Флоренс Бруденел-Брус
Новата девојка на принцот Хари
Откако медиумите ја објавија информацијата дека принцот Хари е во врска со моделката Флоренс Бруденел-Брус, осамнаа нејзините фотографии во долна облека на интернет.
Новата девојка на принцот Хари покажа дека навистина си ја знае работата. Оваа 25-годишна манекенка изгледа одлично на фотографиите, каде што позира само во долна облека. Па не е чудно што бившата девојка на Хари, Челси Дејви, изјавила дека се чувствува изневерено зашто принцот нашол нова избраничка, која инаку е нејзина бивша школска другарка. „Хари е прекрасен човек, но ужасен е како момче. Тој не ги сфаќа врските сериозно и не е способен да се врзе“, изјавила Челси за „Мирор“.
Иако помладиот брат на принцот Вилијам досега не важеше за плејбој, изгледа дека тргнал по тој пат. За Флоренс изјавил дека е „забавна русокоса“ и дека многу му се допаѓа. Инаку, таа порано била во двегодишна врска со возачот на Формула 1, Џенсон Батон. |