Париз
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
05.07.2011, 13:19
Француската писателка Тристан Банон ќе поднесе жалба за обид за силување против поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс Кан, открива нејзиниот адвокат. Банон го обвинува Строс Кан дека се обидел да ја нападне додека таа се обидувала да го интервјуира во стан во Париз во 2003 година.
Строс Кан вели дека ќе ја тужи Банон поради давање лажни изјави. Тој неодамна беше ослободен од домашен притвор во Њујорк во друг наводен случај. Тој негира дека сексуално ја нападнал собарката на 14 мај.
Кратко време откако Строс Кан беше уапсен во Њујорк, Бенон истапи со изјава дека тој се обидел и неа да ја нападне. Таа тогаш не отишла во полиција, меѓутоа, ги презентираше овие обвиненија во ТВ шоу во 2007 година, кога името на Строс Кан беше спомнувано.
Адвокатот на Бенон, Давид Коуби, во понеделникот изјави дека таа му дала инструкции "да поднесе официјална кривична тужба за обид за силување" против Строс Кан. Тој додаде дека тужбата вчера беше поднесена до париското обвинителство. "Овие работи се крајно сериозн��", изјави Коуби, додека ги обелоденуваше правните чекори во Франција. "Овие настани беа комбинирани со насилство што е апсолутно забележително за овој вид на случај". Тој додаде дека наводниот инцидент се случи во февруари 2003, а не во 2002 година, како што претходно било посочено.
|