Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Аце, бејби

Петер Арсовски

Со подигањето на Александар Македонски, ние во Скопје го имаме најголемиот геј-споменик во светот

Споменикот на Александар Македонски на плоштадот уште недограден, стана тема на остри дебати. Противниците на градбата (меѓу кои и јас) сметаат дека е тој еклатантен пример на нашите сопствени фрустрации, нетолерантност, конзервативност и општ национален комплекс. Неговите приврзаници (меѓу кои и власта), велат дека е тој симбол на нашата државотвороност, национален идентитет, антички корени и украс на модерното време, кој сигурно ќе привлече море туристи.

Како што е редот, аргументите на власта победија и Аце гордо се постави на плоштад. Значи таа работа е готова. Сега се поставув�� прашањето како да направиме тој споменик, сепак, да биде „кул“, како да привлече туристи и да покаже дека не сме националисти и конзервативци? Е, има само еден сигурен начин да се постигне сето тоа.

Имено, веќе е општоприфатено дека Александар Македонски претставува еден од најстарите потврдени хомосексуални икони во светот. Заедно со учителот Аростотел (кој сигурно му велел „осеќаш ли како знање улази у тебе“), Александар од најраните денови имал хомосексуални побуди и искуства, а со, како што тој сaмиот го нарекувал „љубовта на својот живот“, момчето Хафастион, тие побуди прераснале во трајна хомосексуална љубовна ориентација. Некои сметаат дека една од главните причини за одлучноста, крволочноста и амбициозноста на Александар потекнуваат токму од потиснатите фрустрации родени од неможноста за хетеросексуална љубов. Со други зборови, да не бил геј, немало да биде толку успешен.

Соодветно на ова, споменикот на Аце на плоштад по аналогија, исто така, претставува своевидна геј икона. Самата естетика на споменикот е студија на хомосексуалната иконографија. Исцртаните нагласени мускули, спартанските сандали, кусото здолниште и тесниот оклоп, подигнатата позиција на коњот и на крајот нагласено еректираниот меч, претставуваат силна симболика на сексуалноста, а нејзината геј ориентација е очигледна во самата монументалност, како и од измазнетите линии на лицето и лелеаво претставената коса.

Со тоа, ние, де факто, во Скопје го имаме најголемиот геј споменик во светот. Значи во нешто сме први и засега единствени. Според тоа, најдобар (и најверојатно единствен) начин да се промовира споменикот и да стане вистинска светска атракција, е кај Аце да се организира огромна геј парада со гости од целиот свет, која потоа треба да стане традиционален настан. Со тоа ќе ги постигнеме сите цели за поставувањето на споменикот. Прво, тоа ќе биде доказ дека побудите за поставувањето не биле националистички, туку, напротив, дека тој е симбол на толеранцијата; дека не е во прашање конзервативна туку модерна и напредна естетика; и на крајот, таквиот настан сигурно ќе привлече туристи на една постојана основа. Тој настан после ќе биде платформа да ги промовираме и другите знаменитости што сме ги изградиле во Скопје.

Веќе јасно си ја замислувам парадата. Таа треба да почне уште од раскрсницата кај „Кјуби“ (бивши ЗОИЛ). Оттаму, качени на коли покриени со сценографија, учесниците ќе се движат покрај Градската болница, покрај Собранието, низ триумфалната порта до Аце. На колите ќе бидат качени исончани, депилирани трансвестити (популарно транџи), облечени во бикини, со ангелски крилја како од „Викторија сикрет“ и од колите ќе пијат шампањ, ќе играат и симболично ќе фрлаат цвеќиња движејќи се полека кон плоштадот. За таа пригода, и триумфалната капија и Аце ќе бидат симболично обоени со осветлување во розево. Со перјаници и на штикли, геј парадата ќе напредува кон плоштадот, со море придружници и публика. Оние што нема да бидат на колите, ќе бидат долу облечени во мрежести маички, со флуоресцентни реквизити, и велесо ќе скокаат во ритамот на „We are family“. Парадата кулминира со голем концерт на плоштад. За тој концерт би дошле и Шер и Кајли Миног, но можеме да одиме и со постара варијанта, како Џими Самервил или Бој Џорџ, зависи од вкусовите.

