под јорган или под сукња.А задоволен е ако може да клати врата и да зема плата(академци). |
| zik, 15.08.2012 01:48:48 | e to ti ,,intelegencijata,, ,,makedonska,,
i ushte ednash:ako se vrati alekso golemiot ke ni
zaplache majkata na site ,,makedonci,, |
| Katana, 15.08.2012 05:06:41 | Bravo, sto ke rece IN MEDIAS RES. Sekoj dodaden zbor ili komentar na tekstov bi bil izlisen i bi ja oskvernavel negovata poraka. Sepak makedonceto otsekogas bil makedonce. Iskreno se nadevam deka na ova podnebje seuste vireat vistinski MAKEDONCI so um i soodvetni reproduktivni organi. |
| Stojance, 15.08.2012 06:00:11 | Dobro opisano,site delovi na sistemot
se vo sloboden pad.Skoro site koi imaat
dostap do narodnite pari nemilosrdno gi
*zasolnuvaat*,da nedojde nekoj da gi
ukrade.I taka site zaedno prodolzuvame
srekno da si ziveeme i da uzivame vo
bravurozite na narodnite *zasolnuvaci*! |
| kaktus, 15.08.2012 07:11:38 | И ти Ероле си еден од оние што гинат за идеали и тоа со секоја твоја колумна. Има и други како тебе сеуште, иако се малку. Интелектот сепак нема да пропадни. |
| цане Соколовски, 15.08.2012 07:26:00 | Вие сте надеж во црнилата на ноќта, единствен светилник на крајот на бескрајниот тунел! |
| citatel, 15.08.2012 08:01:38 | Da G-din Erol,jas priznavam deka me plasat zosto ke me unistat pred da trepnam.Ubavo e da si heroj ama heroi vo princip se mladi luge koi go nemaat bremeto na semejstvo (deca) koi treba da gi izvedat na pat.Od dosegasnite primeri jas samo vidov deka gi unistija zivotite na sekoj koj mislea deka e opasen za niv.Sam covek nisto ne moze da izmeni.Zatoa e vinovna opozicijata koja treba da go prevzeme toj rizik ako saka da ja zeme vlasta. |
| pameten, 15.08.2012 08:11:12 | Makedonija e vo dlaboka ekonomska i geostrateshka kriza. No ushte postrashna e krizata na identitetot. Nema vrakjane kon ekonomskata i strateshkata bezbednost od vreme na SFRJ. Mora da se najdat novi ekonomski strateshki partneri. Nema i shansi da se zachuvat identitetskite pozicii od vreme na SFRJ - prikaznata za heroite komunisti i krvnicite Bugarofili. Idealisti kako i krvnici togash imalo na dvete strani. Denes e potrebno pomiruvanje megju nivnite deca, edinstvo na Makedonskiot narod, pomiruvanje so decata na iselnicite vo Bugarija, koi shto se denes del od Bugarskiot narod i izgradbata na strateshki sojuz so Sofija. Togarsh Atina brgu kje popushti i kje bara solucija na sporot za imeto, a so Albancite kje se najde modus vivendi. |
| Blagoja, 15.08.2012 08:20:15 | bravo Erole, toa e realnosta za denesna Makedonija. ni Manu ni sanu, ni praven fak. ni intelektuaci t.n. gi nema nikade tek tuk po nekoj mlad anonimen profesor ke se javi, sto e dobro, a za partiive opoziciski da ne zboruvam. |
| dva-tri zbora, 15.08.2012 08:39:09 | или се плашат или мислат дека некои работи конечно се прават така како што требало да се направат пред 20 години, кога се стварала оваа држава |
