Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Делбите по патриотска линија

Слободан Најдовски

И кај Македонците и кај Албанците секогаш имало делби. Поделбата е по различни основи

Кога се споменува зборот делби во Македонија, прво што паѓа напамет се делбите врз основа на различна етничка припадност и поделбите на патриоти и предавници во самите етнички заедници.

За делбите и за конфликтите по етничка линија, посебно меѓу Македонците и етничките Албанци, во минатото најмногу се зборувало. Тие постојано биле присутни и кога се живеело во пошироката заедница, но и од осамостојувањето, па до денес. Таа тема е постојано актуелна и не треба да се потценува бидејќи сонот за големи држави на Балканот кај некои народи и етнички заедници се' уште е присутен. Особено денес кога се заговора поделба на Косово и создавање на Голема Албанија, се' уште вирее во нечии глави, македонската политика треба да биде многу внимателна.

Од денешен аспект е интересна и поделбата, која по различни основи постои во самите етникуми, односно кај македонскиот народ и албанската етничка ��аедница.

И во двата случаја, поделбите на патриоти и на предавници се стари теми што се палат во даден момент и се користат за остварување на одредени политички интереси.

Кај македонскиот народ најчесто предавниците се доведуваат во врска со нивниот однос кон политиката на соседните држави и големите сили. За жал, во минатото, но и денес е доволно да се спомене и мала позитивност за политиката на некој од соседните држави и човек да биде прогласен за предавник. Имало и многу апсурдни ситуации. Така, само во еден ден се менувала политиката и тој што до вчера бил најголем патриот многу брзо бил прогласуван за предавник. Од денешен аспект, актуелна е и поделбата на патриоти и на предавници во зависност од односот по прашањето за соработката со претставниците на политичките партии на етничките Албанци.

Слична, ако не и идентична беше и состојбата меѓу припадниците на албанската етничка заедница. Најголемите предавници на албанските интереси, според дежурните патриоти, во поранешна Југославија беа оние што работеа во институциите на тогашната држава. Таа поделба е присутна и денес, но надополнета е и со односот на Албанците во државните институции на македонската држава. Во зависност од тоа која политичка партија на етничките Албанци е во владата, се менуваат и „бранителите“ на албанските интереси и прогласувањата на патриоти и на предавници.

Иако ќе останат присутни и натаму делбите по патриотска линија, некои други конфронтации меѓу етникумите, но и во самите нив, иако не им се придава значење, заслужуваат внимание.

Една од конфронтациите е и таа што произлегува од диспаритетот во рамномерната регионална развиеност на државата и разликите во степенот на развојот меѓу главниот град и останатите региони. Тесно поврзана со оваа конфронтација е постојано присутната тема за територијална припадност на политичарите од висок ранг и влијанието што го имале во распределбата не само на политичката, сфера туку уште повеќе во финансиската. Двете теми се присутни и меѓу Македонците и меѓу Албанците.

Кога би разговарале со моите битолчани за територијална лоцираност на државните вложувања, ќе го искажат својот револт со констатација дека владините институции единствено мислат на Скопје и во поново време на Штипскиот и на Тетовскиот регион. На прашањето за тоа од која регија се политичарите што имаат одлучувачко влијание, веднаш од прва ќе ви одговорат дека тие се од Скопје и претежно со потекло од источниот дел на Македонија.

Додека, пак, ако ова прашање им го поставите на граѓаните од албанската етничка заедница, до скоро ќе одговореа дека Тетово е центар на донесувањето на политичките одлуки, но сега работите се измешани.

Колку има вистина во ваквите тврдења и кај двата етникума? Гледано од аспект на носителите на највисоките државни функции во независна Македонија, но и во поранешната југословенска заедница, аргументите се на страната на оние што тврдат дека политичката, но и финансиската моќ е концентрирана кај луѓе што се или потекнуваат од источниот дел на државата. Така, од четворицата носители на највисоката по устав функција во државата, претседател на Македонија, тројца се со потекло од источна Македонија. Кај втората по ранг функција во државата, претседател на Собранието постои некоја избалансираност во територијалната распореденост. Кога е во прашање највисоката извршна функција во државата, односно премиерската, доминацијата повторно е на страната на кадрите што се родени или потекнуваат од македонските источни краишта.

Кај албанскиот политички кампус од осамостојувањето на Македонија до 2002, центарот на одлучување е Тетово, со незначително учество на некои кадри од околината на Скопје. Седиштето на првите политички партии на етничките Албанци беше токму во Тетово, а и лидерите на главните партии до конфликтот во 2001 година беа од тој град, родени таму или доселеници од Косово. Ривалитетот меѓу кадрите од другите градови, посебно од Гостивар и од Струга постоеше, како што беше случајот во ДПА, но тој беше амортизиран со отстранувања на политичарите што и' се спротивставуваа на тетовската политика. Идентично како и со политичарите од македонската политичка сцена што ќе и' се спротивстават на партиската централа во Скопје.

Со формирањето на ДУИ, главните креатори на политиката на Албанците се од кичевскиот дел, надополнети со влијание на поединци од Липковско-карадачкиот регион.

Во конфронтацијата и ривалитетот меѓу Тетово и Кичево, како „оштетена страна��� се почувствува Гостивар. Токму тоа е и една од главните причини за формирањето на партијата на гостиварскиот градоначалник Руфи Османи. Се разбира, и кај него останува залагањето за албанската кауза што е заеднички именител на сите партии на етничките Албанци во Македонија.

Битката за регионална моќ во политиката и финансиите албанските политички субјекти во Македонија ќе ја водат во две насоки.

Првата е започната со преговорите за формирање на новата влада и ќе биде водена со партиите од македонскиот блок. Таа битка ќе биде за прераспределба на државниот буџет по национална припадност на населението, која е многу опасна за унитарноста на државата и претставува повлекување на ортомата, која некој треба да ја згазне за да има кавга. Втората е за внатрешна, меѓуалбанска доминантност во регионите во кои живеат Албанците и нејзината реализација започна со локалните избори за да продолжи на парламентарните.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1333 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 05.07.2011 00:32:56
доволно да се спомене и мала позитивност за политиката на некој од соседните држави и човек да биде прогласен за предавник! Komentar: " Bugari pocnale da gi tepat i kolat Makedonskite uciteli? lekari? i drugi luge od ucen kadar” ?! Rechisi celata inteligencija od Makedonija po Prvata svetska vojna Srbite i Grcite ja izterale VO Bugarija, kade tie stanale profesori, pisateli, akteri, politichari, premieri! Poklon za tie 80 antifashisti, pred se mladi komunisti, utepani za vreme na Bugarskiot fashistichki rezhim 1941-1944. Megju niv imalo Srbi i Albanci. Dali imalo izjasneni Makedonci? Chovekot koj shto ja pochnal antifashistichkata soprotiva se narekuval… Asparuh (Josifovski). Dali negovite majka i tatko gi mrazele “Mongolcite”? Megjutoa prvite ljuge od zholtata rasa na Balkanot – Tatarite se pojavile vo 13 vek koga ja napadnale Bugarija za vreme na Konstantin Tih, Skopskiot boljar izbran vo 1257 za car na Bugarija...
Од: Миле - Охрид
Датум: 05.07.2011 02:48:48
Чуму ти се провокации и поттикнување на национална и верска омраза како и поделба на на народот? Во која соседна земја, која успеала да постане членка наНАТО и/или ЕУ, е дозволено ширење лаги за наводните неостварени права на некои малцинства какви што ги пласираш ти? Направи споредба на таквите права таму и кај нас, па ќе се знае. Направи споредба и сега и во минатото. А, сите тие се мултиетнички најмалку колку и Македонија. Во која соседна земја која успеала да влезе во НАТО и/или ЕУ било дозволено некој да и го оспорува нејзиното право - историјата на таа територија да ја чувствува како своја? Таму, веројатно, не било дозволено да мешетарат такви деструкти��ци и подбуцнувачи како тебе. Затоа тие се во НАТО и/или ЕУ. На таквите како тебе, на изборите, народот ви го покажа патот. Заминете.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.07.2011 03:16:46
Za pogolemiot vid na podelbi, navedeni vo kolumnata, lekot e OTVOREN BUXET. Sledete go, Ve molam, procesot na PATRICIPATIVNOTO BUXETIRANJE. I toa, posebno za centralniot, a posebno za lokalniot Buxet. Brzo, ke se vidat dve raboti: prvo, ne samo to kako gragani ne sme vkluceni, tuku, vtoro, vooopsto ili sosema malku imame informacii za toa kaj se trosat nasite pari? Ke se zabekezji i nesto drugo: nekogasniot minister za finansii Gruevski, barem deklarativno se zalagase za otvoren Buxet, a denes?

Најди! во Утрински
Насловна
На Црвенковски нема да му биде лесно
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Во што се вљубуваме?
Полицајците да бидат љубезни со странците
Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
За грчките пратеници нема криза
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""