Таму, на концертот, околу Аце, во звуците на џангл–техното, геј поданиците ќе се виткаат во племенски занес цела ноќ. Наутро, веднаш се префрлаат на афтерпарти на една од блиските плажи, која за таа прилика станува „машка танга бич“. Потоа, по лудата ноќ, заминуваат со убави искуства и со желба да се вратат наредната година. Таква парада после ќе стане традиционална секоја година, и така ќе ја исполнува квотата на туристи. Како што гледате, Скопје, како сериозен домаќин, веќе ја има целата потребна инфраструктура, овде спомениче, таму плажичка.

Ако јас се прашувам, тоа е токму она што ни треба – на вештачката сериозност со која се сфаќаме самите себеси, да се спротивставиме со хумор и иронична алтернатива. Баш ме интересира како оние избричени момци што ги тепаа протестантите ќе се справат со транџиве, или како полицијата ќе проба да ги спречи. Едните ќе се буткаат намуртени, а овие „парадистиве“ ќе им викаат „мене ли ќе ме удриш маче, мене цуци?“

Значи се договоривме: геј парада. Ем ќе го провомира нашето геј светско чудо, ем ќе ги дифузира општествените тензии, ем ќе покаже дека не сме нетолерантно општество. И сето тоа централизирано околу споменикот, кој потоа, со текот на годините, ќе добие прекар „Аце бејби“.

(Авторот е магистер

по политичка комуникологија)


