Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ИОК

Истанбул кандидат за домаќин на ЛОИ 2020



08.07.2011, 16:28

Истанбул петти пат ќе се обиде да ја добие организацијата на Олимписките игри, откако денеска потврди дека ќе се кандидира за улогата на домаќин на Летните олимписки игри во 2020 година, соопшти денеска претставникот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Ричард Карион.

Истанбул е вториот град по Рим кој најави кандидатура за организација на ЛОИ 2020, а рокот за поднесување на официјалните пријави е 1 септември.

Меѓу заинтересираните градови се и Мадрид, кој на изборите за организација на ЛОИ 2016 година изгуби од Рио де Жанеиро, а се спомнува и Токио.

Јужноафриканскиот град Дурбан е меѓу можните кандидати и покрај тоа што Владата претходно ја одби так��ата идеја.

Одлуката за град домаќин на ЛОИ 2020 ќе биде донесена во 2014 година.

Во средата ИОК го избра јужнокорејскиот град Пјонгчанг за домаќин на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во 2018 година.

Пјонгчанг беше избран уште во првиот круг на гласање на заседанието на ИОК во Дурбан. Кандидати за домќаин на Зимската олимпијада во 2018-та беа и францускиот град Анеси и германскиот Минхен.

Следните Зимските олимписки игри ќе се одржат во 2014 година во рускиот град Сочи




#
Статијата е прочитана 436 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 10.07.2011 08:57:40
Istambul, Konstantinopole bese. Deka e taa ubava pesna? Sepak me interesira komentari na Turskite istoricari za Makedonskata denesna problematika so Grcija. Koj e nijniot pogled i razberlivosta. Ke bide interesno da cuime nijnite komenti i podatoci od 1912 pa na tamo. Tek da ve potsetam vo redakcijata da treba da sme svesni za tie istorijski fakti, sto gi nema vo sekoj dnevnite zboruvanja. Blagodaram

Најди! во Утрински
Насловна
Заминува дамата во розово
Совети за најблиските туристички дестинации
„Мис на Македонија 2011“ за „Мис глоуб“
Скопје го одврза кесето за Вардар
Никола Попоски нов шеф на дипломатијата?
Волшебни комбинации без сечкање и без запршки
Црна треска од кучиња-скитници
И „тигарот“ Спасов нуди сведоци во истрагата за убиството
Една година пауза од глумата
Психолошки тестови
Хилари Клинтон доаѓа во Атина
Аце, бејби
Се врати кај Џесика Бил
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
„Пеколна“ хемија
Викендов топол бран со температури над 35 степени
Не дозволувајте климактериумот да ви ја избрише насмевката
Во вторник ќе се гласаат потпретседателите на Собранието
„Панкот…“ меѓу првите пет според гласовите на публиката
Турски магнат купува грчки острови
Повредени момчиња во училишен двор во Велес
Вработените „шокирани“ од затворањето на таблоидот
Онлајн вести

"""