Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Атина

За грчките пратеници нема криза

05.07.2011, 12:45

ГРРепортер објавува дека пратениците во Грција и покрај огромната економска криза и заканата за банкрот на државата, добиваат огромни плати и бенефиции.

Бруто месечниот приход на еден пратеник изнесува 9.869 евра, а поради рецесијата нивната плата е за 1.600 евра помала од минатата година.

Грчките пратеници земаат пари и за учество во парламентарни комисии, а тие дополнителни примања во просек изнесуваат по 1.200 евра. Доколку кон тоа се додадат и патните трошоци, секој пратеник државата годишно ја чини по 118.434 евра. Грчкиот Парламент има 300 пратеници.

Освен овие пратеничките привилегии, пратениците користат и автомобили, кои им ги обезбедува Парламентот со лизинг програми, а тие исто така можат во своите кабинети да назначат по еден научен соработник и четворица државни службеници, како и еден полицаец.

Секој пратеник дури и по само едем мандат има право на две пензии, една пратеничка и една од неговиот професионален стаж.

Друга категорија високоплатени службеници се членовите на админи��трацијата во Парламентот. ГРРепортер посочува дека 1.333 лица, од кои само 75 проценти се со постојан договор за работа или со договор на неопределено време, добиваат по 16 плати годишно и серија додатоци, како тие за вонредни компензации, за работа со компјутер, за одговорно место, за стаж и за патни трошоци. Буџетот само за основната плата на овие службеници изнесува над 25 милиони евра, односно по над 19 илјади евра за вработен.

Службеник на Парламентот, кој се пензионираше само пред неколку дена со стаж од 28,5 години добил пензија од 5.169 евра. За споредба, сајтот, наведува дека претседателот на Врховниот суд за истиот стаж добива околу 400 евра помалку.

Службениците во Парламентот освен тоа два пати добиваат еднократен надомест при пензионирањето, еден од касата за поддршка на службениците во законодавното тело и втор од Заедничката каза за помош на државните службеници.




#
Статијата е прочитана 565 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
На Црвенковски нема да му биде лесно
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Во што се вљубуваме?
Полицајците да бидат љубезни со странците
Делбите по патриотска линија
Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""