|
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Именувањето на амбасадорот во ЕУ за шеф на дипломатијата ќе биде едно од изненадувањата
Светлана Унковска
Амбасадорот на Македонија во Европската унија, Никола Попоски, е новото и сосема неочекувано име за кое се вели дека ќе биде идниот министер за надворешни работи. Истовремено се додава дека иако претставува големо изненадување, тој е еден од најсериозните кандидати за наследник на Антонио Милошоски.
Извори од Министерството за внатрешни работи за „Утрински весник“ велат дека Попоски деновиве бил во земјава и дека, наводно, честопати навраќал во министерството, па дури и дека почнал да се вселува во кабинетот. Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не сакаше ниту да потврди ниту да демантира, туку само кратко одговори дека „нема информации“.
Дали именувањето на амбасадорот во ЕУ за шеф на македонската дипломатија ќе биде едно од изненадувањата што ги најавува ВМРО-ДПМНЕ ќе биде познато наскоро, а најдоцна до понеделник за кога се очекува дека мандатарот Никола Груевски до Собранието да го достави составот на новата Влада. Најверојатно, и заминувањето на Милошоски беше едно од пакетот изненадувања на идната Влада, но политички кругови коментираат дека доколку амбасадорот Попоски биде поставен на чело на министерството тоа ќе биде само непријатно изненадување.
Иако нема сериозно политичко, но и дипломатско искуство, сепак, 32-годишниот Попоски лани директно седна на најжешката амбасадорска фотелја, што уште тогаш се оценуваше како лансирање анонимус во дипломатската орбита.
За првата позиција во министерството во изминатите десетина дена како можни решенија се вртеа неколку имиња. Беа спомнувани преговарачот за името и амбасадор во САД, Зоран Јолевски, вицепремиерот за евроинтеграции, Васко Наумовски, советникот на премиерот Груевски, Андреј Лепавцов, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и претседавачот со 62. Генерално собрание на Обединетите нации, д-р Срѓан Керим.
Сите дилеми околу оваа и другите министерски кадри ќе бидат познати деновиве, за што потврдуваат и од Демократската унија за интеграции (ДУИ) на Али Ахмети. Од оваа партија вчера ни потврдија дека имаат закажано средба на партискиот врв на која требаше да ја затворат листата со нивните кадровски решенија за петте министерски и двете вицепремиерски позиции.
Како можни решенија остануваат Муса Џафери или Абдулаким Адеми за местото вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор и Теута Арифи за евроинтеграции. Како министер за одбрана се споменува Талат Џафери, во Министерството за правда се очекува да седне Блерим Беџети, во ресорот економија останува Фатмир Бесими, а како ново име се споменува Реџаил Исмаили во Министерството за животна средина. Истите извори посочуваат дека се' уште се водат преговори за директорските позиции, како и за отворените политички прашања околу затворањето на хашките случаи, борците на поранешната ОНА, употребата на албанскиот јазик и на симболите. (Св.У.) |
#
|
Статијата е прочитана 6143 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan Trade Name |
Датум: 08.07.2011 05:03:20 |
|
Pa ova e prava papazianija! Ne se znae, koj od kogo, ne e poneadekvaten za tie ministerski mesta,a posle VMRO veli; Opozicijata Pravi Obstrukcii! Eve pak VMRO ce pravi od Detule Ministarza Reprezentacija na RM.A, sto uste nema,ni vlakno belo[seda kosa],ni brcka na liceto,a ce si Bil ,,Kreator" na ;Nadvoresnata Politika na RM i Predstavnik na RM i naseto Skopsko Geto! Isto kako i Vcera ,site VMROvci se nafrlija Licno protiv Diplomatot Gjorgji Misajlovski,ama nitu eden od VMRO ne ja negirase Negovata analiza ;Tocka po Tocka ! Isto taka kako i Vcera,Jas Ljubotan Trade Name vo rubrikata Makedonija im Kazuvam za Istorijata i Srpskoto Ktitorstvoto na Manastirot Bigorski,A,Tie mi zboruvaat za majstorite,deka bile Miaci i Brsjaci.-Debarci.Pa i Jas pamtam -Debarci i Prizrenci,kaj Nas pravea Kuci i Domovi za plata,ama ne bea, Nivni Tuku Nasi!Ve Molam bez Cenzura,Vo Vecer Ima zvanicen Golem S T O P! . |
