Број 3392  понеделник, 27 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter

Признавањето од Сирија дипломатски удар за Грција

„То вима“ бара преиспитување на принципот ерга омнес за името на Македонија

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Одлуката на Сирија да го признае уставното име на Македонија ја вознемири грчката опозиција, која претходно излезе со поддршка на црвените линии на владата на Јогрос Папандреу во спорот за името. За Нова демократија признавањето од страна на Сирија е сериозен пораз на грчката дипломатија.

„Надворешната политика не е само односи со јавноста и комуникација, не е оставање впечатоци. Како Грција ќе ја игра улогата на посредник кога не е во можност самата да се заштити“, изјави потпретседателот на Нова демократија, Димитрис Аврамопулос. За Нова демократија ова е неприфатлив развој на настаните, бидејќи Сирија е држава, која долги години ги поддржуваше грчките позиции и бидејќи се случи кога грчкиот премиер остваруваше многубројни средби со светските лидери обидувајќи се притоа да ги промовира грчките ставови за прашањето околу името.

Инаку, грчкиот став кон прашањето за името честопати се заснова врз тезата дека е во ред она што се учи во книгите по историја кај нас, но мора да ја разбереме и грчката позиција. Покрај оние што тврдокорно не го даваат името, не е мал бројот на помлади луѓе што ќе ве ислушаат, бидејќи единственото што го знаат за спорот околу името е она што им го презентираат грчките медиуми. А тие ретко кога се ставаат во позиција на македонската страна во спорот. Затоа изненади текстот на „То вима“ во кој таа се зема предвид и се предлага омекнување на грчките позиции, па подготвување на македонската и на грчката јавност за решение.

Според „То вима“, прашањето за името веќе две децении е трн во грчката надворешна политика и причина за внатрешни поделба на оние што не се откажуваат од идејата дека „Македонија е само грчка“ и оние што не се согласни со тоа убедување. „Ако се водиме од логиката црно-бело, тогаш Грција треба да извојува горда победа во замена за отворање на евроатланскиот пат за Скопје. Владата на Костас Караманлис направи отстапка и прифати сложено име со терминот ’Македонија‘, што за грчката страна е доволна отстапка. Сега се' е во рацете на Скопје. Се бара промена на уставното име, но и да не се именуваат јазикот и нацијата како македонски. Ајде да се запрашаме како би реагирала која било држава ако од неа некој бара официјално да го смени уставното име, прашува „То вима“. Весникот препорачува Атина да размисли реално и за принципот ерга омнес, односно дали тој ќе значи употреба на името од сите во меѓународна комуникација или за секаква употреба.

„Можеби наместо промена на уставното име, ќе биде доволна ограничена употреба на новото име во меѓународни рамки? Ова би помогнало Атина да го пренесе решението за името во грчката јавност. Секако дека постои граница до која Папандреу може да е конструктивен. Ако треба да одбере меѓу преговорите и владејачката стабилност, секак�� ќе го одбере второто. Ова мора да му е јасно на премиерот Никола Груевски“, се вели во весникот.

„Скопје сака да го пренасочи притисокот кон Атина, Папандреу сака да го реши проблемот за да ги избегне притисоците, а големите играчи да ги запечатат отворените фронтови на Балканот“, вели „То вима“ апелирајќи за создавање мирна клима и добро подготвување на народот за решение на проблемот.


