Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Светски кујни

Волшебни комбинации без сечкање и без запршки

Кинеската кујна, една од најпопуларните во светот, користи цели продукти и задолжително го употребува соја сосот

Што е тоа што кинеската храна ја прави толку популарна на сите меридијани и покрај тоа што најголем дел од светот држи до тоа дека „Исток е Исток, а Запад е Запад“ и тие два света никогаш нема да се сретнат?

Една од причините за големата популарност на кинеската храна е тоа што станува збор за друштвена храна. Овие оброци се наменети за групи луѓе, не за поединци, а тоа е и причината што тие се и многу обилни и разновидни за разлика од оброците што се карактеристични за другите национални кујни. Кога на сето ова ќе се додаде и основното кинеск�� правило дека и најскромниот оброк мора да се состои од најмалку пет јадења, јасно е зошто кинеската храна е вистински рај за очите.

Уште една причина зошто кинеската храна е толку популарна е тоа што таа поради својата разновидност и мешаност може да му се допадне и на најпребирливиот вкус (ако не се, барем едно јадење).

За посебниот вкус на кинеската храна придонесува и познатото кинеско мајсторство за термичка обработка на храната. За добро организираните кинески оброци придонесува и брзината со која се сервира храната, т.е. завршувањето на шпоретот и носењето на масата не се мери со минути, туку со секунди. Храната се подготвува брзо и тоа се' со цел да се истакнат природните својства и да се зачуваат природните вкусови и мириси.

За богатството на вкусот придонесува и разновидната текстура, бидејќи Кинезите мајсторски ја користат и хармонијата и контраста во јадењата на тој начин што меките состојки ги комбинираат со тврди, крцкави и свежи елементи.

Специфичен вкус на кинеската храна и' дава сојата, која се користи во големи количества како и нејзините состојки. Кинезите со помош на сојата без никаква употреба на егзотични зачини успеваат да постигнат голем број различни вкусови.

Големата популарност за кинеската кујна доаѓа и од начинот на подготвување, кој е доста креативен. Кинезите со своите илјадагодишни зачувани пишани извори до скоро не знаеле за книгите-готвачи. Кинеските знаења се пренесувале усно од страна на учители и затоа креативниот пристап е наполно легитимен и единствен.

Секако дека постојат правила за подготовка. Продуктите се подготвуваат цели без да се сечкаат или рендаат како на Запад и сето тоа поради употребата на стапчиња. Кинезите познаваат четириесетина начини на обработка на храната покрај пржење, печење и динствување. Исто така, имаат и правила што се врзани за сосовите, зачините, комбинирање јадења, сервирање и земање на храната и носење до масата.

Што се однесува до количество и комбинациите, стандардно јадење во Кина се состои од супа, јадења од месо, јадења од живина, риба или од плодовите на морето, ориз, јадења од зеленчук или варена тестенина.

И уште нешто - богатата палета на вкусови оваа светска кујна ја смета за особено силен афродизијак. Токму затоа ја препорачуваат за пребродување на брачните кризи.

Рецепти

Свинско со кикиритки

Потребно:

125 г посно свинско месо, 50 г свежи краставици, 25 г свежо излупени кикиритки, 5 мл бело вино, 20 г густин, 40 мл масло, една белка од јајце, соја сос, праз, супа , лешник (по вкус).

Приготвување:

исечкајте ги свинското месо и краставицата на коцкички. Во посебен сад испржете ги кикиритките. Во друг сад помешајте ги свинското, солта, белките и половина густин растворен со ладна вода, мешајте и се' добро соединете. Во друга чинија измешајте ја супата со остатокот од густинот, солта, соја сосот и празот. Загрејте масло, исцедете го месото и ставете да се пржи, а притоа постојано мешајте. Потоа додадете ги кикиритките и пржете половина минута со постојано мешање. Пред сервирање, месото попрскајте го со пикантен сос.



Кинески сутлијаш

Потребно е: 150 г ориз, 200 г шеќер, 100 г суво грозје, 2 лажици густин.

Приготвување: оризот сварете го и процедете. Посипете го со половина од подготвениот шеќер и промешајте за шеќерот да се растопи. Намачкајте го калапот за пудинг со путер и посипете со суво грозје, а преку него посипете го оризот, кој со лажичка благо ќе го збиете. Калапот ставете го во сад за готвење и варете половина час. За тоа време сварете малку вода со преостанатиот шеќер и додадете го густинот, мешајте додека не се згусне.


#
Статијата е прочитана 783 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""