Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија

Ото фон Хабсбург, син на последниот австроунгарски цар, кој долго време беше на чело на едно од највлијателните семејства во Европа, почина вчера на 98 години во својот дом во Баварија.

Ото фон Хабсбург е син на Карло Први, последен император на Австро-Унгарија и наследник на династијата Хабсбург. 

Роден во 1912 година Ото фон Хабсбург го гледаше падот на Хабсурговците кои беа протерани во егзил по Првата светска војна. По укинувањето на монархијата во Австрија и во Унгарија, заедно со семејството живеел во повеќе европски држави, а од своја деветгодишна возраст, по смртта на татко му, е носител на династијата. Се насели во баварскиот град Пекинг во 1950-те, а потоа стана член на Европскиот парламент од редовите на баварската Христијанско-социјална унија

Ото фон Хабсбург е познат како противник на нацизмот. За тоа доби смртна пресуда од Хитлер. Беше жесток борец и против комунизмот по Втората светска војна. 

Фон Хабсбург беше пратеник во Европскиот парламент од 1979 до 1999 година, а ��д 1973 до 2004 година и претседател на Паневропската унија, движење почнато во 20-тите години од минатиот век, кое се бори за обединување на европскиот континент, врз основа на заедничките вредности. Движењето, под негова закрила, активно учествуваше во уривањето на комунистичките режими во Источна Европа, и особено во уривањето на Берлинскиот ѕид. Ото фон Хабсург и неговата сопруга Регина која почина минатата година имаат седум деца. Најстариот син Карл сега ги води работите на семејството и е на чело на Куќата на Хабсбург од 2007 година.

Даде силна поддршка за независноста на Република Македонија и нејзин брз прием во ЕУ. Својата прва посета на Македонија ја имаше набргу по независноста, во раните 90-ти години од минатиот век. Неговите потомци, синовите Карл и Георг, како и една од ќерките - Валборга, исто така, се постојани поддржувачи на Македонија.

За исклучителниот придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија и за промоција на нејзината европска иднина преку неговиот ангажман како претседател на Паневропската унија и член на Европскиот парламент, македонскиот претседател Ѓорге Иванов го одликува со Орденот за заслуги за Македонија.

Хабсбург ќе биде погребан на 16 јули во Императорската гробница во Виена. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 1107 пати.

Испрати коментар

Од: Nake Tufekciev
Датум: 05.07.2011 00:11:07
Slava mu ja podrzuvase Makedonija Ото фон Хабзбург беше носител на највисокото семакедонско признание почесната титула „Македонски Сенатор“ и највисокото семакедонско одликување - златен орден со лента „Големо сонце на Македонската Империја
Од: Baze
Датум: 05.07.2011 12:00:15
Слава му! Изгубивме голем пријател но за среќа читам и синовите биле пријатели на Македонија.

Најди! во Утрински
Насловна
На Црвенковски нема да му биде лесно
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Во што се вљубуваме?
Полицајците да бидат љубезни со странците
Делбите по патриотска линија
Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
За грчките пратеници нема криза
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""