09.11.2012, 17:31 Интервју - Извлековме поуки од кризата
„Информациите што ги добиваме од Европа не се добри за да може да се очекува брзо заздравување на европската економија, а со тоа и на македонската“, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески
Соња Маџовска Нина Нинеска-Фиданоска
Владата веќе исплатила половина од долгот кон стопанството и по основ на данокот на додадена вредност и по основ на извршени градежни работи и услуги. Ова ексклузивно го објави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во интервју за „Утрински весник“.
„Го исполнивме ветувањето кон бизнисмените и тоа еден месец порано од рокот. Со крајот на октомври, над половина од обврските се веќе исплатени, како по основ на поврат на ДДВ, така и по основ на налози за градежни, комунални и други услуги. Динамиката на исплата ќе продолжи со вакво темпо и заклучно со февруари 2013 година, ќе го исполниме ветувањето кон бизнис-заедницата за комплетно расчистување на обврските“, вели Ставрески.
Првиот финансиер открива и дека Владата воспоставила систем, со конкретни инструкции и до државните институции и до корисниците на буџетските средства за тоа како ќе тече исплатата за да не дојде до повторно акумулирање долгови.
„Да, има системски промени и во тој дел е променето трезорското упатство. На буџетските корисници им се дадени инструкции планирањето на средствата да биде во согласност со обезбедениот буџет за следната година, да не се планираат проекти кои го надминуваат тој буџет. Буџетот и трезорот стриктно нема да примаат налози за плаќања доколку тие не се испланирани и не се во дадените рамки. Тоа се системски мерки што ги презедовме. Очекувам во иднина врз база на направените системски промени редовно да ги извршуваме обврските. Треба да се знае дека Македонија е прва земја во регионот што го реши овој проблем и земја со најмал проблем на акумулирани обврски. Кај другите земји, согласно со информациите што ги имаме, проблемот е поголем, а не е ниту почнато да се решава“. Промовиравте буџет што ќе тежи 2,7 милијарди евра, факт е дека прв пат тој е поскромен за разлика од претходните. Одите и прилично со реална стапка на економски раст од 2 процента. Дали треба ова да се доживее како своевидно отрезнување на Владата и соочување со состојбите и во земјава и во Европа?
Буџетот е реален и ја одразува состојбата и очекувањата за развојот на настаните во европската економија. Кризата претставуваше голем предизвик за сите што се вклучени во правењето на економските политики овие години, бидејќи не се одвиваше според ниту една економска теорија ниту, пак, личеше на кризите низ кои претходно минуваше светската економија. Од сите тие случувања, логично е да извлечеме поуки за тоа како да се справуваме со ваква длабока криза. Овој пат информациите што ги добиваме од Европа не се добри, не се оптимистички за да може да се очекува брзо заздравување на европската економија, а со тоа и на македонската економија. Тоа го рефлектиравме и во проекциите за буџетот. Притоа, настојуваме буџетската политика да биде во функција на справување со последиците од кризата. Проектираниот раст за Македонија за 2013 година од 2 отсто ќе биде нешто повисок од просекот во Европа, но е помал од потенцијалниот економски раст кој би можеле да го оствариме во постабилни надворешни услови.
Првпат проекциите на Министерството за финансии се под оние на Народна банка на Македонија?
Финансиските институции како што се Светска банка, ЕБОР, НБРМ излегуваат на секои три месеци со проекции и ја имаат таа предност почесто да можат да ги менуваат проекциите. Со оглед на тоа дека буџетот е едногодишен план на приходи и расходи на државата, правиме проекции на годишно ниво. Притоа, ги имаме предвид и проекциите на останатите институции. И претходните години проекциите беа правени внимателно и беа реални во времето кога ги правевме. На пример, во 2011 година македонската економија оствари раст од 3 отсто, при што во првата половина од годината тој изнесуваше над 5 отсто. Министерството за финансии ја правеше проекцијата за 2012 година во есента 2011 година, имајќи ги предвид актуелниот раст на македонската економија и фактот дека во Европа состојбата изгледаше релативно стабилна. Но, потоа кризата во европската економија нагло се продлабочи и проекцијата погледната 6 месеци подоцна изгледаше превисока. Затоа навреме, уште во мај ги приспособивме буџетот и проекцијата на новите состојби. Ги користевме истиот пристап и истите влезни податоци при проектирањето на буџетот за 2013 година. Но, сега македонската и европската економија се во рецесија, со очекувања за стагнација на ЕУ-земјите за следната година, затоа и нашата проекција за 2013 година е со многу умерен раст. Се разбира, добро е ако оствариме подобри резултати од тоа што го проектираме, но има доста ризици во однос на тоа со колкава брзина Европа ќе излегува од кризата, така што немаше доволно аргументи да одиме со друга проекција.
