Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката

Продуцентите на фестивалот во Карлови Вари го презентираа новиот филм „Балканот не е мртов“ на Ацо Поповски

Од нашиот известувач
Сунчица Уневска



КАРЛОВИ ВАРИ - „Панкот не е мртов“ успеа да ја освои публиката во Карлови Вари и да влезе во компетиција за најдобар филм според нивните гласови. Ако првата проекција, која се одржа во рамките на програмата „Источно од Запад“, во која годинава е селектиран македонскиот филм, не беше целосно полна, тогаш веќе втората покажа дека за филмот на Владимир Блажевски набрзо се прочу и младите навалија на репризата. По нејзиното завршување тие останаа во голем број за да можат да поразговараат со авторот и со делот од екипата кој беше тука. На младата публика на овој исклучителен чешки фестивал не и требаше многу за во овој филм да ја најде енергијата и бунтовноста со која лесно се идентификува. Така, „Панкот...” според гласовите на публиката влезе меѓу првите пет филма на фестивалот, кои се борат за првото место на натпреварот што го организира медиумскиот спонзор, чешкиот дневен весник „Право”.

Сега за сега македонскиот филм се наоѓа на четврто место. На прво место е канадскиот „Запаливо”, кој годинава беше номиниран за „Оскар” за странски филм, на второ е повторно канадски филм, „Колаборатор” со Дејвид Морс, а на трето е германскиот „Пукнатина во школката”. Зад „Панкот...” е филмот кој доби три награди на фестивалот во Санденс, британскиот „Тираносаурус”. „Право” објави дека тоа се последните резултати за петте топ филма според гласовите на публиката. До крајниот резултат има уште само два дена, бидејќи фестивалот се затвора на 9 јули.

Музиката на Џајковски наградена со аплауз



Во Карлови Вари во рамките на програмата „Проекти во прогрес” беше претставен и филмот „Балканот не е мртов” во режија на Ацо Поповски, чие снимање тукушто заврши. Продуцентите Роберт Насков и Роберт Јазаџиски на оваа интересна коинциденција со насловите велат дека, иако непланирано, ама како да сакаме да порачаме дека македонската кинематографија, сепак, ќе преживее.

Како што ни кажаа Насков и Јазаџиски претставувањето на филмовите во оваа програма траело по осум минути, а биле селектирани дури 24 филма. Интересирањето било големо од страна на дистрибутерите, продажните агенти и организаторите на фестивали, кои се и целната група за која се организираат овие презентации.

„Со оглед на специјалниот концепт на овој филм и на неговата универзална порака ние веруваме во неговата широка дистрибуција”, рекоа на презентацијата продуцентите. А и покрај темата на филмот, неговото мото не е слобода или смрт, туку љубов или омраза. Петминутниот трејлер е проследен со музика на Кирил Џајковски, која оставила силен впечаток и била наградена со аплауз. Инаку, програмата траеше три дена за да има можност да се остварат средби со заинтересираните за филмовите. Насков и Јазаџиски ни рекоа дека за нашиот филм интерес покажал францускиот дистрибутер „Епицентар филм”, кој рекол дека едвај чека да ја види првата верзија. Станува збор за сериозен дистрибутер, кој ги има дистрибуирано делата на Кустурица, на Каурисмаки, како и „Словенка” на Дамјан Козоле.

Најчести темите за нарушени семејства



Во Карлови Вари и годинава има многу интересни филмови, а како по правило тие доаѓаат повеќе од алтернативните програми отколку од главните. „Хоризонти”, „Поинаков поглед”, „Форум на независни”, „Полноќни проекции”, како и многу интересниот избор од десет филма од критичарите на „Вараети”. Токму меѓу нив би го издвоиле исландскиот филм „Кралев пат” на Валдис Оскарсдотир, една неверојатно луцидна комедија, која режисерката ја води многу добро без во ниту еден момент да стане здодевна или неинтересна. Користејќи го препознатливиот откачен исландски хумор таа прави една навидум сосем апсурдна приказна, но која индиректно на одличен начин зборува за семејството. Всушност, многу филмови на фестивалот се занимаваат токму со темата на нарушени семејства и на некои нови осамени генерации кои не можат да се најдат во целото тоа современо и безизлезно лудило.

Таков е и бугарскиот филм „Сникерси”, кој е вклучен во „Источно од Запад”, а кој успева да направи една своевидна ода на некоја нова загубена генерација. Или грузискиот „Бело како сол”, кој исто така го потпишува жена режисер, Кети Мачаваријани. Тоа е страшно депресивен и тажен филм, за луѓето кои живеат на прекрасно место покрај Црното море, но се околу нив е толку безнадежно и празно како резултат на се уште незалечените рани од неодамнешниот конфликт. Со темата на семејството се занимава и австрискиот филм „Дишење” на Карл Маркович од програмата „Поинаков поглед”. Младиот Роман цел живот го поминал по домови и затвори, бидејќи неговата мајка не сакала да се грижи за него, но тој по секоја цена сака да ја најде... Филмот е одлично направен, многу жестоко и реалистично, а премиерата ја имаше на познатата програма „Кензен” во Кан.

Во Карлови Вари, онака како што и самиот фестивал воопшто не е шематизиран и не е се подредено (како на големите фестивали) на главната програма, навистина е уживање во паралелните програми да се откриваат вистинските бисери. Токму затоа и го претставивме она што допира силно до душата, оние филмови кои болат, кои по гледањето едноставно не можете да ги заборавите. Инаку, годинава фестивалот е преполн со настани. Веќе пристигна и Џон Малкович, кој вчера напладне требаше да го претстави своето модно шоу. Вчера беше закажана и мастеркласата со полскиот режисер и сценарист Лех Маевски, кој е најавен како водечки филмски автор на нашето време. Тој умее на неверојатен начин сликата да ја пренесе на филмското платно, а одличен пример за тоа е токму неговиот нов филм „Ветрницата и крстот”, кој се прикажува во програмата „Поинаков поглед”. Се очекува и доаѓањето на Џон Туртуро, кој заедно со сопругата Кетрин Боровиц, ќе го претстават новиот филм „Некаде вечер” направен по делото на убиениот холандски режисер Тео ван Гог. Фестивалот завршува во сабота со доделување на наградите и со филмот на Вуди Ален „Полноќ во Париз”.


#
Статијата е прочитана 806 пати.

Испрати коментар

Од: Darkо
Датум: 08.07.2011 13:25:00
Картите за премиерата на ПАНКОТ НЕ Е МРТОВ беа распродадени уште во текот на предходниот ден, а и на фотографијата од премиерата се гледа преполната сала. Зошто новинарката има потреба да лаже?

Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""