Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Анализа на „Утрински“

На Црвенковски нема да му биде лесно

Лидерот на СДСМ треба да најде начин како да го држи во кондиција опозицискиот фронт до следните избори

Александра М. Митевска



Нема да му биде лесно на Бранко Црвенковски откако делегатите на Kонгресот во Битола му дадоа речиси едногласна доверба, и покрај тоа што изборите на 5 јуни не резултираа со смена на власта. Со завршувањето на 13. Конгрес на социјалдемократите затворено е и прашањето за одговорноста за изборниот резултат.

Меѓу редови може да се прочита дека делегатите премолчено се согласија дека им избега од контрола принципот на лидерска одговорност за изборен пораз што го воспоставија кога требаше да замине Владо Бучковски. Социјалдемократите овој пат како да постигнаа консензус дека и натаму ќе се делат на разни фракции и дека ќе ги потрошат најдобрите кадри ако инсистираат да летаат глави по секоја изгубена битка.

Црвенковски и натаму ќе биде на чело на СДСМ - и на следните избори. Веројатно, прв нареден тест за него ќе бидат локалните избори во 2013 бидејќи д��тогаш тешко дека ќе се иницираат нови предвремени парламентарни избори. Значи, на поранешниот претседател и премиер му претстојат уште две години во опозиција на сите нивоа - период во кој тој ќе треба да ги влече конците надвор од парламентот, бидејќи не се кандидираше за пратеник. Негова обврска отсега ќе биде да најде начин како да го држи во кондиција опозицискиот фронт и како да се достигне високиот праг од близу 450 илјади гласa што станаа неопходни за изборна победа. Тоа нема да биде едноставна работа во амбиент кога опозициските ставови се' потешко се пробиваат во јавноста.

За време на паузите на Конгресот, кој целосно се одвиваше зад затворени врати, Црвенковски изгледаше релаксиран: се дружеше и се сликаше со сопартијците, неколку пати ја напушташе салата за да запали цигара и на шега се пожали дека му е жал што не успеал да го смени Законот за забрана за пушење на јавни места. Но, неговото искуство и политичкиот инстинкт сигурно му говорат дека го чека напорна работа ако планира како победник да се симне од партискиот врв.

Поранешните лидери на СДСМ Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев, најверојатно, нема да му ставаат сопки на тој пат. Зад кулисите на Конгресот во Битола навистина се наѕираа три групации во партиското раководство: nа една страна Црвенковски со Игор Ивановски, Горан Минчев, Наташа Савова, Емилијан Станковиќ..., на друга, Шекеринска со Дамјан Манчевски, Јани Макрадули, Весна Бендевска..., на трета Бучковски со дел од сдсмовските градоначалници - Стевчо Јакимовски, Александар Петровски, Зоран Дамјановски... Но, впечаток е дека на крајот od денот сите се согласија дека „за проблемите треба да се дебатира во партијата, а не преку медиумите“ и „дека мора да се зачува единството, бидејќи така полесно ќе се издржат ударите на власта, кои сега ќе бидат уште посилни“.

Главното прашање што си го поставуваа делегатите пред почетокот на Конгресот беше дали ќе се појави Шекеринска, кандидатката за премиер на неодамнешните избори или, пак, ќе се оправда дека не можела да дојде бидејќи vo изминатиот викенд била во Атина на форум на Социјалистичката интернационала, чиј потпретседател е. Шекеринска, сепак, успеа навреме да стигне во Битола и со својата дискусија пред Конгресот да ги демантира оние што се сомневаа дека таа и Црвенковски ќе си свртат грб. Не бил многу гласен ниту „кружокот“ околу Бучковски, кој сам влезе во фоајето на Домот на културата, а на Конгресот беше поканет само како гостин. Бучковски претходно се залагаше да се направи сериозна анализа за причините за изборниот пораз, но за волја на вистината, ниту тој не бараше заминување на Црвенковски.

