|
|
|
|
|
|
Муслиман за еден месец!
На програмата од социјалната група „Блад фаундешјн“ учесниците добиваат религија на „проба“
Повик за молитва се слуша од џамијата Ејуп во Истанбул и локалните муслимани се собираат на мермерниот плоштад пред неа за молитва. Мажите на една страна, жените на друга, се собираа на простирки за петочната молитва. Меѓу нив оваа недела има неколку лица што изгледаат не толку сигурни за тоа што ќе следува потоа.
Барбра Тејлор од Хаваи и Тери Голдсмит од Бери, Грејтер Манчестер, се двајцата од нив. Тие не се муслимани, туку гости веќе девет дена. Ова е дел од „Еден месец муслиман“ - програма од социјалната група „Блад фаундешјн“, каде што учесниците добиваат „проба“ на религија. „Доаѓајќи тука за да го изведам овој процес, некои од моите пријатели се посомневаа во тоа и ми велеа ’дали си луда? Зарем не одиш во непријателска територија?’“, вели Тејлор. „Тие сметаат дека секој што дури и оддалеку е поврзан со муслиманската вера е терорист. Јас едноставно почувствував дека оваа програма е интересна за мене, и се интересирам за Турција, и исто така чувствувам дека постои недоразбирање околу можеби втората најголема религија во светот“.
За Голдсмит промената на амбиентот дома беше причина што го инспирираше за ова патување. „Една од работите е дека има голем број на муслимани во областа каде што живеам“, објаснува тој. „Јас не знам многу за тие луѓе и би сакал да научам нешто за религијата и културата“.
Учесниците се молат, постат, имаат предавања од образовани луѓе, муслимани, и го минуваат времето со локални турски семејства. Повеќето од нив се тука за прва средба со исламот, додека, пак, други за подлабоко разбирање на културата на суфите во Турција.
Масуд Таџ е архитект од Канада, воспитан во духот на муслиманството во Индија. Имаше голем број прашања зошто тој имал потреба да стане „еден месец муслиман“. „Мојот прв одговор беше дека сум збунет, искрено“, вели тој. „Јас бев збунет нешто што ние го сметаме како многу свето - религијата, може да стане нешто слично на трговски центар - пробајте го ова еден месец. Ова навистина изгледа како многу постмодерен феномен, но откако сте тука ве опфаќа со сопствениот поглед на светот, па мислам дека е тоа е фасцинантно“.
Како и повеќето учесници Таџ смета дека Турција е токму вистинското место да се одржи овој курс. Ова можеби немаше да функционира во други муслимански земји. Имаше тешки моменти за учесниците; некои жени сметаа дека е несоодветно да бидат одвоени од мажите во групата. Организаторите, пак, наведоа дека сево ова е дел од искуството. „Мислам дека ова се многу невралгични точки кои честопати ако не бидат надминати на соодветен начин може да излезат надвор од контрола“, вели Бен Боулер од „Блад фаундејшн“. „Разликата е да се држите до тоа и да го надминете тоа, и секако тука е елементот како жените се третирани во религиска смисла во исламот, што е поразлично од она што би можеле да го очекуваме во нашата култура, но тоа е поентата на културната размена, бидејќи ако беше исто немаше да биде интересно“.
Тејлор вели дека со себе ќе понесе поинаков поглед на светот, иако нема да врши притисок за ова прашање кај нејзините пријатели дома во Америка. „Оваа тема се' уште е пречувствителна“, вели таа. „Навистина научив многу на ова патување. Бевме целосно импегрирани – се молевме во џамија, жени ни покажуваа што да правиме, ова навистина беше вистинско отворање на очите за мене на еден позитивен начин“.
Меѓутоа, организаторите посочуваат дека станува збор за сериозна работа. Насловот „Еден месец муслиман“ одби многу луѓе, каде што делови од туристичката индустрија одбија да ја промовираат оваа програма поради несигурноста што го опкружува исламот во некои делови. „Еден месец суфи“ ќе почне да се организира како алтернатива, а плановите за „сик за една недела“ се во тек. (Би-Би-Си) |
#
|
Статијата е прочитана 2925 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 05.07.2011 04:23:06 |
|
Mi, si brkat Martiri, koi nema da gi uzbudat granicnite zakoni i sumnji.
Budali ima na sekade i vo sekoja religija.
Za zal, site Filozofi, ne sakaki, se pod religijska
emocionalna potega na simpltonite.
Ke ratuvame se dodeka ne se civilizirame.
A toa e koga istorija ke bide bez religija.
Se dodeka parite odat za religija, ke ni bide tesko da se otkurtulisame od Martiri. Oti emocijata e naj jaka
inicijativa. Pa togiska, Um vo glava, bre, |
|
|
|
|
|
|
Од: mkd |
Датум: 05.07.2011 07:32:04 |
|
Pa sto ne napravat bidi Hristijanin na mesec dena pa 10 dusi muslimani a 10 hristijani pa da sporeduvaat.
Vaka e ednonasocno |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован |
Датум: 05.07.2011 13:13:44 |
|
Ова не е фудбалска лига па ќе навивам за еден или за друг клуб. Една вистина носи до Бога а тоа е само Христијанството(правоверното=православното). Се друго е губење време. |
|
|
|
|
|
|
Од: Realist |
Датум: 05.07.2011 14:22:38 |
|
Religijata e otrov za slabite luge,lugeto koi emocijnalno se iscrpeni,se molat na boga,jas sum ateist no gi pocituvam pravata na sekoj poedinec da veruva kako sto saka.Poznavam dosta Muslimani(celi Familii) i navistina veruvaat,ama i tamu ima Ogi koi imaat race i usta Race da zemaat pari usta da jadat se pred niv,taka da tie luge davaat i po 10% od svojata plata,i sto se sluci,eden od tie agiite im prodade biznisi na hartija na mladi luge koi go veruvaa gi izgore Lugeto go prasav komsijata sto bidna tolku e neraspolozen,mi veli Gospod ke mu plati,e ke mu plati mu velam so 2 mercedesa vo Garaza od po 200 iljadi Dolara,nadevajte se i davajte po 10% od platata,mi veli ako ne dadam site ke me gledaat na krivo koga ke odam vo Gamijata,mu velam Muxamede 50 godini rabotis i vaka da te izlaze Bratucedot,a toj pak Gopod ke mu plati e toa ti e religija,ta taka i nasite popovi i Vladiki se rastrcale po svetot sakat da stanat Rim,da stvorat Centralna vlast i da pravat sto ke im tekne. |
|
|
|
|
|
|
Од: anonimus |
Датум: 05.07.2011 21:37:19 |
|
do Tina
zbuneta sum pa moram da prasham :koj jazik toa vie go zboruvate,makedonskiot ne ke da e? |
|
|
|
|
|
|
|
|