|
|
|
|
|
|
Се бројат деновите до нова влада
Груевски, најверојатно, до крајот на неделава ќе ги обелодени составот на кабинетот и владината програма
Светлана Унковска
Мандатарот за состав на новата влада, Никола Груевски, најверојатно, до крајот на неделава до Собранието ќе ги достави списокот со министри во новиот владин кабинет и новата владина програма. Рокот од 20 дена за составување на новата влада тече откако пред точно една недела шефот на државата, Ѓорге Иванов, му го врачи мандатот на Груевски. Тогаш беше најавено дека персоналниот состав на новиот кабинет ќе биде објавен многу порано.
Коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се во завршни преговори, а освен договорите за првиот и за вториот ешалон на власта, останува и распределбата на некои од директорските места и функции во фондовите и во агенциите. Но, токму тука работите како да запнаа бидејќи најголем проблем е поделбата на најчувствителните функции во Министерството за внатрешни работи - Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за јавна безбедност. ДУИ инсистира да ги добие токму нив откако министерството остана во рацете на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Уште пред да почнат преговорите, интегративците рекоа дека нивни принцип ќе биде да има баланс во власта. Во двете партии и натаму владее молк околу тоа до каде се со разговорите, но дознаваме дека главен камен на сопнување во разговорите меѓу двете работни групи се токму распределбата на овие две управи во МВР. Вицепремиерот за Рамковен договор, Абдулаким Адеми, викендов, единствено, обелодени кои министерски ресори ги добила ДУИ, што е веќе познато. Тој, сепак, открива и дека се' уште не е договорена заедничка владина програма што фрла сомнеж дека и во овој дел работите не одат мазно, и покрај тоа што и самиот Адеми тврдеше дека двете партиски програми се компатибилни и дека ќе биде многу лесно да се усогласат. Од ВМРО-ДПМНЕ има информации само дека во своите министерски редови ќе има многу изненадувања и освежувања, но не откриваат кои ќе бидат адутите на партијата на Груевски.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вчера имаше средба со координаторите на пратеничките групи, на која е договорено в среда да биде закажана седницата што ќе има само формален карактер за утврдување на бројот на потпретседатели на парламентот и за донесување одлуки за формирање на собраниските работни тела, делегации и пратенички групи за меѓународна соработка.
Од Кабинетот на Вељаноски велат дека не можат да кажат кога ќе биде закажана седница за избор на новиот владин кабинет бидејќи се' уште не добиле дописот од мандатарот. Парламентот и натаму ќе има тројца потпретседатели од кои еден задолжително ќе биде од редовите на опозицијата. Најверојатно, на тоа место повторно ќе биде Јани Макрадули. |
#
|
Статијата е прочитана 3313 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradsko |
Датум: 05.07.2011 01:26:11 |
|
Neka raboti novata vlada za podobar zivot na graganite a ne samo za odredeni luge bliski do vladeackata VMRO-DPMNE... |
|
|
|
|
|
|
Од: petre |
Датум: 05.07.2011 08:42:36 |
|
najdobro e se da se dade na DUI |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 05.07.2011 09:10:36 |
|
Spored prof. Uzunov, na Vladata ke i treba dvoen budzet za da gi ostvari svoite vetuvanja! Namesto 2.6 milijardi evra , toa se 5.2 miljardi evra! Spored mene, za izleze od populistickiot socijalen i administrativno partiski komunizam, na Makedonija i trebaat i dopolnitelni nekolku milijardi vo optek za da se razdvizi ekonomijata, potrosuvackata, stopanstvoto ! So "normalna kolicina pari vo optek" bi se anulirala potrebata od raznorazni "vrednosni pisma" kako sto se receptite, zelenite kartoni, raznoraznite potvrdi za socijalna pomos, potvrdi za subvencii i drugi supstituti za normalnite pari so koi bi trebalo da raspolaga edno kapitalisticko opstestvo. Taka, bi prestanala i potrebata Vladata da drzi tolkava administracija koja gi opsluzuva (maltretira) korisnicite na "socijalnite pogodnosti" . No, so ogled da Vladata nesaka realna monetarna politika, saka administracija i politicki soc. programi i siromav narod , seto toa ke go proglasi za neizvodlivo.Kolku dolgo ke trae Vladata? |
|
|
|
|
|
|
Од: davidov |
Датум: 05.07.2011 10:11:22 |
|
Им седна во скутот,е па нека ни е наздравје-Браво Грујо дотолчи не.... |
|
|
|
|
|
|
Од: верен исток |
Датум: 05.07.2011 10:17:22 |
|
И пак сите главни позиции нека се дадат на оние општински комитети кои не покажаа резултати на изборите,на Охриѓани,Прилепчани,Битолчани и на господата од Скопје...а верниот исток и малите градчиња во ИЕ 3 кои донесоа огромни победи за ВМРО-ДПМНЕ сега а и секогаш во минатото,како да немаат никакви кадри и служат само за трчање на избори и извршување задолженија...Ништо не се вложува посериозно за народецот овде,па и на крајот ниедна поголема функција за овие краишта..Срамота е вака браќа и сестри од централа-Незадоволството ќе биде огромно доколку не се испочитува верниот исток!!Колкумина има во извршниот од тројката по глава на жител???колкумина биле министри одовде???Охрид,па пак Охрид,а таму губат една деценија-мизерија!!!Или Аеродром??Го позлативте и за влакно се спасија??Кој колку изработил-тоа се гледа!!Внимавајте со потезите повлечени кон истокот!!Да не ве изненади ако пред штабот во Скопје ви дојдат 5000 разочарани членови одовде!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: miki |
Датум: 05.07.2011 11:35:32 |
|
Zamislete DUI ima 15 pratenici ,a ke ni zeme 15 ministerstva(mislam so se zamenici i sl.) a i uste 30 i povece direktori .Dobri sme. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do veren istok |
Датум: 05.07.2011 12:59:21 |
|
Za koj kadri zboruvas najgolemiot potkup na glasacite se sluci bas tamo,za siten denar ve kupija no znaj sega ke se vrakaat dolgovite ne dvoen troen budjet nene pere no dali ostanuvas komentator i togas da vidime sti ke komentiras za 1 g koga definitivno i bankrotirame nema bre Istok od kredit a bez nikakva investicija sto nosi razvoj nema zivot vo ekonomijata nema milostinje ili rabotis stedis i zivees ili trosis zemas nezaraboteno i po nekolku godini propadjas e toa mnogu dobro go znae grujo no drugi mu ja vodat rabotata pa zatoa ke propadne da trosis a da ne rabotis toa go nema nigde.Koj ke rani 150000 adm. i 300000 penzioneri si se zaprasal li ke seknat i kreditite nie nesme Grcka pa da prodavame pa da vrakame od populizam nikoj ne ziveel poveke od 5-6 god tolku trae toj period . |
|
|
|
|
|
|
|
|