| Опседнатоста на Риза загрижува, 15.08.2012 08:43:10 | Колку многу не си во право. Ме загрижува човеков колку е опседнат и секој напис фактички му е против македонскиот народ. Веднаш се гледа по првиот коментар. Риза во секој напис ќе те потсетувам. Името Македонија ми е поважно од интеграции а ти гледаш личен твој интерес. Македонија и македонскиот народ имаат славна историја. Се е погазено по злобната 1913 кога малите балкански творби со помош на тогаш големите сили се зголемија за сметка на Македонија. Тоа е проблемот и за име со Грција јазик со Бугарија црква со Србија а не антика за која се отепа ти од шкрапање по грчки ноти. Ти би сакал уште утре име да смениме со наша загуба по идентитетот. Ти ја немаш сватено суштината на 1913. Сите денешни проблеми со соседите се од тогаш а не заради антиката. Против власта си а таа е од народот Македонци избрана. Ти си против Македонците од Македонија. Па оди си да немаш толку проблеми. |
| Demokratura, 15.08.2012 09:05:39 | Makedonija bila i ce ostane temen vilaet za demokratijata. Najtazna mi e slikata ,koga gledam vidni akademnski gradjani, univerzitetski profesori, crkovni velikodostojnici i akademci od ona gluvonema MANU ,kako isplaseni se poturnuvaat za da dojdat poblisku do vodacot. Uste malku ce pocnat da mu baknuvaat i raka, kako onaj makedonski svestenik na Putin. |
| MITRE OD PRILEP, 15.08.2012 09:06:16 | браво ЕРОЛЕ,истата песна е и во опозиционите политички партии.кој што му аплаудира на партискиот врв тој оди напред,другите стој.не можеш да кажеш што мислиш,немаш право да мислиш,ќе ти речат преќутно,има други за мислење,ти ќе слушаш и ќе молчиш,а на крајот ќе гласаш за |
| bitola troa skolovan, 15.08.2012 09:33:21 | Kakvi akademci se e kupeno za pari a tie se ubavi na ova vreme.Ke pomine ovaa faza a potoa pak ke si bideme akademci ama so mnogu pari. |
| našinec, 15.08.2012 09:51:18 | Navodite na gospodinot Rizaov za mene se zastrašuvački.Proizleguva deka slobodata na Makedoncite i denes e ista kako za vreme na Otomanskata imperija.Ako e taka,će beše podobro da si ostanevme vo taa imperija,barem Makedonija će beše cela.Izgleda Jane Sandanski beše vo pravo koga od Turcija baraše samo avtonomija za Makedonija.I nemaše da se raspravame so sosedite i domašnite predavnici.Stravot si strav,pa od kogo bilo da doadja. |
| Do trpe, 15.08.2012 10:02:59 | A be Trpe...zemjata kako te trpi?Psihologijata te izdava.Tvoeto ime kazhuva deka TI se butash pod suknji i jorgani, TI bi svitkal kichma prv..i bi stanal crv ..i toa bezimen.......zar ne ti e jasno shto kje stane so nas ako potpisheme deka sme nov narod......p.s. napishanovo vazhi samo ako si Makedonec........razmisli... |
| milan, 15.08.2012 10:06:28 | G-dine Rizaov nie intelegencija nemame.Imame diktatura zaviena vo oblanda na demokratijata.E taa oblanda ne dozvoluva da ve strpat vo strojot pozadi Milcin i Cevrevski.Ami care? careto poleka se gleda a narodot barem delumno rece AMAN,toa se gleda i kaj zeleznicarite-prugi sto popravat.Careto ke bide na povidok ako i mislime dobro na ovaa drzava i da mislime za kogo ke glasame. Da sprecime selanecot da go lazat so subvencii,rab.klasa da ja lazat so stranski investicii, narodot komplet go lazat so proekti a podigat spomenici.Treba da se najde covek koj ke rece dosta bese. |
| Nikola, 15.08.2012 10:21:56 | Narodot e uplasen, se dodvoruva, licemeren e, no pogolem e grevot na vlasta koja ja zloupotrebuva makata na intelektualcite, biznismenite, rabotnicite vo koja vlasta samata gi stavi! |
| Од авторот, 15.08.2012 10:52:49 | До Кактус и до два три збора.
Во Право сте Кактус. Тоа јавно го признавам на крајот од текстот.
До два три збора - ги сакам лаконските реакции.