|
|
|
|
|
|
Од: Ceca G. |
Датум: 08.07.2011 07:04:21 |
|
Nikola Poposki e dobar izbor ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Utka |
Датум: 08.07.2011 07:37:36 |
|
|
|
|
|
|
|
Од: grujo grujo le |
Датум: 08.07.2011 09:30:40 |
|
najdobar izbor bi bil Zoran Jolevski etabliran diplomat iskusen prav genijalec zalosno e sto takov covek ne e na vistinskoto mesto do koga so partiski vojnici ce gura ova drzava |
|
|
|
|
|
|
Од: petre |
Датум: 08.07.2011 09:34:16 |
|
Od kaDE GO IZVADIJA ,SE POLOSI I PONEADEKVATNI , NE E DOBRO |
|
|
|
|
|
|
Од: Jani |
Датум: 08.07.2011 09:36:58 |
|
Nikola da, samo so prezime DIMITROV |
|
|
|
|
|
|
Од: AKVA |
Датум: 08.07.2011 09:40:54 |
|
Milosevski za svoeto rabotenje ne napravi nitu eden gaf i dosta mudar poteg e ovaa negova licna ostavka od navodni semejni pricini. Dali ostavkata e od licni - semejni pricini ili od pricini koi do prva ke gi doznaeme vremevo ke pokaze. Dali saka da bide pretsedatel na VMRO ili pak treba da se menuva imeto ke vidime naskoro... |
|
|
|
|
|
|
Од: Milica |
Датум: 08.07.2011 09:47:59 |
|
Veke ne treba da se eksperimentira so nedokvakani kadri. Na ministerskite pozicii navistina ni se neophodni luge so iskustvo, avtoritetni i stabilni, koi ke mozat da vlijaat pozitivno so svoite stavovi i rabota i doma, a sekako i nadvor vo pregovorite so nivnite kolegi i posiroko. Vo ovoj opis go prepoznavam edinstveno Andrej Lepavcov! Smetam deka e nedovolno iskoristen. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 08.07.2011 11:30:02 |
|
Штета,зарем неможеше да се најде некој помлад и понеискусен.Еве можеше да го стават Протагеров. |
|
|
|
|
|
|
Од: Dejan od tugjina |
Датум: 08.07.2011 11:59:29 |
|
Do Milica: A be ne znam shto naogjash vo Lepavcov? Dali negovata markantna figura i 120 kg. zziva mera? Toj e eden obicen pozer, naduvenko i leshinar kojshto samo se grebe za kariera i pozicii. Samo poradi negovoto veshto prikrieno bugaromanstvo - nasledeno od tatkomu Aleksandar koj pocina kako "blgarski podanik", se namesti vo vladata i toa po preporaka na negoviot mentor Antonijo Miloshoski, isto taka nepresmetliv bugaroman. Lugje, nemate kriteriumi za vistinski vrednosti, za zzal. |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 08.07.2011 14:01:25 |
|
Diplomatite vo EU ke vidime kolko se diplomatski
izdrzlivi da ne gledat vo crnata tocka na ubavina, a da ne komentirat da e na pogresno mesto.
Trebase da bide, pod desnoto oko.
Inaku, liceto me potsetuva na mladiot Jeri Luis.
Kolku ke uspee vo diplomatijata, zavisi od humorot na negoviot duh. Oti diplomatija denes, e za smeh.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Istocna Makedonija |
Датум: 08.07.2011 14:03:18 |
|
Ke docekame li ednas,trezvena i aplikativna odluka za
senzitivna resorska pozicija-MNR!?Respekt za mladi,
ambiciozni,no i preamciozni diplomati od kariera!.Od
iminjava citirani vo statijata,pa i ,,slep,,moze da vidi deka,Srgan Kerim e najadekvatnata solucija.So site
imanentni kvaliteti,normalno i slabosti kako sekoj ziv
covek,no so originalno diplomtsko pedigre i sens! |
|
|
|
|
|
|
Од: Анита |
Датум: 08.07.2011 14:22:44 |
|
Погрешна е сликата или презимето? |
|
|
|
|
|
|
Од: konsterniran |
Датум: 08.07.2011 15:22:16 |
|
Makedonija i se' e mozhno! chitam zagrizheni komentari, hahahaha...pa zarem ne sfakjate deka ova e Makedonija, a vie zboruvate za toa kako se postapuva vo seriozni drzhavi. Tuka si IGRAME DRZHAVA |
|
|
|
|
|
|
Од: Jane |
Датум: 08.07.2011 17:14:12 |
|
Neka go stavat Pero Svalerot, da napravi i tamu kasa popara |
|
|
|
|
|