Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството

Идната недела сведоци ќе предложи осомничениот, а можно е да бидат сослушани и сведоци од најблиските на починатото момче

Љубиша Станковиќ



Продолжува истрага што веќе еден месец се води за припадникот на полициските „тигри“, Игор Спасов, осомничен за смртта на младиот Мартин Нешковски. Денеска е предвидено истражната судијка да ги сослуша последните сведоци што ги предлага Јавното обвинителство, но треба да се очекува и продолжување на мерката притвор за нови 30 дена. Истрагата не открива детали што се однесуваат на новите сведоци. Со распитот на сведоците на Обвинителството, истрагата против Спасов нема да биде затворена.

„Веќе од понеделник треб�� да бидат распрашани и сведоци, кои, ние, како одбрана, ќе му ги предложиме на судот, но за ова не би сакал да говорам, бидејќи се' уште немам направено консултации со мојот штитеник“, вели бранителот на осомничениот Игор Спасов, штипскиот адвокат Донче Наков.

Извори блиски на истрагата наведуваат дека освен наведените, пред истражниот судија ќе се појават и сведоци на предлог на оштетениот, односно на иницијатива на најблиските роднини на починатиот Мартин Нешкоски.

Настанот за кој е притворен „тигарот“ Спасов се случи на 6 јуни, само еден час по полноќ, кога во време на прославата на изборната победа, брутално до смрт беше претепан младиот Мартин Нешкоски од Скопје.

Случајот два дена беше мистерија, со оглед на тоа дека не беше обелоденет идентитетот на момчето, ниту пак беа познати причините за неговата смрт. Резултатите од Институтот за судска медицина во Скопје потврдија дека Мартин Нешкоски починал од нанесени тешки повреди на телото и на главата. Инцидентот, кој најпрво беше обелоденет на социјалните мрежи, предизвика низа реакции и протести на улиците на главниот град. Младите веќе еден месец секојдневно протестираат, барајќи распуштање на специјалните полициски единици, но и одговорност од врвот на полицијата. Според министерката Гордана Јанкулоска, станува збор за „индивидуална одговорност“ поради што нема основа за нејзина оставка.


#
Статијата е прочитана 4190 пати.

Испрати коментар

Од: vistina
Датум: 08.07.2011 00:07:55
kakvi svedoci ce donese koga toj e zver ubiec koj ne znae da se kontrolira.Deteto i da zemalo nechto i da napravilo nechto chto ne treba zar policaec treba da reagira na takov nacin.
Од: besi
Датум: 08.07.2011 00:42:10
Со години ние албанците плачеме заради полициската бруталност,но тогаш македонците само не осудуваа дека сме криминалци.Не ми е мило за настанот,но можеби сега Вие македонците ке се опаметите дека македонската полиција и без причини е брутална.Сочувство за семејството, а обвинетиот со какво лице бара сведоци,баш сакам да знам кој е тој кој ќе сведочи на негова полза, што би значело поддршка на полицискта бруталност.
Од: stipjanka
Датум: 08.07.2011 01:13:27
Zgasna mlad zivot ,nisto ne e vazno osven UBIECOT da dobie maksimalna kazna ! Kakvi svedoci ,kakvi gluposti ova e zalno !
Од: boris
Датум: 08.07.2011 01:15:20
ednas pred nekoe vreme od kolkoseum diskotekata si odev doma so zena mi koja bese bremena pred nas proletaa nekoi policajci koi za malku ke ja izgazea koga se skarav mi se nafrlija ama bea tolku pijani sto voopsto ne ni znaes sto pravat moobet eden imase trezen za sreka ne se stori nesto poloso eve javno kazuvam luge nemozes da bides policaec i socogled da grickas ili bes kapa da setas ili da se potpres na kola kako idiot treba i malku kultura ama taa se dobiva vo osnovno i od doma
Од: milos
Датум: 08.07.2011 03:30:59
cest na isklucocite albanci koj se luge besi nemas pravo da reagiras ajde koga sakas da pojedeme na dizonska ili na cvetan dimov da vidime kako se pocituva zakonot ili moze na nekoja patarina nakaj tetovo godstirvar? ili plasticarksa ulica ili dizonska ? taka da ne se site policajci isti ima i koj si ja vrsat rabototata super a ima i takvi koj ja zloupotrebuvaat znackata ...momentalno albancite se najzastiteniot iv dna planetava bar ziveammegu niv i nikoj nisto ne im moze ! dosta zalenje ...sekojdenvo se slusaat rafaliod kalasnjikov na nivnite letni svadbi
Од: Pero od Australija
Датум: 08.07.2011 07:25:07
DA NE OSUDUVAME NIKOGO DODEKA NE ZAVRSI CELIOT SLUCAJ.
Од: od svedokot
Датум: 08.07.2011 08:42:52
pa mozebi negovite svedoci kako mnogu pati dosega ce kazat deka momceto samo se ubilo, mavajci se po glava. steta sto nemalo nekoja kofa so voda vo blizinata. ce mozelo da se samoudavi. cela drzvata ja drzat vo zaloznistvo izvricenite vo glavite so prvo oddelenie. zatoa mora da se raspadne ovaa skapana t.n. drzava
Од: mitre mitrevski
Датум: 08.07.2011 08:55:11
Mozebi Ivo Kotevski i Gordana Jankulovska ke gi vikni za svedoci zatoa sto samo oni go opravduvaa i go krea ubiecot!!!!!!!!!!!!!
Од: mark
Датум: 08.07.2011 10:55:58
Pero od Avstralija za svedok toj sve znae i umee.E moj Pero ni si videl ni si pocustvuval kako se zivee ovde a solite pamet vie nekolku sitni dusi.Dojdi ovde zivej donesigi decata i zenata pa da te vidam dali ke zboris taka ke solis pamet za patriotizam kriminal i nasilstvo ova da se slucese tamo ministerot uste vecerta ke podnesese ostavka a ne da krijat 24 casa i da velat nema takov slucaj.Moj sovet tie da ne gi gledas rabotite samo so edni naocari stavi i drugi pa ke vidis poveke.Sega malku i za tvojot pratenik izglasan so glasovi kako za 3 odelenija deca kako ke se ponasa koga Grujo ke go smeni imeto dali ti i ponataka ostanuvas negov podrzuvac ili ke si istiot golem patriot vo tugja zemja.
Од: [email protected]
Датум: 08.07.2011 14:11:55
Prasanje do toga Ajnstajna od Australiju potpisan kao Pero:-Sto ke se desi tamu u tuj tvoju Australiju policijski sluzbenik da utepa dete...bez razliku na sve.......
Од: Stranec
Датум: 08.07.2011 16:09:25
POLICAJCITE SE PONASAAT KAKO TURSKI ASKER! Pred 1-2g koga bev vo divinata tamosna ke me pregazese civilna kola so KU tablici, plavo punto na pesacki premin na semafor na zeleno svetlo za pesaci kaj Rekord.Policijata go zapre pred sobranie i go pusti.Gi prasav zosto go pustija koga vidoa deka pomina na crveno svetlo mi rekoa deka e "sluzbeno vozilo".Pa neli i za niv vazi zakonot?"Ti da ne sakas broj na tablicki da ti dademe?" Ocigledno ne bea vo potera zosto na sledniot semafor kaj Gradska zaprea! Ke me natepaja ako razgovarav uste posto bese 2 posle polnok i nemase svedoci! TOA E NASATA POLICIJA! BARABI!

Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""