#
Статијата е прочитана 5946 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 08.07.2011 00:11:20
Vlasta vece so godini ne onadi pa polesno ce ni bide da go prifatime ovoj novokomponiran identitet. Se prasam dali edna varijanta od iminjata sto ni gi krcka vlesta e i HRM: Homogena Republika Makedonija za stranska upotreba. A za vnatresna upotreba mozeme da si bideme PRM.
Од: Гејко
Датум: 08.07.2011 00:17:16
Се сложувам со авторот!Грците нема зошто да се бунат,бидејќи споменикот не му е подигнатна на Аце како Грк,туку тоа е споменик на геј.Нормално е да организираме тука геј-паради и така да привлекуваме туристи!Сспак,владата на Груевски ја интересира пред се економијата!Има да собираме пари од туристи-гејови како плева!
Од: Сергеј
Датум: 08.07.2011 00:50:06
Во текстот напишавте „аргументите на власта победија“. Не е воопшто точно и тоа го знаат и врапците, дека власта не нудеше никакви аргументи за подигањето на „Аце бејби“, бегаше од дебата како ѓавол од темјан, ги избегнуваше сите незгодини новинарски прашање во врска со него... Споменикот се планирање скриено, се правеше скриено, скришно се носеше. Па скришна беше и намерата која сака да се постигне со него! Ама шипинки, не сме толку недоброени, и мравките и бумбарите ја погодија вистинската намена на „Аце бејби“. А тоа не е геј-парада, ниту никаков туризам. Финтата е да ја убедиме Европа дека не сме и’ соодветно друштво. Успешно! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Lazo Stefanov
Датум: 08.07.2011 01:31:17
Postavuvanjeto na spomenicite ima dve poraki: prvo, videte i mene i jas sum megu pobednicite, a sano onoj koj e so mene, toj ke ucestvuva vo podelbata na plenot; vtoro, na plostatot mozje da se sobere narod i da vika: ,,Dolu Vlada,, a spomenicite ne go pravat toa, videte kolku sum jas iter, go nadmudriv narodot svoj.
Од: B. Betinski
Датум: 08.07.2011 01:51:20
,Naglaseno erektiraniot mec' na Ace Gej zavrsi vo gradite na negovoviot ljubovnik Hefajstion po edna drevna pijanka vo Tir, a po negovoto osvojuvanje. Svoevidna, moderna modifikacija na toj 'naglaseno erektiran mec' moze da se prepoznae vo apsenjeto na Ljube Boskovski koj bi bil varijanta na Hefajston, a pak Alfite koi go legnuvaat na asfalt pred publika - mec vo racete na premierot. Konecno, sekoe vreme si ima svoja simbolika koja ne e bez svoja matrica.
Од: USA
Датум: 08.07.2011 03:10:30
Ova mu doadja kako Obama vo USA. Samo govori i prodavanje intelektuala. Rezultati od srabotenoto, nema nikade. Ama toa ti e. Nekoi se teoreticari a nekoi prakticari. Ke vidime koj sto ke ostavi zad sebe.
Од: Goran Bitola
Датум: 08.07.2011 03:49:48
Lele kolku si jak coveku!!! Samo dozvoli mi da dodadam eden detal. Kulminacija na paradata da bide vodenje na otvorena supertvrda homoseksualna ljubov na trkalezniot postament na spomenikot. Drugiot den ucesnicite bi mozele da se upatat na mars kon Misolongi vo Grcija, mestoto kade umrel Lord Bajron, so sto ce gi zblizat dvete zemji.
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 08.07.2011 04:55:33
Ne mozam da se slozam so avtorot deka Aleksandar bil homoseksualec.Vo sekoja recisi drzava toj imase i zena. Ako vo najnoviot film za Aleksandar reziserot sakal da go svrti vnimanieto kon pederite za da bide popularen i filmot sto za moja smetka e golema glupost toa ne znaci deka bil takov. Obicno velime deka knigata "trpi". Neka ne se dozvoluva da "ocrnuvame" nesto sto ne e taka. Grcite gledate so lagi ziveat i se' si prisvojuvaat,a nie sosila otfrlame i "ocrnuvame"
Од: Грозен текст
Датум: 08.07.2011 07:39:29
Ми се гади од ваквите македонци како Петар, бејби. Идеолошки слепци, кои не си ја знаат историјата и дури не се ни срамат да пишуваат вакви глупости. Проблемот кај Арсовски не е каков и кој бил Александар, туку тоа што не го изградил неговиот идол Бранко. Да не требаше на плоштадот во центарот на Македонија да се стави споменик на Тито?
Од: од внукот на Делчев
Датум: 08.07.2011 08:26:35
Според начинот на кој го опишуваш Александар Македонски-текстописецот е по се изгледа е или геј и.ли налик на геј,зошто од самиот изглед на споменикот извлекува престава за геј-отука се гледа дека е добро упатен-па се што е машка убавина му се присакува да е со геј убавина.Да причекаме можеби токму ти изроду ќе организираш геј парада .
Од: od mene
Датум: 08.07.2011 08:47:20
aj be so tuku treskate gluposti, se so ne e od vas izgradeno ( a od vas ne e nisto izgradeno samo kradevte) ne cini, pa makar i da si ja vregate i ponizuvate sopstvenata drzaav