Тие што мислат дека некои работи конечно се прават, зошто не кажат ке ни помогнат. Сигурно не се плашат да ја фалат власта. Кога молчат тие што знаат нешто друго е во прашање. |
| ideal, 15.08.2012 11:02:11 | Ne e jasno koja budala za koj ideal gine??? |
| Rezzilov, 15.08.2012 11:05:06 | Сега спрегата на Твоите љубимци и демократи б.ц.,љ.г. и т. на големо работаат на воведување апсолутна демократија.Само да победат на избори и ете ти мед и млеко во Македонија!А оние кои не мислат како Вас,нормално е да се исмеваат,компромитираат,...(како Паско КУзман,Тодор Петров по судирот со љ.г., итн,итн.) |
| Alek, 15.08.2012 11:25:42 | Ako vchera beshe otvoreno pismo do Gruevski, denes e do MANU i tn *intelegencija*. Medjutoa, kolku toa ke go svatat ne znam, a i ako go svatatile, ke se pravat kako da ne se go razbrale. Tipichno makedonski! Uostalo, eve im prilika za reakcija. PS: Mi se (s)machi od nacionalistichki komentari. Krajno vreme e drzavata da reagira. |
| P.Petar, 15.08.2012 12:12:12 | Erole! Ostanuva uste finalniot zbor da go kazes a toa e KOJ SE KRIJE ZAD NEPRIKOSNOVENOSTA NA OVAA VLADA?? Dali treba da pisivas za MASONI,STRANSKA SILA i nejzini interesi,VELEPREDAVSTVO,PERENJE PARI, NARCISOIZAM....? Tuka negde lezi zajakot!! |
| da priznaeme-NEMAME intelektualci, 15.08.2012 12:18:56 | Zboruvate za molchenje na intelektualcite. Toa pretpostavuva deka IMAME intelektualci, shto ne e tochno. Za zhal vo Makedonija nema intelektualci, nema dovolno kritichna obrazovana i so integritet masa, tie nekolkumina shto gi imame, pa tie se glasni, zboruvaat i pishuvaat, ama bidejki se malku izgleda kako i da gi nema. Znachi, prashanjeto e: ZOSHTO vo Makedonija NEMA intelektualci??? Odgovoror e poradi slaboto obrazovanie |
| pretpriemach, 15.08.2012 12:42:56 | Site se isplasile od Vlasta, kako da ne??? Site si go sledaat samo svojot interes!!! Nikoj ne te tera so sila da i se poklonuvas na ovaa ili nabilo koja vlast!!!! Tie sto vo genetskiot kod si imaat chip da se poklonuvaat ke bidat slugi na sekoja vlast, toa ne e strav, toa e zelba da se ostvarat svoite ambicii (za pari, za status..) po sekoja cena.... I ve zatoa ve molam dosta so tie tezi za stravot... Sekoj covek so integritet nema od sto da se plasi...
Da se izrazam malku poetski: nie plovime po moreto na zivotot, a okolu nas ajkuli, pirani..., no i morski zvezdi, skolki so biseri, delfini.... nie plovim, zasto go sakame zivotot i spremni sme da se borime za nego.... nie plovime.. |
| Минувач, 15.08.2012 14:27:40 | Ерол барем знае што сака, но за жал каде се интелектуслците, студентите, академиците, професори од безбројните универзитети, зошто тие молчат на се што се случува.
Во право е Б.Ѓорѓевиќ дека за „иделе гину само будале„ тоа се потврдува во секоја област од животот,дали поилитика, дали наука, здравство „независно судство„ обрзование/пиши бриши/и на крај се наметнува прашањето дали во РМ има уште некој што би погинал за идеали или треба од надвор да ни дојдат.
Бројот на коментари кажува дека сеуште има борци за идеали но прикриени и уплашени што не е без причина. |
| Mirko, 15.08.2012 16:05:05 | Sto bese Makedonija dp 1913 godina? Pod cija vlast, a i pred taa i dali ostoela, kako drzava do nenesen smisol? |
| do pameten, 15.08.2012 16:44:04 | Makedonskiot identitet e od odamnesni vreminja,postoel mnogu odamna,a vo vremeto na SFRJ e prodolzuvanje na postoenjeto na makedonskiot identitet,isto kako sto e prodolzuvanje na postoenjeto i na sloveneckiot identitet vo SFRJ,srpskiot identitetvo SFRJ,itn.Treba istocniot sosed da najde modus vivendi so turskoto malcinstvo sto zivee tamu. |
| BitolaHamiltonCanada, 15.08.2012 17:49:15 | Sekoja ti chest za toa shto,kako shto velish,go pravis dolgi godini I toa mnogu uspesno.Ne si sam,ama ne ne ima mnogu kako tebe..Naprotiv,ne ima mnogu od tie shto peat *samo budale ginu za ideale*.Prodolzi hrabro,hrabrosta se isplatuva,eden den ke si gi otvorime ocite i ke ti se pridruzime. |
| melbourne, 15.08.2012 23:08:57 | do SITE,kade se odi?,vi odgovara pameten,nas ni trebastrateski partner(BUGARiJA),natamu tera rakovodstvoto na Makedonija,a kako sto gledam toa ke se sluci.NA ZDRAVJE. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C
|
Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|