Џастин Тимберлејк
Се врати кај Џесика Бил
Четири месеци откако раскинаа, Џастин Тимберлејк и Џесика Бил се смирија. На овој чекор се решил Џастин, кој сакал на својата бившо-сегашна девојка да и' даде втора шанса. Уште во март кога одлучија да се разделат, беше видливо дека тоа им е тешко на обајцата.
„Џесика секогаш сметаше дека не требало да раскинат. Иако во овие четири месеци биле разделени, постојано беа во контакт и таа инсистираше на втора можност“, раскажал пријател близок на овој пар.
Ниту на Џастин не му било нешто многу убаво без Џесика.
„Мислам дека Џастин попушти кога сфати дека животот на самец не му одговара толку колку што мислеше. Сите во нивното опкружување сметаат дека е добро што решиле да се смират.
Во текот на ��вие четири месеци, колку што не беа заедно, Џастин побарал утеха во прегратката на дури две колешки - Ешли Олсен и Мила Кунис, а на Џесика и' припишуваа романси со Колин Фарел и Џерард Батлер. |