Ужас по убиството на хрватската новинарка Мирела Сршиќ-Ковач
Хрватска е згрозена од најновите детали што произлегоа во јавноста по петочното убиство на новинарката на ХТВ, Мирела Сршиќ-Ковач. Откако ја убил со нож, нејзиниот сопруг Звонко Ковач ~ го фрлил телото од брачниот кревет на под и потоа ја разбудил нивната ќерка за да дојде и да си легне во собата на убиената мајка. Веднаш потоа, Ковач се обидел да се самоубие, но бил спасен и сега, под силни антидепресиви, се наоѓа надвор од животна опасност. Не е во состојба да разговара со полицијата. |