Број 3622  вторник, 05 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Најмалку 35 жртви во двоен бомбашки напад во Ирак

05.07.2011, 15:21

Најмалку 35 лица се убиени, а 30 се повредени денеска во двоен бомбашки напад во ирачкиот град Таџи, во близина на Багдад, соопшти ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Според полициски извори, прво бил активиран автомобил бомба, а непосредно по тоа и втора експлозивна направа.

Нападите биле извршени врз општинската зграда, во која се наоѓа локалното претставништво на службата за издавање на документи за лична идентификација, како и седиштето на општинскиот совет. Бројот на жртвите може да се зголеми.

Таџи, со претежно сунитско население, се наоѓа на околу 20 километри северно од ирачкиот главен град.

Информацијата за нападот се совпаѓа со веста дека месец јуни е најкрвавиот месец за ирачкото цивилно население и за американските војници од почетокот на годината. Во претходниот месец во напади во Ирак загинаа 271 лице, од кои 155 цивили, 77 полицајци и 39 војници, како и 14 американски војници.



#
Статијата е прочитана 126 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
На Црвенковски нема да му биде лесно
Исчезната Хрватка се бара и во Македонија
Новата девојка на принцот Хари
Аплаузи и извици за „Панкот...“ во Карлови Вари
Новинарите излегоа на Марш за солидарност
„Џамироквај“ мина покрај Скопје
Собарката и „ѕверот“
Се бројат деновите до нова влада
Почина Ото фон Хабсбург, наследник на австриската династија
Дејвид Морс
Патувачка голгота
Черешна се од корен корнеше,Кети се за Боби мажеше
Административна такса ќе се плаќа преку смартфон
Во што се вљубуваме?
Полицајците да бидат љубезни со странците
Делбите по патриотска линија
Ѓоковиќ го покори Вимблдон
Сега писателка ќе го суди Строс Кан
Муслиман за еден месец!
Карикатура
За грчките пратеници нема криза
Eдна година затвор за капетанот на „Илинден“ и инспекторот од „Лојд“
Онлајн вести

"""