„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Почнува карванот на убавината
На вчерашниот генерален кастинг што се одржа во модното студио „Црнокрак“, од пријавените стотина девојки од цела Македонија, избрани се 25 полуфиналистки, кои ќе се претстават на турнејата низ сите големи градови.
Турнејата започнува вечерва (петок) во Кавадарци во кафе-барот „Круна“, а в сабота девојките ќе се натпреваруваат во Гостивар во мотелот „Игнатија“.
Победничките од полуфиналните вечери ќе се пласираат директно за финалето, што ќе се одржи во Охрид во хотелот „Силекс“ на 6 август.
Севкупната победничката ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис глоуб 2011“, што ќе се одржи во октомври, а придружничките ќе учествуваат на други интернационални избори за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Минатогодишната победничка на овој избор, Ива Михајловска, ја претставуваше Македонија на неколку интернационални избори, од каде што се врати со титули: на изборот на „Мис на Медитеранот“ ја освои титулата прва придружничка, а на изборот за „Кралица на светот“ ја освои титулата четврта придружничка. |