Џенифер Анистон
Една година пауза од глумата
Холивудската актерка Џенифер Анистон решила да направи една година пауза во својата актерска кариера. Убавата актерка решила во текот на едногодишната пауза да се концентрира на својот голем проект, филмот „The Goree Girls“, кој ќе го продуцира и во кој ќе игра. Џенифер уште во октомври минатата година отиде на одмор, по премиерата на филмот „Wanderlust“, каде што игра покрај Пол Руд.
„Џенифер отиде на одмор една година за да си се посвети себеси“ - рекол извор близок на познатата актерка. Изворот, исто така, потврдил дека актерката за својот нов филм ќе го ангажира и своето момче Џастин Терокс, „кој ја воодушевил со својот талент дури и необработениот материјал да го направи духовит“.
Анистон н��одамна изјавила дека е многу среќна и задоволна на приватен план. |