Ги потенцирате капиталните инвестиции кои треба да одговорат на притисоците од европската криза. Со оглед на тоа што досега тие никогаш не се реализираа целосно, верувате ли дека в година навистина 385 милиони евра ќе завршат во патишта, гасификација и железница?
Капиталните инвестиции се стожерот на развојниот дел од буџетот и затоа секоја година инсистираме на колку што е можно поголем износ и поддршка на економијата. Тоа е особено значајно во вакви времиња кога извозната побарувачка е намалена и важно е да креираме домашна побарувачка во делот на инвестициите и ангажман на домашните претпријатија. Главниот проблем во реализацијата на капиталните инвестиции во сите 20 години во Македонија беше капацитетот на администрацијата и потребното време за да се подготви проектната документација, поради што реализацијата не беше толкава колку што беше планирана во буџетот. Во последните години има подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции, но би кажал дека има уште простор за подобрување. Притисокот врз министерствата да ги реализираат планираните капитални инвестиции ќе продолжи и следната година. Со оглед на тоа дека во најголем дел се работи за повеќегодишни проекти кои се во позрела фаза, очекувам да има повисока реализација. Втор тип проекти се новите што ќе почнат во текот на следната година и ќе имаат интензивна реализација. Такви се автопатот на Коридорот 10, пругата од Куманово до Бељаковце, како и националната гасоводна мрежа. Тоа се проекти за коишто се обезбедени средства и мислам дека таму ќе има добра реализација.
За гасификацијата се издвоени само 4 милиони евра, што ќе се реализира со нив?
Средствата во буџетот за 2013 година не се единствените, ниту главните средства со кои ќе се реализира проектот за гасификација. Главните средства за реализација на националната гасоводна мрежа се од исплатата на клириншкиот долг на Русија кон Македонија во износ од 60 милиони долари. Тие средства Русија ќе им ги исплаќа директно на фирмите што ќе бидат ангажирани во изградбата на националната гасоводна мрежа, затоа не се составен дел на буџетот. Средствата што се ставени во буџетот за 2013 се само дел од кофинансирањето што треба да го обезбеди Македонија, кое за целиот период на изградба на првата фаза треба да изнесува 15 милиони долари.
„Газпром“ и Хрватска го растурија договорот, дали може тоа да и' се случи и на Македонија?
Македонија не е изоставена од „Јужен тек“. Руската страна во јули оваа година достави договор до македонската за вклучување на земјата преку крак во Јужен тек и откако ќе се усогласи договорот од двете страни, истиот ќе биде потпишан и Македонија ќе биде вклучена во „Јужен тек“. Ние бевме во неповолна позиција на почетокот, кога Македонија воопшто не беше спомната за разлика од другите земји кои уште во 2008 година беа предвидени да бидат дел од гасоводот „Јужен тек“. Важно е што успеавме, сепак, Македонија да стане дел од „Јужен тек“. Тоа е стратегиски битно за Македонија и ќе придонесе да се намали цената на гасот и да се обезбеди стабилна испорака на гас.
Дали можете да се обврзете пред бизнисмените дека навистина капиталните инвестиции нема да доживеат кратење доколку има потреба од ребаланс?