Исходот од тајното гласање во Битола, меѓу другото, би требало да сигнализира дека меѓу членството Црвенковски има повисок рејтинг од партиското раководство, во кое седат голем дел од кандидатите за пратеници на овие избори. Ако за Црвенковски имаше само шест гласа „против“, на Централниот и на Надзорниот одбор им беше изгласана поддршка со 25, односно 32 гласа „против“ од над 560 делегати што дојдоа во Битола. Според оцени на партиски функционери, тоа е добар знак за долгогодишниот лидер бидејќи делегатите процениле дека тој, сепак, имал големо влијание за поправање на опозицискиот биланс за околу 150 илјади гласа, и покрај тврдењата на политичките противници дека „ликот и делото“ на Црвенковски се најголем хендикеп за СДСМ.

Првичните и неофицијални најави од партијата се дека во блиска иднина не треба да се очекуваат поголеми кадровски поместувања во СДСМ бидејќи една од главните поенти на Конгресот беше дека опозицијата го достигнала максимумот и дека контра себе имала „режим, а не партија“. Сепак, ќе се направат обиди и за привлекување нови приврзаници и за експонирање нови лица. Во перспектива се размислува и за проширување на коалицијата со партии што не обезбедија влез во парламентот, но тоа би се случило откако тие политички субјект ќе се консолидираат. Во почетокот од новата фаза опозициско дејствување, социјалдемократите најавуваат дека ќе се фокусираат на програмата со која излегоа на изборите „За подобра иднина“ и дека ќе ги искористат сите механизми за да им ја презентираат на граѓаните (преку непосредни контакти со нив) и дел од решенијата да ги преточат во закони (преку опозициските пратенички групи).


