„Њуз оф д Ворлд“
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
08.07.2011, 14:15
Вработените во таблоидот „Њуз оф д Ворлд“ (News of the world) шокирани се од одлуката за затворање на весникот. Одлуката беше соопштена од Џејмс Мардок, син на медиумскиот магнат Руперт Мардок.
Уредникот на весникот Колин Мајлер рече дека тоа е „најтажниот ден во неговата кариера, додека уредникот на политичката рубирка Дејвид Вудинг изјави дека веста за затворањето на таблоидот кој постои 168 години одекна како „бомба“.
Братанскиот таблоид е обвинет за прислушување на мобилните телефони на јавни личности, жртви на киднапирања и на терористички напади, филмски и спортски ѕвезди, политичари и членови на кралското ��емејство за да ја победи конкуренцијата. Полицијата досега идентификувала 4.000 можни мети на хакерски напади. Голем број на луѓе кои денес работат во весникот не биле вработени во тоа време.
Вудинг кој во „Њуз оф д Ворлд“ работи само 18 месеци изјави дека весникот е „фантастичен“ и дека пристојни, вредни и добри новинари трпаат за гревовите на претходните раководства.
„Тука работат 200 луѓе. Мислам дека од сите нив само тројца биле во весникот во времето на прислушувањето. Ние не бевме тука, ние сме донесени да го исчитиме овој весник, имаме нов уредник на кој ништо не може да му се забележи, но оваа кал сега се лепи за нас“, наведе Вудинг.
Во меѓувреме лондонски „Гардијан“ пишува за претстојното апсење на Ендиј Колсон, поранешен уредник на „Њуз оф д Ворлд“ кој подоцна стана директор за комуникации на британскиот премиер Дејвид Камерон.
Колсон е осомничен дека знаел или бил директно вмешан во прислушувањто на мобилните телфони додека бил уредник, во периодот од 2003 и 2007 година. Тој тврди дека тоа не е точно.
Лидерот на Лабурисите, Дејвид Милибанд го повика премиерот Камерон да се извини за „застрашувачката грешка во процена“ при ангажирањето на Колосн, кој во јануари поднесе оставка.
Лабуристичкиот претставник Крис Брајант кој верува дека неговиот телефон е прислушкуван, посочи дека затворањето на весникот е „циничен потег“.
Брајант како и многу во британската јавност смета дека оставката требало да ја поднесе Ребека Брукс, уредничка на таблоидот пред Колсон, „ако не за дриго, затоа што телефонот (на убиената тинејџерка) Мили Даулер е прислушкуван додека таа била на функција.
Брукс која денеска е близок соработник на Мардок, засега одбива да ја напушти функцијата во неговата компанија
|