Буџетот е проектиран многу реално и затоа верувам дека нема да има потреба од ребаланс. Треба да се имаат предвид реализациите на капиталните инвестиции во изминатите пет-шест години и да се споредат со реализациите во периодот пред тоа за да се види дали тие реално се зголемени или не. Со сите ребалансни кратења, бизнисмените имаат причина за задоволство, бидејќи последниве неколку години двојно е зголемен износот на ��апитални инвестиции. Тој се движи меѓу 250 и 300 милиони евра годишно. Претходно тие изнесуваа околу 150 милиони евра. Реализацијата тогаш била околу 60 отсто во однос на планираното, а сега е околу 80 отсто. Нашата цел е секако таа да биде меѓу 90 и 100 отсто. Верувам дека со подобрување на капацитетот на администрацијата, но и со реализација на проектите кои се во позрела фаза ќе успееме дополнително да го подигнеме нивото на реализација.
Кај некои бизнисмени како да има револт за земјоделските субвенции. Дали вложувањето во овој сектор ги даде посакуваните ефекти во поглед на зголемено земјоделско производство, вработувања?
Не би ги поставил работите едно против друго, или едно во замена за друго. Гледаме да има доволно средства и за земјоделството и за капитални инвестиции. Тоа е нашата политика и тоа не само за овие два сектора, туку за сите сектори. Покрај капиталните инвестиции, тука обезбедивме и 250 милиони евра од Европската инвестициска банка што им се на располагање на фирмите под повластени услови. Никогаш претходно немало толку многу пари на располагање за македонските претпријатија. Ако претпријатијата ги искористат тие средства и ги реализираме капиталните инвестиции согласно со планот, како и редовно плаќање на сите обврски, ќе се даде силна инфузија на стопанството.
Ставката за договорни услуги, која следната година изнесува околу 413 милиони евра, секогаш била енигма за јавноста. Може ли објаснување што подразбира таа?
Секако. Вкупно планирани средства на ставката за договорни услуги се 25.388 милиони денари. Од нив најголем дел, околу 77 отсто или 19.493 милиони денари, се средства за здравствените услуги кои ФЗОМ ги префрла на болниците, како за плати, така и за материјални трошоци. Друга поголема позиција се договорните услуги во МОН од 1.873 милиони денари, од кои се финансираат, главно, договорните услуги на факултетите и нивната научно истражувачка работа, потоа превод на најдобрите светски учебници, бесплатни учебници, бесплатен превоз на деца со посебни потреби итн. Министерство за здравство ќе финансира од оваа ставка здравствени програми во износ од околу 380 милиони денари. За закупнини и услуги на нашите дипломатско-конзуларни претставништва се предвидени 370 милиони, 94 милиони во судска власт за судски вештачења и адвокатски услуги, 100 милиони за локални избори во ДИК... Значи, воопшто не станува збор за непродуктивни трошоци, туку услуги кои имаат соодветна намена и се неопходни.
Платите нема да се зголемуваат во администрацијата во 2013 година, но пензиите ги зголемивте. Мораше ли да се направи ова покачување и тоа баш во март, пред изборите?
Во услови на ваква криза во светот и во Европа, буџетот треба да одговори на две потреби. Едната е да обезбеди средства за поддршка на стопанството, а другата да ги заштити најранливите категории. Во тие најранливи категории спаѓаат примателите на социјалната помош и пензионерите, а во поширока рамка и земјоделците. Преку 170.000 пензионери во Македонија имаат пензија под 12.000 денари. Од тој аспект, зголемувањето на месечната пензија за 550 денари (плус индексацијата), за секој од нив е многу значајно. Во однос на тајмингот, се работи за случајна коинциденција со политичкиот циклус. Доказ за тоа е фактот што го имавме најавено тоа зголемување уште во 2011 година, во изборната програма и сега го реализираме ветеното. Единствено се поместува за два месеца, зашто обезбедените средства во буџетот се толку што ни дозволуваат да се реализира тоа од март.
Во јавната администрација следната година само за плати ќе отидат 376 милиони евра. Практично повторно две третини од буџетот ќе бидат наменети за плати, пензии и социјални трансфери. Кога ќе може да го надминеме овој систем на неразвоен буџет?
