Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

„Црвениот“ Милибанд нов лидер на лабуристите

Синдикатите „му ја зедоа“ лидерската функција на ексшефот на дипломатијата

Од нашиoт дописник
Томислав Ивановски



ЛОНДОН - Ед Милибанд, поранешен министер за енергија во владата на Гордон Браун, е избран за нов лидер на британската Лабуристичката партија. Тој дури во третиот круг од гласањето и во самиот финиш на долгата изборна трка го победи својот брат, Дејвид Милибанд.

Помладиот Ед освои 50,6 отсто од гласовите, додека постариот Дејвид, доскорешен министер за надворешни работи, доби 49,3 отсто. Во вистинска мртва трка на браќата Милибанд одлучувачко за победата на Ед беше поддршката што ја доби од моќните британски синдикални унии и од социјалистичките организации, кои со големо мнозинство гласови се определија за него. Дејвид ја имаше силната поддршка меѓу пратениците лабуристи, како и меѓу членовите на партијата, што се покажа недоволно за крајниот исход.

Во долгата и компликувана процедура, синдикатите даваат дури една третина од гласовите за избор на нов лидер, на чии гласови се додаваат и оние на разните социјалистички организации. Таквата поделба на гласовите е причина во Лабуристичката партија да има идеолошка поделба. На една страна се левичарите, кои заговараат враќање на корените на партијата, односно таа, главно, да се потпира врз работниците и врз нивните гласови, а на втората страна се приврзаниците на идеологијата на политичкиот лев центар, зад која стоеја т.н. нови лабуристи предводени од Тони Блер. Првите силно го поддржуваа Ед Милибанд, додека зад Дејвид Милибанд застана приврзаниците на центристичката опција.

Новоизбраниот лидер на лабуристите, знаејќи ја опасноста од можните делби, во својот прв говор пред партиските делегати на конференцијата во Манчестер се заложи за единство на партијата, инсистирајќи дека на лабуристите им треба промена, бидејќи само на тој начин ќе може да ја вратат довербата што ја загубија кај гласачите. Во текот на предизборната кампања избраниот лидер се залагаше за зголемување на минималните плати, за повисоки даноци за најбогатите во Велика Британија и за построга контрола на банките, мерки што на својата конференција ги промовираа и синдикалните унии. Но, прво што ќе треба да направи за да се промовира пред британската јавност и пред гласачите, тоа е одговорот на опозицијата и на лабуристите на острите мерки за кратење на буџетскиот дефицит.

Неговиот брат Дејвид, честитајќи му ја победата, изјави дека ова е голем ден за Ед и значаен датум за семејството Милибанд. Тој, меѓутоа, одби да зборува за себе и за својата идна работа. Претходно изјави дека доколку неговиот брат победи на изборите, тој нема да се повлече од политиката и ќе остане пратеник, како и дека ќе го поддржи лидерството на Ед Милибанд.

Пријатели и блиски на браќата сметаат дека и покрај ваквите изјави, тие сега ќе се оддалечат и тешко повторно да бидат блиски како што беа досега. Оние што го познаваат Дејвид Милибанд велат дека ова е тежок момент за него, не толку поради поразот во битката што веруваше дека ќе ја добие, туку затоа што е поразен од родениот брат, за кого мислеше дека ќе застане зад него во трката по лидерската функција, и покрај идеолошките разлики и припадноста на различните страни во деценискиот судир меѓу лабуристите блеристи и браунисти. Браќата јавно не се судрија во кампањата, но помладиот брат од медиумите беше наречен „црвениот Ед“ откако се разбра за нечесната игра во финишот на трката на неговиот изборен штаб, а посебно на синдикатите и на левичарските групации, кои беа обвинети за применување валкани трикови против Дејвид.

Британскиот премиер Дејвид Камерон му ја честиташе победата на Ед Милибанд и изборот за лидер на лабуристите и на опозицијата во Долниот дом, но актуелниот раководител на Конзервативната партија, Баронеса Варси, неговата победа ја означи како чекор назад за главната опозициска партија. Тој не ја доби довербата на лабуристичките пратеници и на членовите на партијата, што би требало да биде најважното, туку на синдикатите и на нивните гласачи. Првите анализи на посматрачите укажуваат токму на тој недостаток на новиот лидер, чие прогласување беше наградено со многу послаб аплауз од оној што го доби Браун и бе�� да биде изгласан или од оној што го има добиено Блер во 1994 година, чија победа беше проследена со воодушевени реакции на присутните партиски делегати. Сега се верува дека Ед ќе го има хендикепот да биде зависен од синдикатите и од нивните тврди барања, што се смета дека најмногу ќе го искористат либералдемокр��тите, кои на тој начин без борба ќе го освојат левиот центар на британската политика.

