Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Секс-шоп против табуите во Бахреин

Дури и на локалниот имам не му пречи првиот секс-шоп на Блискиот Исток

МАНАМА - Малку подолу по патот, во Саудиска Арабија, на мажите не им е дозволено јавно да разговараат со жените. Меѓутоа, телефонот во секс-шопот на Кадиџа Мохамед во Бахреин речиси не престанува да ѕвони. Последниот повик беше од госпоѓа од Саудиска Арабија. Со други зборови, типичен клиент на „Кадиџа фешн хаус“ во Манама. Подоцна тоа попладне госпоѓата намина, скриена зад хиџабот, кој покрива се' освен нејзините очи, и купи пурпурно црвен „оуи“, опишан на опаковката како „едноставен, елегантен личен масажер, толку тенок што убаво ви легнува во раката“.

Понекогаш, вели Кадиџа Мохамед, носењето превез може да биде многу практично. Сепак, и жени без превези, исто така, доаѓаат во нејзината продавница. Нивните сопрузи стојат настрана додека сопругите купуваат.

Кадиџа Мохамед е 33-годишна мајка на три деца. Облечена е во црна абаја и посакува да е неколку килограми послаба. Таа од неодамна е разведена жена. Кадиџа сама го води овој бизнис, ги пакува онлајн-порачките и преговара со снабдувачите во Калифорнија и во Гуангжу. Вели дека најпопуларни производи се кремовите за зголемување на пенисот и долна облека што може да се најде во разни вкусови од јагода до манго. Постојано и' бараат дилдоси (направа од гума во форма на п��нис во ерекција, кој се користи како сексуален стимулатор), дури и машките клиенти. Меѓутоа, „Фешн хаус“ ги нема во залиха. Ниту, пак, продава книги, филмови, кукли на дување или фотографии, кои „не се дозволени во исламот“. Експерт по еротика вели дека исламот забранува слики од „чувствителни делови од телото“. Не дека ова ја спречува да продава светлечки вибрирачки прстен, „хам дингер“, за чувствителниот дел на машкото тело.

Кадиџа ја води оваа продавница во последните две години. Ова беше првиот секс-шоп во целиот регион на Заливот и можеби се' уште е единствениот. Таа почна со онлајн-продажба на традиционална мода. „Секси долната облека најдобро се продаваше“, се присетува таа. „Оттука идејата почна да расте како леб во печка. Па го преориентирав бизнисот“.

Во 16 век голото тело ја инспирираше китнестата поезија во арапскиот свет. „Миризливите градини“ на Мохамед ал Нафзави е класично упатство за ориентална еротологија слична на кама сутра, меѓутоа, без илустрации. На пример, деветтото поглавје во овој прирачник е со наслов „Разни имиња дадени на сексуалните органи кај жените“ и содржи не помалку, туку 27 детални описи на женските гениталии. Меѓутоа, лажната срамежливост оттогаш е зголемена, и сега поприми огромни размери во повеќето арапски земји. Во Саудиска Арабија, на само 40 км оддалеченост од продавницата на Кадиџа, на мажите им е забрането јавно да зборуваат со жените.

Кадиџа не сака да го промени светот, туку само да истера дел од таа хипокризија. „Сите го сакаат тоа, сите го прават тоа. Секој купува секси играчки, иако никој тука не би зборувал за нив“, вели таа. „Ќе имав помалку проблеми ако ја водев продавницава во тајност од мојот дом како онлајн-продавница. Меѓутоа, не сакам да се кријам“.

Малата продавница покрај кружниот тек има голем промет. Таа има подеднаков број женски и машки клиенти. Кадиџа никогаш немала проблеми со соседите или со минувачите. Требало само да отстрани некои непристојни предмети од излогот. Дури и имамот од блиската џамијата изгледа нема забелешки. „Тој е шиит и е без предрасуди“, вели Кадиџа. „Што прават мажот и жената за да бидат среќни на нивниот брачен кревет е нивна работа. Не, имамите не прават проблеми“.

Не е противзаконско, исто така, да се има секс-шоп во Бахреин. Токму во март годинава Кадиџа Мохамед го доби судскиот спор што и го потврди ова. Таа набрзина го отвори розевиот лаптоп и кликна на веб-сајтот за царински одредби. „Гледате?, вели таа. Увозните регулативи во Бахреин забрануваат увоз на употребени гуми, фисионен материјал, свињи и коњи. „Во законот ништо не се наведува за секси производите“, посочува таа.

Сепак, некои од нејзините испораки се конфискувани. Зошто? „Моето име звучи сунитско, меѓутоа, јас сум шиит. Властите почнаа да ме вознемируваат веднаш штом го открија тоа. Тие не сакаат да бидам успешна“.

Повеќето од луѓето што живеат во архипелагот Бахреин се шиитски муслимани, меѓутоа, владејачката елита се сунити. Вибраторите не се проблем. Ниту, пак, другата секси опрема или лубрикантите. Едноставно, станува збор за деловен успех. (Шпигел)


#
Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Нови поделби
Милошоски
Народните казани не можат да ги нахранат сите гладни усти
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Се омажи министерката Јанкулоска
Уште седум години криза?
Признавањето од Сирија дипломатски удар за Грција
Силен дожд ја поплави Струмица
Реванш-средби од фудбалскиот куп на Македонија
Стокхолмскиот синдром
Пресврт во случајот „Изгрев“
Македонија и САД соработуваат за историскиот контекст на холокаустот
Карикатура
Мечките слегоа и во Гостивар
Алонсо „пука“ на титулата по Сингапур
Словачка ги повлекува своите војници од Косово
Стил
Од Велешта до Џепчиште има само еден полицаец
„Црвениот“ Милибанд нов лидер на лабуристите
Претседателот на Уставен негира дека бил кодош
Ужас по убиството на хрватската новинарка






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change