Подобрувањето на структурата на буџетот веќе се реализира со зголемувањето од година на година на капиталните инвестиции, и тоа е среднорочна цел. Но, погрешна е констатацијата дека развојниот дел на буџетот се состои само во расходната страна. И приходната страна треба да се реализира од развоен аспект. Ако така го погледнеме буџетот во Македонија, тој е најразвоен од речиси сите во Европа. На приходната страна имаме предвидено најниски можни даноци, а даноците се еден од главните трошоци за фирмите. Со самото тоа даваме силен импулс за развој на домашната економија. Нашата политика е да им ги оставиме средствата на фирмите на располагање, тие подобро знаат каде да ги распоредат и на каков начин да ги економизираат. Ако се погледне приходната и расходната страна заедно, односно најниските даноци во Европа и силниот импулс со капитални инвестиции, придонесот на буџетот во поддршка на развојот е голем.
Дали и оваа година нема да се чепка даночната политика, односно нема да се зголемуваат даноците?
Не само оваа година, туку до крајот на мандатот. Нашата политика е дека ниските даноци и рамниот данок се најдобар даночен систем. Тука се разликуваме со политичките конкуренти од СДСМ кои и порано, а и сега во овие околности на криза предлагаат прогресивно даночно оптоварување. Тоа е лош предлог кој, за среќа, на стопанството нема да се реализира.
За в година е проектирано дека 290 милиони евра од буџетот ќе се финансираат од странски извори. Дали е домаќинска политика тоа задолжување и дали граѓаните ќе можат да спијат мирно, ќе имаме ли да ги вратиме ратите?
Со долг од околу 30 отсто од БДП, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Тоа не' прави различни од многу други земји кои неодговорно се однесуваа во изминатиот период и сега имаат големи должнички проблеми. И во иднина ќе продолжиме со одржување на пониски нивоа на буџетски дефицит и на државен долг. Тоа е значајно за идните генерации. Политичарите мора да имаат предвид кои се краткорочните ефекти од одредени политики, но и да се однесуваат одговорно кон иднината, на долг рок. Значи, Владата води грижа и ќе останеме меѓу најнискозадожените земји во Европа.
|
|
Статијата е прочитана 1383 пати.
|
Испрати коментар
|
|
cvikeraS, 10.11.2012 08:04:06 | jas en znam dali si ti onoj istiot stavre sto velese deka nisto ne dolzite. kako mozes da isplatis nesto sto ne dolzis. kade e sega onoj komunjar biznismen Azeski da vi baknuva gazot. |
| Mirko, 10.11.2012 08:25:12 | Zborovi i samu zborovi. Da go poglednemo samu standardot na graganite i mislam deka ne treba komentar. |
| kire, 10.11.2012 09:09:01 | Znaci vo nashava ekonomija sve bilo odlicno, a ovie nashive se najdobrite vo Evropa samo sto nie prostite ne sme go znaele toa. |
| Ајван Доктор®, 10.11.2012 09:41:22 | Го прочитав она со гатањето за „економски раст“ од 2% „над просекот во Европа“ и потоа се префрлив да ги читам само прашањата на новинарите!За оваа година беше предвидуван некаков пораст од 3-4%,на крајот излезе дека е ист како и лани и преклани од цели вртоглави 0%!Како приказната на гатачката од ТВ:„Вашиот сопруг ќе оди на далечен пат“ —„Немам сопруг“,одговара гледачката;„Вашиот син успешно ќе го положи испитот на факултет“—„Ама,јас немам деца“,вели повторно истата гледачка;„Добро,тогаш ќерка ви ќе го заврши школото со одличен успех“—„Реков дека немам деца,не сум ни мажена“,продолжува упорно гледачката;„Вашиот дечко многу ве сака“—„Немам ни дечко“,а разговорот на задоволната гледачка на која сè и погодија упорно продолжи и во наредните 20-тина минути! :0)) |
| od ostrijot, 10.11.2012 12:20:17 | e zorane zorane ti rekov oti falbite i lazite imat kratki noze. ti trebase cela godina dago svatis toa. |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 10.11.2012 12:31:25 | Gospodine minister kako znaete deka polovina od dolgot e isplaten, koga i samiot dosega potencciravte nekolku pati deka toa e menliva materija i nikade ne ste kazale kolku e dolgot.
Znaci li toa deka imate problem so matematikata?
vPROCEM SE E KAJ VAS MANIPULACIJA I CINIZAM.