#
Статијата е прочитана 4706 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.07.2011 03:32:49
Ako gi razdelime liderite od partii, ispaga deka Crvenkovski protiv Gruevski gubi, no, VMRO-DPMNE protiv SDSM gubi. Zatoa e mnogu bitno da se analizira zosto e toa taka, a uste povazno e kako da se namalat slabostiet, a podobrat prednostite. Spored moe mislenje, treba uste pogolema profeliranje na razlikite.,tokmu zaradi neopredelenite.
Од: Честитки за Бранко и збогум за СДСМ
Датум: 05.07.2011 07:51:45
На Црвенкоски треба да му се честита за начинот на кој ги стриже СДСМ-овците. Само уште тие му веруваат. Ако успее да иницира уште 5-6 предвремени избори, можеби и на народот ќе му се смачи, па конечно ќе ги изгласа.
Од: девичанецот
Датум: 05.07.2011 08:08:46
Уште еден голем гаф на пензионерот! Ќе го сменел Законот и ќе се пушело на јавни места... Откога се легна со Законот и многу е пријатно човек да појде во ресторан, или на свадба..тој ќе не труел и таму со чад од цигари... А самото излегување неколкупати да запалел цигара...кажува за неговата нервоза. Сепак нека си го прибере кај него Верушот, Џанго, Бузле, Ленче и компанија...тупаницата во розата ќе го нокаутира него самиот..
Од: XXL
Датум: 05.07.2011 08:44:21
Него не грижете го ,стискајте палци на Премиерот и екипата во нивни раце ни е државата.Господ да ни е напомош!
Од: Трпе
Датум: 05.07.2011 09:56:22
Без непотребни дискуси,самиот господинот Црвенковски знае дека го чека многу тешка задача.Но тој не се плаши како дел од позиционите лидери од тешка работа која му престои во партијата.Тој успешно ке ги извршува работите со тимот кој му верува а и тој на нив.А ова што си трубат посебно дпмне-овците е многу познато тие лаат како кучиња кои лаат од страв.Нивниот проблем е што ќе им продолжат нокните кошмари без разлика што се власт.
Од: Стеван
Датум: 05.07.2011 10:18:18
Ова е најдобар показател каков е менталниот склоп на луѓето што се членови на СДСМ. Во 20 години не се најде еден човек што може да стане претседател наместо Црвенковски. Нека го прогласат Црвенковски за доживотен претседател и нека го вратат старото име, СКМ (или уште подобро КПМ). Не е проблемот во Црвенковски, проблемот е во членството.
Од: Новиот координатор
Датум: 05.07.2011 11:01:11
Цитирам: „на една страна Црвенковски со Игор Ивановски, Горан Минчев, Наташа Савова, Емилијан Станковиќ..., “. Е па многу јак тим имаат во победничкот сдсм. На идните 5 избори тие ќе си бидат на листите и во опозиција, а овците на конгрес ќе им аплаудираат. А, заборавив ... и Андреј и Линдита со нив.
Од: do stefan
Датум: 05.07.2011 12:50:37
Stefane gledajgo i proucigo mentalniot sklop na tvoite se prodavaat za 500 den nevidena prostitucija tvojot lider vladee zatoa sto ima takov narod bas so mentalen sklop sprotiven od SDSMOVCITE i da ti kazam vo amerika pretsedatelot i kandidatot za pretsedatel ne izlegoa li na duel vo kampanja tie se otpisani za sekogas a kaj nas nekoj ne prifati duel zatoa sto ke se videse na delo pred kameri i mentalniot skllop i intelegencijata pa bideki sekoj otprilika si znae kaj se naogja i sam odlucuva za javen TV duel toj sto odbiva e onoj koj e na nisko nivo vo sekoj pogled za nego glasaat bas takvi so takov mentalen sklop i lugje pot pritisok i siroti koj za zal se prodavaat za 500-1000 den i go davaat glasot no tie moraat nivniot mentalen sklop nemora da znaci deka e kako na onie prvite stravot i siromastijata si go pravat svoeto osiromasigo narodot i igraj so nego kako sakas toa go rekle svetski poznati umovi e toa go napravi Grujo.
Од: od taras bulba
Датум: 05.07.2011 14:31:25
Abe jas nemozam da svatam so e tolkava buka okolu Crvenkovski koga covekot nitu e na vlast nitu pak odlucuva za nesto sto ne zasega nas toa vo momentov e grujo i kompanija, ili uste ne svakaat deka veke 5 god. se na vlast i mi se ponasaat ko da se opozicija!
Од: laki
Датум: 05.07.2011 14:40:12
Taka e kordinatore samo da sporedima koga pobeduvase sdsm spasov kitanovski handjiski buzlevski ...... a ovie od segasnata ekipa vo svoja ulica da napravat izbori na 50 luge ke izgubat i toa e dokazano poglednete gi izbornite rezultati od nivnoto mesto na ziveenje pa nasmejte se ubavo doma ne gi sakaat a ne vo partija
Од: Честит реизбор Бране
Датум: 05.07.2011 15:35:12
Алал да ви е.Сега е јасно дека сте во право и кога грешите.Така вели Бране.Нека вие честита вечната опозиција и Госпот нека ви е на помош.
Од: Горазд
Датум: 05.07.2011 17:08:40
Дојде времето на индиската поговорка ; прост народ силна Држава. Ако народот е толку осиромашен да си ја продава честа за 500 или 15оо денари се едно е тогаш не ни треба ни Држава. Нека се прошета некој новинар по малешевските села па нека се увери со колку пари се купуваше глас.Не смеат да лажат барем тие од Будинарци ако веруваат во Бога оти тој ден беше Пресвета(слава на селото). Нека ни е наздравје демократурата.
Од: milko
Датум: 05.07.2011 20:54:28
a koj drug ke bese imaat li drug i ako bese ke bese od familijata ili od vecnozaglavenite vo mekite fotelji.poglednete gi delegatite, se provereni ili rodnini nivni.

Најди! во Утрински
Насловна
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Во што се вљубуваме?
Полицајците да бидат љубезни со странците
Делбите по патриотска линија
Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
За грчките пратеници нема криза
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""