Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Анализа

„Пеколна“ хемија

Гај Кејхан

Може ли некој да развие „таблета за морал“ што ќе не' трансформира во светци

Во текот на изминатата деценија армија психолози, научници по неврологија и еволутивна биологија беа зафатени со обидот да го разоткријат невралната „пеколна направа“ што е основа на човечкиот морал. Тие почнаа да го следат еволутивното потекло на про-социјалните чувства, како што е емпатијата, и почнаа да ги откриваат гените кои наклонуваат некои поединци на бесмислено насилство, а други да дејствуваат алтруистички, и патиштата во нашиот мозок кои влијаат на нашите етички одлуки. За да се разбере како функционира нештото значи да почне да се согледуваат начините како да се модифиц��ра па дури и да се контролира.

Всушност, научниците не само што идентификуваа некои од мозочните патишта кои влијаат на нашите етички одлуки, туку, исто така, хемиските супстанции кои ја модулираат таа неврална активност. Една неодамнешна студија покажа дека антидепресантот „циталопрам“ може да ги смени реакциите на поединци кон хипотетички сценарија за морални дилеми. Поединците кои го примале лекот биле помалку волни да жртвуваат поединец за да ги спасат животите на неколку други.

Друга серија студии покажа дека кога хормонот окситоцин се дава како спреј за нос, го зголемува доверливото и кооперативно однесување во социјалните групи, но, исто така, ја намалува соработката со тие што се сметаат за аутсајдери. Невролозите дури магнетски „збришуваат“ внимателно избрани области од мозоците на луѓето за да влијаат на нивните морални одлуки на изненадувачки начин - на пример, да им биде полесно да лажат.

Секако, никој не развива „таблета за морал“ што ќе не' трансформира во светци. Но, истражувањето брзо напредува и речиси сигурно ќе предложи нови начини за преструктуирање на нашите морални интуиции, чувства и мотиви. Дали треба да го користиме нашето се' поголемо научно сфаќање за основата на човечкиот морал во обид да ги направиме луѓето морално подобри?

Она што не' прави луѓе е нашата слобода да избираме и добро и зло. Се сомневам дека многумина ќе се согласат со овој став. Тие ќе се согласат дека нашата способност да разликуваме исправно од погрешно е нешто скапоцено што треба да го заштитиме, а не скршен часовник што научниците треба да го поправат.

Секако, повеќето од нас не треба да бидат условени да се чувствуваат одбиени поради силување или тортура. Но, тоа не значи дека ние сме морално добри, или доволно добри. Додека го читате ова, совршено обични луѓе некаде во светот им прават неверојатни работи на други. Дури и во најнапредните и најбогати општества, потребен е огромен концентриран напор да се сочува дури минимална пристојност: помислете на брави, безбедносни аларми, полиција, судови и затвори. И сомнително е што доволно се грижиме за другите или им даваме доволно на помалку среќните.

Луѓето се раѓаат со капацитет да бидат морални, но тоа е ограничен капацитет лошо опремен да се справи со етичката комплексност на современиот свет.

Илјадници години луѓето се потпираа на образование, верување, социјални институции, и заканата за реална (или натприродна) казна, за да ги натераат луѓето да се однесуваат пристојно. Сите би можеле да бидеме морално подобри, но јасно е дека овој традиционален пристап не може да не' однесе многу подалеку. Тоа не значи дека луѓето одеднаш ќе почнат да се однесуваат подобро, само ако им дадеме повеќе факти и статистички податоци, или подобри аргументи.

Затоа не треба да бидеме премногу брзи во отфрлањето на предлогот дека науката може да помогне - во прв ред така што ќе ни помогне да изградиме поефективни институции, поинспиративно морално образование или поубедливи етички аргументи. Но, науката може, исто така, да понуди подиректни начини на влијание врз нашите мозоци.

Научната фантастика понекогаш го ограничува наместо да го проширува нашето чувство на тоа што е можно. Би било самоубиствено, или уште полошо, ако се обидеме да промовираме морал преку брутално принудување. На владите не смее да им се дава моќта да го контролираат моралниот кодекс на нивните граѓани - знаеме дека ако имаат таква моќ, би ја злоупотребиле.

Би било идеално ако поединци можат слободно да искористат различни начини за да се подобрат, било со практикување на свесност, читање морална филозофија или, да, со земање на таблета за „морал“. Но, исто така, е точно дека иако некои луѓе посакуваат да земаат таблети што ќе ги ги направат да се чувствуваат подобро или да размислуваат побрзо, не е толку очигледно дека луѓето навистина би сакале да земаат таблети што ќе ги направат морално подобри. Не е јасно дека луѓето навистина сакаат да бидат морално подобри.

Тие се, секако, хипотетички прашања. Се' уште не знаеме што е можно. Но, подобро е етичката дискусија да започне прерано отколку предоцна. Дури и ако „таблетите за морал“ се само научна фантастика, тие наметнуваат длабоки прашања. Дали ќе сакаме да ги земаме ако некогаш бидат достапни? И што кажува тоа за нас ако не сакаме?

(Авторот е заменик-директор на Центарот за практична етика „Ухиро“ при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Оксфорд.

Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел о�� мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1111 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""