Eve vi ja vasata cinisticka formula: Dolg podeleno na dva e polovina dolg. |
| kanagjanka, 10.11.2012 13:04:30 | Kolku vi cinat reklamite za ocrnuvanje na b.c. vo elektronskite izdanija na utrinski i ostanatite mediumi.ne vi e sram ds trossite pari za plukanje lugje dodeka vi se raspagja drzavata?i zgora na se-LAZETE.nikogas ne sum videl ni cul nekoj tolku da laze kako vas! |
| demokrat, 10.11.2012 13:51:13 | Mozam da zamislam sto li ke zboruvase Stavre ako imamve rast od 5-6% |
| Трпе, 11.11.2012 00:26:26 | Дали ке има храброст под вакви околности некој стопанственик да каже дали владата се има раздолжено спрема неговата фирма.И владата треба да каже на кои фирми ги врати најголемите долгови.Опасна работа е кадија те тужи кадија те суди.За жалење е Јапонија која е задолжена 120%.(ама не за бронза и кич) за остварување поголем профит. |
| Baba Evda, 11.11.2012 10:03:21 | Bravo , kume , toa se vika karakter.Vrativte polovina od ona sto ne go dolzite! Moram da go prasam sateto moe kako e toa vozmozno , baba e stara i ne razbira prilepska ekonomija! |
| Gjorgi, 11.11.2012 13:17:02 | Ovaa vlada e edna od najdobrite dosega, retko koja zemja uspeva da se spavi vaka so krizata. Samo napred |
| Nikola, 11.11.2012 13:19:22 | Da ova isto intervju go dadese nekoj od ekspertitena SDSM npr. na prof.Uzunov najverojatno ke bese polno so pozitivni komentari.Na zalost nasata realnost e takva kakva sto e - strogo podelena na partiska osnova.I zatoa ke vladee jazikot na omrazata,zlobata i zavista.Za kriticarive ne vazat dolznicki krizi,ekonomski kolapsi,ne vazat pozitivni komentari za vodenjeto na nasata ekonomska politika od strana na relevantni finansiski instituicii, ednostavno nisto ne vazi.No, mi se cini deka i mojov obid da se nametne edna diskusija koja bi bila VISTINSKI kriticna, na nivo na koe treba da komuniciraat ludjeto medju sebe bez da se navreduvaat najverojatno ke bide bezuspesen.Togas adjde site zaedno bez ogled na koja opcija pripadjame da se obideme da komunicirame dostoinstveno,bez navredi a sepak diskusiite da bidat objektivni i kriticni. |
| Koki, 11.11.2012 13:58:28 | Интервјуто е реален опис на состојбата во која се наоѓа Македонија. Само со реален поглед врз работите може да се најдат решенијата. Факт е дека Македонија ги почувствува и се уште ги чувствува последиците од кризата, но многу помалку од другите земји околу нас. |
| Никола К., 11.11.2012 14:26:17 | Оваа Влада направи толку многу а сепак група на снобови и циници го негираат сето тоа!
Македонија пропаѓаше 15 години, не стоеше во место туку се врати на ниво од пред балканските војни и сега се треба да се доведе на европско ниво, на ниво од ЕУ во 21 век! Да се вложуваше во континуитет од осамостојувањето до сега немаше да биде вака!!! |
| македон, 11.11.2012 15:47:22 | да беше на власт сдсм при ваква криза , сигурно ќе бевме банкротирани |
| Благоја, 11.11.2012 18:11:16 | Да немавме ваква способна влада сега ќе бевме бетар од грчка подршка и само напред идат подобри денови |
| kolibri, 11.11.2012 20:22:11 | Интервјуто е само реална претстава за она што се случува во светот и кај нас.Добро е што владиниот тим постојано ја проценува ситуацијата и доста брзо се прилагодува на предизвиците што ги носи оваа криза.Само со такво трезвено размислување успеавме да ја избегнеме негативната стапка на економски раст што многу лесно може да настане во услови на криза. За поздравување се сите владини мерки за справување со кризата и се надевам дека ќе се продолжи да се работи со исто темпо! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Претежно облачно
Макс: 15°C, Мин: 3°C
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)Вдовицата на Тито стана обична граѓанка. „Утрински весник“ специјално за своите читатели од утре ќе почне со објавување на сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ на својата интернет-страница. |
|