Од: Buntovnik
Датум: 08.07.2011 08:49:11
Da bese najgolemiot gay monument se ke bese vred. Ama da imas gay monument i toj uste da bide monument na luge bez mozok, toa e mozno samo vo makedonija. Toa se klon egejci koj ja okupiraa drzavata na Makedonskite sloveni i se dodeka ne se najde egejsko resenie za imeto ke ja narekuvaat taa zemja FIROM i ke si gradat 'nivna'istorija. Toa ke trae 5 veka i posle makedonskiot narod ke digne vostanie. Kraj
Од: miki
Датум: 08.07.2011 09:19:54
E konecno BUNTOVNIK gi kaza rabotite: Makedonija e pod vnatresna okupacija na grupa lugje so silni frustracii i patoloska omraza(za niv mozebi opravdana) kon Grcija. Sega site nie sme nivni zaloznici i dodeka vladeat evroatlanska idnina na drzavava e NEVOZMOZNA!!!
Од: ane anevska
Датум: 08.07.2011 09:44:22
Tie se OSUDUVAAT da recat deka nedostasuvaat sredstva za socijalnite servisi na drzavata od koi sekoj gragjanin ja izdrzuva svojata drzava??? Tie se OSUDUVAAT da privatnite gazdi si igraat so svoite vraboteni onaka kako sto NIV KE IM TEKNE??? POKAZATE OTPOR, KAZETE GO BAREM SVOETO MISLENJE- ako site toa go pravime ke osvoime peda slobodno mislenje. Odgovorete na mentalnoto nasilie!
Од: pero arso
Датум: 08.07.2011 09:52:18
makedonja uste po edno e edinstvena vo svetot. samo kaj nas ima spomenik na teroristi - GEMIDGII.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 08.07.2011 10:40:12
Pece bejbi.ke dojde vreme i Ti ke si go najdes sakaniot !! Strpi se uste malku !!
Од: percak
Датум: 08.07.2011 11:32:13
ace bil uspesen .no i ti si uspesen kako novinar . a toa znaci deka i ti si GEJ
Од: psihijatar
Датум: 08.07.2011 11:58:07
avtore....hmm,hmm...celava kolumna, a i analizata na spomenikot na aleksandar makedonskimalku mi e simptomaticna i me potsetuva na eden vic:pacientot na psihijatorot mu se zali deka loso spie,ne znae da se odnesuva so lugje i slicno. Pshijatarot mu crta triagolnik i go prasa: na sto ti lici. - Na vagina !,potoa mu crta krug: - na sto ti lici. - na vagina!Mu crta kvadrat:-na sto ti lici?-na vagina! Mu vika:ti si optereten so seks,verojatno ima vrska so majka ti._Koj e optereten be doktore,pa ti celo vreme crtas vagini !?!?!
Од: маре
Датум: 08.07.2011 12:07:35
Gospodine Peter Arsovski,mislam deka ste ja pogresile profesijata.Vie ste roden reziser,kolku ubavo ja opisavte gej paradata.Uste da ja sprovedete se ke bide realno.Mene licno i na site moi prijateli spomenikot mnogu ni se dopaga.
Од: Владимир
Датум: 08.07.2011 12:09:22
Хахахаха... браво мајсторе! Ме изнасмеа, ама сериозна е работава! Јас досега бев убеден дека би било најдобро да им го подариме споменикот на Грците, ама твојот предлог е фантастичен! Веќе го гледам Лаки како најавува на вести нова група туристи „дојдени да се сликаат пред споменикот“. А дополнителен бонус ми е збунетоста на ова вмро-овциве-коментатори: очекував дека жив ќе те изедат за ваков текст, ама некако со с’мкнати гаќи си ги фатил, хихихихи...
Од: CITATELKA2
Датум: 08.07.2011 12:10:56
Иако Петар ептен внимателно го напиша текстот за да не може да му се замери нетолерантноста кон геј заедницата, сепак мислам дека тоа избива од текстот, со што не се согласувам. А за сите оние кои за историјата на Ацета дознале од филмот, тоа е ваш проблем. Уште во наше време (за родените од 50 и некоја) беше општо познат факт дека господинот бил и тоа, што воопшто не е спорно. Спорно ми е зошто македонскиот народ има потреба да се поистоветува со насилник и освојувач (на туѓи територии)?. И да господа/госпоѓи, подобро ќе беше да се подигне споменик на некој којшто го дал(признал) идентитетот на сегашната модерна македонска нација, а сите знаеме кој (или кои), сакале вие тоа или не, искривувачи на историјата.
Од: marija
Датум: 08.07.2011 12:44:54
Mise losi prvo od napisov, a vtoro i od izvesni komentari. Da ne si ja sakas tatkovinata i svojot narod, ne e nisto do moralna nistavnost. srame te se.
Од: ivan b
Датум: 08.07.2011 12:49:59
Мр.Пепи тебе на геј парадка ли ти се иде или секоја вечер у сон си одаш??? Срам да ти е
Од: Toni
Датум: 08.07.2011 13:07:28
Si go kaza sonot i mectite.
Од: Ива
Датум: 08.07.2011 13:07:51
Антологиска колумна. Уште сега може да се вброи во најдобрите колумни за 2011. Секоја чест. Храбра, прониклива, супер-иронична колумна која фрла светло на македонските работи. Браво!
Од: Veselin
Датум: 08.07.2011 13:28:23
