Хороскоп
Овен
Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците...
Бик
Се' се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу Бикови кои седат на два стола ќе ги понесат последиците од непримерното однесување.
Близнаци
Моменталните случувања бараат тактичност и дипломатичност. Упорноста и одмереноста се главните атрибути кои ќе ве водат во нареднава недела. Поради импулсивните реакции, лесно може да се најдете во незавидна ситуација. Доколку се контролирате, ќе ги сведете и здравствените проблеми на минимум.
Рак
Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист.
Лав
Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива - треба да ја искористите до максимум. Можни се емотивни недоразбирања, но не се опасни.
Девица
Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку. Свесни сте дека ситуацијата во овој сегмент од животот зависи само од вас.
Терезија
Се однесувате невротично и мислите дека лошите работи само вам ви се случуваат. Грешите. За среќа, ќе успеете на д��ловен план. Ги влечете сите конци, иако на прв поглед не постои објективно и реално објаснување. Сите работи си доаѓаат на свое место, но за се' е потребно време. Колку сте во состојба да чекате?
Скорпија
Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план.
Стрелец
Се наоѓате во фаза кога некој постојано ви ги тренира нервите. Се поставува прашањето колку ќе можете да издржите? Ве очекуваат нови работи и приходи. Фантастично! Долго време мислевте дека среќата ви го свртела грбот, но најпосле конкретните аргументи го докажуваат сосема спротивното.
Јарец
Поради нешто сте нерасположени и депресивни. Имате чувство како да не вредите. Грешите. Деловните одложувања и недоразбирања ве прават нервозни, а сознанието дека сте опкружени со лажни вредности - боли. Можна е расправија со партнерот поради пари. Си ја префрлувате вината еден на друг, но вистината е некаде на средина- сепак се сакате.
Водолија
Смирени сте. Она што порано ве правеше нервозни, сега станува безначајно. Во хармонија сте со самите себе. Ја држите контролата во свои раце на деловен план и со леснотија ги извршувате задачите. Вложувајќи минимален напор, ќе остварите максимални резултати. Здравствената ситуација се подобрува.
Риби
Доколку се свртите кон духовната страна на животот, може да очекувате позитивни резултати. Во спротивно, грубото материјално ниво нема да ве задоволи. Поволните околности и понатаму влијаат врз текот на деловните случувања. Само што помисливте да се откажете од нешто, кога се појави личност која ќе ви понуди помош. Очекувајте пријатна вест.
|