Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Психолошки тестови

Гордана Дувњак

Неколкумина идни судии и јавни обвинители деновиве сe изложени на пробни тестови. Холандски експерти ја проверуваа издржливоста на македонските млади правници на стресни ситуации. Преку прашања и одговори ќе се видело колку кандидатите имале потенцијал за работа во непредвидливи ситуации и под притисок. Идните судии да ни биле не само професионалци што го знаат словото на законот туку и личности со кредибилитет и интегритет. Идејата била преку одговори на прашања да се види како поклониците на Јустиција ќе се однесуваат во конкретни ситуации, во кои крвта зоврива и лесно се губат нервите.

Барањето за проверка на психолошките особини на идните судии и обвинители наидува на одоб��ување на дел од јавноста. Многумина сметаат дека токму оние што се одговорни за пресудување и одлучуваат за битни сегменти од нашите животи, мора да бидат избрани со многу внимание. Други, пак, и во овие новини препознаваат непотребна шминка, но и начин за елиминирање неподобни кандидати. Но, и бегање од суштинските прашања што се неопходни за создавање профил на независен судија и обвинител.

Регрутирањето судии и обвинители се' повеќе личи на избор на „супермени“ или космонаути за лет во вселената. Не верувам дека некој има против подигнувањето на стандардите во одделни професии. Но, не е ли малку лицемерно да се прави тоа, а во исто време токму политиката да врши силна пресија врз македонското правосудство. Без срам и перде. И тоа оние што тешко би ги поминале психолошките тестови. Не само затоа што никој не бара од нив таква тапија, туку и затоа што ќе паднат како круши.






















































#
Статијата е прочитана 1194 пати.

Испрати коментар

Од: Risto Andov, Skopje, Makedonija
Датум: 08.07.2011 07:36:09
Проблемот е во квалитетот. На пример, за квалитетот на производите и услугите измислени се разни ISO и други стандарди, системот HASAP и дриги слични системи. Ама ете за квалитетот на кадрите нема стандарди. Постои само практика, во која на пример во политиката, како стандард опстојува само критериумот подобност. Истиот наследена од времето на комунизамот но сега срамно мултиплициран! Бидејќи политичарите во општетсвата одлучуваат, сосема е логично да се очекува и тие да се опкружуваат со подобни кадри, односно, со послушни кадри во сите сфери. Не верувам дека ете и некоја нова револуција ќе ги промени значително состојбите!
Од: Чича Мите
Датум: 08.07.2011 08:39:06
Ма не се работи за подигнување на квалитетот и стандардите во одредени професии, како што е правосудната професија. Ова е гол метод на елиминација на политички „неподобните“ кадри. Може да се третира и како една добра иницијатива за поквалитетно судство . Ама , патот до пеколот е поплочен со добри намери. Живееме во тоталитарно општество, каде ме чуди молкот и конформизмот, опортунизмот на голем дел од интелигенцијата. Особено судиите и ЈО. Сето тоа ќе има далекусежни последици.
Од: Трпе
Датум: 08.07.2011 11:19:39
Ма какви испитувања,ма какви психолошки тестови на издржливост,за идните судии и обвинители.Доволно е на потенцијалните идни кадри, една обука да им одржи Дедо Маневски.Човекот поминал се Живо и Диво , во сите системи и секакви притисоци и уцени па секогаш бил на врвот.Н4еговото искуство вреди а треба и да се награди.

Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""