Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
14.08.2012, 17:51

Дилемите за Ламбринидис без основа во ЕУ

Правата на националните малцинства се табу-тема за Брисел, па Ламбринидис со нив нема ни да се занимава

Слободанка Јовановска

Може ли Ставрос Ламбринидис да биде специјален претставник на ЕУ за човекови права? Ќе го судри ли оваа функција поранешниот шеф на грчката дипломатија со сопствената држава, која не ги почитува малцинствата? Расправата за овие прашања, колку и да звучи кредибилно во Македонија, е сосема јалова кога станува збор за новата функција што тој ќе ја преземе од октомври. Причина е начинот на кој ЕУ ги третира човековите права и како ги сфаќаме ние во Македонија - како два различни света.

Очекувањата дека Ламбринидис треба да оти во Атина и да ја праша сопствената влада зошто не им дава права на Македонците нема да се случат, не зашто тој нема да го сака тоа или Грција ќе го игнорира, туку зашто ЕУ воопшто нема ингеренции да се меша во оваа сфера на начин каков што сакаме ние во Македонија.

Во политичката терминологија на ЕУ човекови права се многу повеќе од малцински, па еден политички добро подготвен Македонец би се нашол во забуна ако следи таква расправа во Брисел, бидејќи ќе открие дека најголем дел од времето тема се правата на хомосексуалците, азилантите, имигрантите, хендикепираните, податоците на интернет, расистичките инциденти, половата нееднаквоста и едвај по некој збор за етничката дискриминација, пред се', на Ромите. И тоа, на индивидуална, а не колективна основа, главно, за граѓанска, а не политичка дискриминација и многу повеќе за еднаков третман при вработување, домување и пристап до државните услуги отколку онака како што ние очекуваме.

Потврда за тоа е последниот извештај на Агенцијата за фундаментални права која е формирана токму за оваа цел - да ги прошири компетенциите на Унијата во оваа сфера, бидејќи нив многу љубоморно си ги чуваат земјите-членки. Но, и самата таа се оградува дека околу признавањето на групните права на малцинствата и на нивните јазици се' уште нема што да бара.

„Признавањето на статусот на националните малцинства потпаѓа единствено под ингеренциите на земјите-членки. Во секој случај, земјата-членка е таа што признава национално малцинство. ЕУ регулативата нема што да каже во врска со тоа“, стои во документот, со додавка дека е дискреционо право на земјите-членки да им дадат права или преку некаков уставен инженеринг да им обезбедат некаква автономија на малцинствата.

„ЕУ ниту ги попречува ниту ги притиска земјите-членки да преземат такви одлуки“, стои во извештајот. Па така, во делот за дискриминација по етничка основа се заклучува дека најдискирминирани групи во Европа се Ромите во Чешка, потоа Африканците на Малта, Ромите во Унгарија, Ромите во Полска, Ромите во Грција, супсахарските Африканци во Ирска, Северноафриканците во Италија, Сомалијците во Финска и Данска и Бразилците во Португалија.

Слично е и во однос на употребата, т.е. признавањето на јазиците на малцинствата на територија на една држава. Иако во Повелбата на ЕУ јасно стои дека земјите-членки се обврзани да ја почитуваат јазичната различност, во исто време се потенцира дека „ЕУ нема компетенции да арбитрира или носи регулатива околу употребата на јазиците на национално ниво, ниту, пак, има експлицитна законодавна компетенција да отвори прашање за дискриминација базирана на употреба на јазиците“. Па така, најдискриминирани на етничка основа во Грција станаа Ромите, а нема ни „М“ од Македонците. ЕУ дури препорачува регулативите што се носат во Брисел да се преведуваат на малцинските јазици, но им остава слобода на земјите-членки да го прават тоа само ако нивниот статус е признат со националните устави.

„Самите ��емји-членки треба да ги одредат нивните законски пристапи во однос на регионалните и малцинските јазици“, стои во документот, а како пример се посочува Франција, која со нов член во уставот утврди дека регионалните јазици се дел од наследството на Француската Република. Со ваква немоќ, надежите на ЕУ се насочени кон Советот на Европа и неговите конвенции за човекови и малцински права што ги ратификуваа мнозинството земји-членки на ЕУ, но меѓу ретките што не го сторија тоа е и Грција.


Статијата е прочитана 641 пати.

Испрати коментар



Ахмети сам ги дуваше свеќите
Рано е за салутирање на УЧК
„За идеале гину будале“
Донев, Јанкуловски и Лазаревски предавачи на „Евро-Балкан“
„Заедно можеме повеќе“ - ново мото на ВМРО-ДПМНЕ
Филе гледа позитивен тренд во Македонија
СДСМ бара од Владата мерки за ублажување на ценовниот шок
Треба да се чуе гласот на граѓаните



Itar Pejo, 15.08.2012 00:09:58
Koga nasive komunjari ce razberat deka, za razlika od komunistickite zemji kade sto akcentot bese staven vrz grupnite (komunjarskite) prava, vo zapadnite demokratii se pocituvaat individualnite prava.
demokratija, 15.08.2012 11:27:05
Interesno kako zapadnite demokratii se zainteresirani za grupnite prava na malcinstvata samo vo Makedonija. Vrz osniva na toa e i Ramkovniot dogovor koj go slavime denovive.
Ламбрининиот син, Геринг и останатите, 15.08.2012 12:23:20
Тоа што беше Геринг и останата фашистичка багра за Евреите овој син Ламбринин и останатата грчка фашистичка багра е за Македонците. ЕУ колку само си мизерија поради твоите членки Грција и Бугарија со кои консензус си имаш. А ако има и други како Грција и Бугарија тогаш ЕУ ти си за никаде.
do Itar Pejo, 15.08.2012 17:15:30
Pa stom zapadnite demokratii kako sto ti gi narekuvas se interesiraat za individualnite prava,a ne za kolektivnite,zosto vrz nas vrsea i vrsat pritisok i glavite ni gi poduja za kolektivni prava za malcinstvata kaj nas?Tie koristat dvojni standardi i go izgubija kerdibilitetot od nas.No ti Pejo nemas kapacitet za ova da razmislis i da go razberes.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |