Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економиј��
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Свет меѓу корици

Во што се вљубуваме?

Невена Поповска

Несекојдневни возбудливи приказни за љубовта, растењето и семејниот живот, за градското секојдневие и за изненадувањата и настаните што на ликовите им го менуваат животот се содржина на романот „Во што се вљубуваме“ од Роман Симиќ. За ова дело Симиќ во 2005 година го доби престижното признание за најдобра прозна книга на „Јутарњи лист“ во Хрватска, а кај нас го објави издавачката куќа „Македонска реч“.

„Во што се вљубуваме“ е силна, мрачна и главно безнадежна книга. Единаесетте приказни меѓу себе мошне се разликуваат, така што читателот на крајот има претстава дека прочитал единаесет различни книги. Единственото што ги поврзува е авторскиот ракопис на Симиќ во кој провејува елегантна тага. Тој е мајстор за дијалог и атмосфера, а најмногу од се прецизен аналитичар на неизреченото, писател кој не бега од силните емоции. Во конкретен и препознатлив простор Симиќ пишува хроника за меѓучовечките односи и на интересен начин ни покажува што се крие во премолченото...Тоа се приказни за љубовта без која не е можно, а со која не е ни лесно. Во исто време, овие приказни, исполнети со љубовни копнежи и сцени на страдање поради љубовта и неисполнетоста, раскажуваат за тоа како почнува љубовта и кога завршува таа. Во овие раскази за љубовта и таинственоста, меланхолијата и нежностите, копнежите и потрагите по можен мир секогаш се открива напрегнатост што им дава посебна сила и драматургија. Тоа се раскази со впечатлив стил со силна психолошка основа, низ кои постојано провејува прашањето: „Di she cosa c‘innamoriamo, caro mio?(Во што се вљубуваме?)“ -што го поставува бабата на главниот лик во приказната под наслов „Лице“.

Роман Симиќ е роден во 1972 година и во моментов е уредник на литературното списание „Форум“, уредник и организатор на Фестивалот за европски краток расказ, а работи во издавачката куќа „Профил“. „Во што се вљубуваме“ е негова втора книга раскази, а пред неа ја објави збирката „Место на кое ќе ја поминеме ноќта“.

„Терминот ’мрачно враќање дома‘ често се споменува кога станува збор за ’Во што се вљубуваме‘, вели Роман и продолжува: па, се поставува прашањето зошто? Според мене, пооптимистичен заклучок би бил дека најпосле и јас сум се приклонил кон логиката и паметот, бидејќи кај нас ако пишуваш поинаку веднаш те прогласуваат за чудак или ретка ѕверка. Оној осамениот реалист во мене вели: ’ се обидов да говорам за нештата кои ми се битни на начин на кој јас сакам, заедно со бонусот: и луѓето да ме разберат‘. И покрај се наивно верувам дека мојата книга може некому да му значи едноставно затоа што во неа сум до крај и како писател и како човек. Еднакво наивно верувам дека книгите може да го променат светот“.

„Во што се вљубуваме е интересно и тешко прашање што Роман Симиќ ни го поставува во книгата, а одговорот треба да се побара на страниците на делото. Збирката преку единаесетте раскази кои се мошне мрачни и тажни, ни нуди и мошне животни и секојдневни настани во кои секој читател може да се препознае. Немојте да се изненадите ако читајќи го делото веднаш не сфатите што сакал авторот да каже или зошто ставил точка на некој расказ токму во најинтересниот момент. Можеби затоа што со тоа сака да го натера читателот да ја продолжи приказната на свој начин или можеби затоа што еден ден од таа приказна би се развил роман. Би бил мошне успешен, во тоа. Се разбира, расказите на Симиќ се мошне поволна подлога за почеток на пишување на некоја подолга форма и иако авторот потенцира дека многу го сака краткиот расказ како форма, најавува дека наскоро ќе се впушти во пишување роман чиј главен лик ќе биде љубител на Брус Ли и на Кунг-фу...а дејствието на романот се случува во еден задарски кварт во кој израснал Симиќ.


#
Статијата е прочитана 1409 пати.

Испрати коментар

Од: Хајрие
Датум: 05.07.2011 09:02:14
Да , од сега ќе пишувате за теми како што се: Мрестење на црвеноперката во Касписко Езеро, Распон на крила на шарената пеперутка во Амазонските прашуми, Долгоклунестиот сив орел и неговите седала итн. За греота.
Од: lepa
Датум: 05.07.2011 10:52:49
Hajrie, mozebi ako prochitash nekoja kniga ke se prosvetlish malku. Odlichen napis, ni treba neshto poinakvo. Dosta za Grujo i Branko i taka ne ni begaat. Ako prochitame neshto i ushte ako go razbereme, mozebi ke nauchime da mislime.
Од: citatelka
Датум: 05.07.2011 18:10:08
Dobar tekst, dobra kniga, dobar avtor, dobar izdavac... dobra preporaka..., losi komentari (ne im e mestoto ovde). Navistina, lugjevo od ovaa izdavacka kuca znaat sto objavuvaat, i ako navistina sakate dobra kniga procitajte nesto sto tie objavile. Dobar izbor? Garantiran!

Најди! во Утрински
Насловна
На Црвенковски нема да му биде лесно
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Полицајците да бидат љубезни со странците
Делбите по патриотска линија
Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
За грчките пратеници нема криза
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""