Викендов топол бран со температури над 35 степени
08.07.2011, 15:22
Топлотен бран викендов ќе ги зафати севреозападниот и југоисточниот регион на државата, односно Тетово, Гостивар, Кичево, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Дојран, Валандово, Струмица и Кочани.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи дневната темепратура на повеќе места ќе надминува 35, а во југоисточните делови ќе достигнува и до 39 степени.
Поради високата вредност на УВ индексот во периодот од 11 до 16 часот се препорачува да се избегнува изложеност на директно сончево зрачење.
Министерството за здравство ги потсетува работодавците дека одредени производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените р��ботници, како и на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
За заштита од високите температури и намалување на ризици врз здравјето од дејството на топлотниот бран лекарите препорачуваат поголем претстој во затворени простории пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа, а за сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Се препорачува внесување на помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, големи количини течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнува мрсна храна и алкохолни пијалаци.
|