14.08.2012, 17:55 „Заедно можеме повеќе“ - ново мото на ВМРО-ДПМНЕ
На првиот работен ден по одморите, Груевски го претстави Трајановски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Бојан Шашевски
Освежен од одморот во Фетије во Турција, претседателот на Владата го искористи првиот работен ден за да се качи на импровизирана бина кај Соборниот храм и да го претстави новиот слоган „Заедно можеме повеќе“. Со него владејачката партија ќе јуриша кон претстојните локални избори. Ќе се натпреварува и старо-новиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ за Скопје, моменталниот градоначалник Коце Трајановски.
Иако не се појави на единаесетгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, премиерот Груевски вчера се потруди да дојде на отворањето на скопската сообраќајна артерија „Св. Климент Охридски“. Притоа, премиерот одвои куп пофални зборови за Трајановски и за време на говорот, кој претставуваше идеална содржина за мини-митинг, посочи дека работи со мудрост и трпение, со волја и труд за функционален и модерен град. Трајановски, пак, во негов стил, врати со отчет за сработеното. Со ова, практично, премиерот на Трајановски повторно му ја обезбеди и официјализира градоначалничката патека за изборната трка во март.
„Скопје веќе не е истиот град како што беше пред три или четири години. Се гради насекаде, Скопје е едно големо градилиште. Таквото темпо е забележително во секој дел од градот. Се работи со полна пареа и паралелно на сите проекти, токму онака како што беше во изминатиов период. Чекор по чекор се решаваат голем дел од проблемите на граѓаните, наталожени со години. Скопје, конечно, го има вистинскиот градски татко со точни и прецизни планови и за наредните неколку години“, рече Груевски на пуштањето на булеварот „Св. Климент Охридски“.
Судејќи според зборовите на премиерот, новиот кампањски слоган „Заедно можеме повеќе“ ќе го претставува здруженото работење на сите во Владата, градоначалниците, претпријатијата, советите на општините, граѓаните...
„Овој слоган претставува прогрес во проектите. Заедничко развивање на проектите и решавање на проблемите на граѓаните. Слоганот ќе го продолжиме и по изборите. Слоганот е филозофија на живеење, начин на кој треба да размислува секој човек“, рече Груевски, додавајќи освен ветувања, Трајановски донел и многу дела.
„Тоа не му тргнало на никој друг градоначалник. Има проекти во сите општини, дури и онаму каде што се чека на решенија и потписи од различни градоначалници“, рече Груевски. |
|
Статијата е прочитана 1597 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 15.08.2012 00:03:54 | Noviot bran se odnese! |
| Трпе, 15.08.2012 01:16:19 | Останатите грагани на РМ треба да го стават прстот на чело ако имат огнено оружје уште подобро и да признат дека Груевски е премиер на Република Скопје. |
| stevo, 15.08.2012 08:28:40 | Sto mozat zaedno poveke? Da karadat uste poveke? DA gradat? grujo da nareduva, Koce da isponuva, sekoja glupost da se velica kako neviden dostrel, sekoj son na Grujo, Koce da go pretvora vo jave ... I seto toa od krediti i cicanje na budzetot za razni zlatni igracki so detenceto vo forma na premier gi posakuva. Odete site zaedno na drugo mesto pa pravete poveke.., ne tuka! |
| зачуден, 15.08.2012 08:54:46 | за кратко време ќе биде „ МОЖЕВМЕ “ |
| Крт, 15.08.2012 09:42:24 | Мислам дека вашето мото подобро би звучело - Еден сум на(д) сите-сите за никаде (во додадавка заедно со ДПМЕ). Заедно можеби можеме повеќе ама некако ,,трпањето,, по џеповите ви иде индивидуално. А мислам дека ни е и доста од тоа ,,повеќе,,. ;;Повеќе,, цени на парното, струјата, огревот, горивата...животот.Ако ВОЛКУ,ВОЛКУ можете самаи да ,,направите,, колку би ,,заедно,, би нанправиле. Не, БЛАГОДАРАМ! |
| Smachen, 15.08.2012 11:46:33 | Nemoj brate, dosta e! |
| kire, 15.08.2012 15:50:47 | na slednite izbori imaat pravo da glasat samo skopjani.. gragjanite od vnatreshnosta da bojkotiraat! |
| ДО ЗАЧУДЕН, 15.08.2012 17:16:29 | Уф,ме плаши тоа кратко време,некако предолго трае и се потешко се поднесува,или само мене така ми се чини? |
| Стојко, 15.08.2012 18:43:03 | Заедно можеме повеќе да крадеме! |
| robert, 15.08.2012 22:20:04 | dosta politicki komentari ve molam i objasnuvane.vreme e ednostavno da i kazeme na vakvi kriminalci i nivnoto samovolie zbogum.prosto i ednostavno dosta ni e od vas duri bese i epten premnogu.sakame napred vo evropa vo podobar zivot.poz |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C
|
Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
|
|
|
|
|
|