Едвард Милибанд е роден во 1969 година, не е формално оженет, но со својата долгогодишна партнерка има едно дете. Со братот Дејвид (роден во 1965 година) ги поминале истите училишта, од основно, до универзитет во Оксфорд, студирајќи на ист колеџ политика, филозофија и економија. По завршувањето на студиите, Ед работел прво како новинар, а потоа пишувал говори и веќе бил во Лабуристичката партија, близок до левицата. Подоцна преминува на работа кај Гордон Браун како специјален советник во Министерство за финансии, станувајќи еден од најблиските сојузници на поранешниот лидер и премиер. За пратеник прв пат е избран на изборите во 2005 година, а за министер беше поставен во јуни 2007 година. Помалку познат и експониран од постариот Дејвид, Ед често во јавноста настапуваше претставувајќи се како „другиот Милибанд“. Но, за нив се вели дека не се како Џон и Боб Кенеди во САД во шеесеттите години на 20 век, особено зашто Ед Милибанд без пардон и без да трепне се сврте против братот во трката по лидерската партиска функција.

Двајцата се синови на Ралф Милибанд, еден од најпознатите и најугледни марксисти во британската политичка историја. Тој умира во 1994 година, само неколку недели пред изборот на Тони Блер за лидер на лабуристите и е закопан на лондонските гробишта во Хајгејт, на само десетина метри од масивниот споменик на Карл Маркс. Ралф (чие право име е Адолф) по потекло е полски Евреин, кој со таткото Самјуел (Сам), кој има служено како војник во Црвената армија на СССР, пребегнал прво во Белгија, а оттаму во Велика Британија со последниот брод бегалци од Остенде, бегајќи пред војската на нацистичка Германија. Ралф Милибанд е само кусо време во Лабуристичката партија, но никогаш се нема определено за советскиот модел на комунизам и на еднопартиски систем, верувајќи дека работниците треба да ги изборат своите права со синдикалната борба, а не со насилна револуција.


#
Статијата е прочитана 497 пати.

Испрати коментар

Од: kopakabana
Датум: 27.09.2010 17:51:34
Dejvid Milibrand, "kuceto na vojnata" koj posle agresijata na Gruzija potrca kon Francija, Germanija i Italija da "pritisnat" na Rusija poradi "odgovorot" na agresijata na Sakasvili vo Osetija. Nazalost po nego i NATO dobi sekade "korpicka" i si ja svitka opaskata i si zamina. Tuku brat mu levicar pa pobedi?! Sto li se slucuva toa so bastionot na kapitalizmot??? Najgolemite banki gi nacionaliziraa (komunisticki poteg, konj G6), nikoj ne gi "esapi" od "pajtasite (Zapadna Evropa", levica dobiva kaj laburistive.... Da ne odat skoro ovie kaj Fidel, Hugo i kompanija na kursevi??Ne bi me zacudilo. Tuku istorija si e istorija, golemata kruna ostanuva samo na ostrovot, vprocem i kako site imperii (na Aleksandar, Rimskoto carstvo,Otomanskata imperija itn) koj na krajot opstanuvaat kako nekoi mali drzavi (vo sporedba kolkavi bile). Istoriski fakti se ova.Tuku ne mi e jasno pak sto toa se slucuva, komunisticki potezi vo "bajniot" kapitalizam????

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Нови поделби
Милошоски
Народните казани не можат да ги нахранат сите гладни усти
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Се омажи министерката Јанкулоска
Уште седум години криза?
Признавањето од Сирија дипломатски удар за Грција
Силен дожд ја поплави Струмица
Реванш-средби од фудбалскиот куп на Македонија
Стокхолмскиот синдром
Секс-шоп против табуите во Бахреин
Пресврт во случајот „Изгрев“
Македонија и САД соработуваат за историскиот контекст на холокаустот
Карикатура
Мечките слегоа и во Гостивар
Алонсо „пука“ на титулата по Сингапур
Словачка ги повлекува своите војници од Косово
Стил
Од Велешта до Џепчиште има само еден полицаец
Претседателот на Уставен негира дека бил кодош
Ужас по убиството на хрватската новинарка






Bulgarians proud to see one of their own as president of Brazil
Sports and aid part of first regatta around Africa
Elections in Bosnia promise little change