Nemakedoncite ke si naogaat sekakvo opravdanie na nivnata omraza kon makedonskite velicini.Vo konkretniov slucaj e najgolemiot makedonec Aleksandar.Sum gi cital site anticki biografi na Aleksandar.Nikade ne pisuva deka e homoseksualec.I neka mi pokaze avtorot koj peder jurisal prv pred svojata vojska.A jas ne sum clen ni na VMRO-DPMNE ni nikoja druga partija.No sum makedonec so dusa.Ama vie komunistickite creva,sakate se da ostane kako vo komunizmot,koga bese zabraneta i samata pomisla na nasite drevni pretci.No vasiot vgraden cip e nemakedonski.I sto drugo od vas da se ocekuva.Ama denes ne mozete da gi ztvorite tragacite po vistinata i patriotite.kako sto gi ztvorivte tatko mi i dedomi.
Од: Јован АН
Датум: 08.07.2011 14:04:12
Да ли Утрински има главен и одговорен уредник?Како може да дозволи објавување на ваков напис од човек кој се прогласува за Фројд и на тој начин си ги лечи своите (сексуални) проблеми?Која е воопшто целта на колумната?Ако сака да чита нека го прочита животописот за Александар Македонски од Плутарх,а не да носи заклучоци од некој филм.До кога ќе ги “давите“ своите читатели со спомениците во Скопје?
Од: zoro
Датум: 08.07.2011 14:07:33
Перо е секој втор викенд во Грција на шопинг, а за мене еден од главните виновници што СДСМ отиде у јабана. Неговата стратегија го доведе до ова деџе. Со вакви антидржавни написи само уште повеќе го зацврстува Грујо на власт. Толку. Кој му дозволува да објавува, и кој ги плаќа овие „анализи“, нека размили повеќе!!!
Од: Драган
Датум: 08.07.2011 14:17:13
Поздрав до авторот и како магистер по политичка комуникологија да ја остави историјата на историчарите.
Од: r.todor
Датум: 08.07.2011 14:19:43
Не сум патриот,но овој текст го навредува целиот Македонски народ.Многу работи се искривени во врска со Александар Македонски,поточно постои обид веќе 2,300-год.да се погани неговото име и да се обезвреднат неговите достигнувања како Македонец со цел обезличување на сите кои што во себе имаат Македонска крв.
Од: Kornelia
Датум: 08.07.2011 14:25:29
Kako ne ti e sram ova da go napishesh i objavish?!?!?! I ova go velam ne tolku poradi sodrzinata na tekstot i temata na obrabotka, tuku poradi toa shto javno se blamirash kolku ne znaesh!!! A neli te vikaat vamu tamu kako ekspert za neznam shto.......Bruka!!
Од: Zoran
Датум: 08.07.2011 14:31:12
Kakva kolumna! Idiotizam na nivo! Sekoja cest na prostotilukot koj taka dobro se neguva vo Makedonija.
Од: чак
Датум: 08.07.2011 14:54:25
Не ми се верува што се прочитав,како може да има вакви луѓе што не си ја сакаат сопствената земја.Па ако не ви е убаво тука можете слободно да си ги спакувате куферите и да фаќате патот. Наместо да го чуваме името,гледам некој си пишувал уште имиња за нашата држава,некој се исмејува со луѓето што се бореле за вие сега да можете се и сешто да пишувате на интернет.Да не беа тие"терористи"немало ни ние да знаеме од кај потекнуваме. Што правите бе луѓе,свестете се
Од: Mila
Датум: 08.07.2011 15:03:50
Tolku neintelegenten tekst ne sum prochitala odamna
Од: predrag
Датум: 08.07.2011 15:07:56
Just a fantasy you had,ti e idejava za paradava. A bas bi sakal da ucestvuvas vo takva parada,neli.
Од: Zare
Датум: 08.07.2011 15:43:40
Само продолжете да пишувате против своја историја и народ и ке ги добиете наредните избори..бравос амо така
Од: Никола
Датум: 08.07.2011 15:53:18
Петар бејби,погоре не едно вместо си напишал дека ако Александар Македонски не бил геј намал да биде толку успешен, очигледно е дека твојта успешност се должи на истото.
Од: natasha
Датум: 08.07.2011 16:12:14
hahahaaaaaa,nemozam da poveruvam kakvi se debili zavrsuvaat fakulteti i se kitat so nekakvi tituli i imaat pravo na glas.Gospoda vie sto go delite mislenjeto so no coment dali znaete sto e sram?Ili mislite deka ste pametni ako ste drski i bezobrazni.Im blagodaram na dedo mi i na tatko mi sto bea patrioti i golemi Makedonci koga drugite se sramea od toa sto se!A,gledam so avtorot na tekstov deka uste mnogu ima takvi!
Од: gane
Датум: 08.07.2011 16:31:03
Odlicna kolumna i idea za razvoj na turizmot vo RM.
Од: BARBIE
Датум: 08.07.2011 16:58:54
Утрински - колумнистов ви е идиот од невидени размери! Колумните му се срање и лечење фрустраци и не разбирам зошто баш овој човек добива простор во вашиот весник. Петер не те мразам, те жалам човеку!!

Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вард��р
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""