#
Статијата е прочитана 4613 пати.

Испрати коментар

Од: tatoo
Датум: 27.09.2010 12:40:14
Почитуваниот г-дин Иглбергер ја искажа целата вистуина околу спорот со името. На Грција изгледа то повеќе и смета. Како шлаг на колачот а-ла Иглбергер доаѓа признавањето на Македонија под нејзиното уставно име од страна на Сирија. Затоа грците нека се замислат каква политика воделе сите овие години, замајувајки ја Европа а посебно својот народ со ирационалности и измислици, крадејки ја историјата на еден народ кој со ниеден сосед се нема замерено ниту имал некои територијални претензии. Ама, затоа се ближи 2013 г. Треба многу да се замислат.
Од: biljana
Датум: 27.09.2010 12:43:14
aj sega da ja vidam Ilinka Mitreva kako ke objasni deka diplomatijata e slaba ne ubeduvase so site sili vo emisijata na vejlovizija.
Од: "vodolija"
Датум: 27.09.2010 13:04:41
Mnogu golemata sila ne priznala "SIRIJA" da se zakiti covek so nea! Toa ti e "TRLA BABA DLAN DA JOJ PRODZE DAN " Toa ti e kako da ne priznal "VATIKAN" ili "LUSAKA" Bog neka mu e na pomos, na multietnickiot gragjanin koj zivee na ova geografsko podracje Makedonija !!!???
Од: Aaron
Датум: 27.09.2010 13:28:03
Pregolem udar za Grcija, nema da se sovzemat barem 100-200 god. od nego
Од: Трене
Датум: 27.09.2010 13:41:00
Грција трбеа да е таа која е под притисок, не Македонија и етничките Македонци. Не може група луѓе да бидат спречувани да напредуваат, да бидат изолирвани и заобиколувани само заради тоа што се тие што се, етнички Македонци кои не се ни грци, ни бугари, ни срби, ни албанци. Македонија не е територија, туку етничка припадност на луѓе кои се денес самостални. Таа е реалноста која грција мора да ја прифати ако Балканот треба еднаш да зачекори напред. Сирија го стори единственото што една држава треба да стори, пуштање рака и прифаќање рамноправен сојузник, а ако грција смета дека предходно треба да оди кај секој и да бара непризнавање на Македонија, тогаш таа шири нелегален бојкот и ембарго. Спорот е грчки и треба да го решава со Македонија, не да бара трети страни да влијаат. Тоа е против сите цивилазициски права.
Од: Kavadarcanec
Датум: 27.09.2010 13:53:28
Do "vodolija" Po vasiot komentar se gleda deka ne si ja pocituvate zemjata vo koja ziveete, kamoli pa druga zemja. Kako moze so takov ironicen i potcenuvacki komentar da ja karakterizirate Sirija. Nie se borime za toa sto prirodno ni pripaga i sakame site da go pocituvaat toa, pa makar bilo toa i "Sirija"-kako sto vikate. Ve molam ne zvucite kako ksenofob.
Од: ?!
Датум: 27.09.2010 14:49:35
А мори водолијо,каков цинизам.Ти глеј да се полни списокот,на земји што не признале.Што ако не признале големите ако се три или четири.Каде се "твоите од типот на сирија",ако се мали како неа.Што не не признаваат.Велиш,Bog neka mu e na pomos, na multietnickiot gragjanin koj zivee na ova geografsko podracje Makedonija !!!???.Па токму и тоа сакала Сирија.Или не го призн��ваш нејзиниот?!Кој е твојот Бог?!Но,ако,можеби ти беа моменти на слабост.Човечки е да се греши.Фала му на Господ што повеќе ги има кои простуваат.
Од: eu
Датум: 27.09.2010 15:23:05
nemozam daveruvam da ima vo mak zeleni ludje kako tatoo i biljana dali se delo na perenje na mozok na vlada.......priznavanje od st na sirija e nula treeba mak da e vo eu samo taka ce ima za leb i lek videte vie dvajca nikoj vo eu ne prodava kuca da plati operacija na det.........
Од: Boshko
Датум: 27.09.2010 16:53:49
Jas ne znam ushte kolku drzavi ne ja imaat priznaeno Makedonija ke bidam sreken do kolku nekoj mi kaze,Vodolija bi go pot setil deka priznavanjeto od edna drzava kolku da e mala za nas e od golemo znachenje,daj boze tie shto ushte ne ne priznale neka ne priznaat pod ustavnoto ime pa makar da se po mali i od sirija za nas ke bide golemo neshto.
Од: Goran
Датум: 27.09.2010 17:42:14
Do eu: trevata e pozelena od drugata strana na ogradata. Taka i vie se nadevate na med i mleko po vlezot vo EU. Eve se gleda kolku med i mleko ima vo Romanija, Grcija i Bugarija. Site tie se pred bankrupt a najmnogu Grcija. Pozdrav
Од: ФЕЛИКС
Датум: 27.09.2010 18:54:49
Што и да се напише Vodolija,Аарон и Bocho недопира до нив,тие се права слика на опозициското однесување.Толку ја мразат власта да ја поистоветуваат со сопствената држава,па така омразата ја префрлаат и на неја.Во својата омраза дури и помагаат на власта да се одржи и држи огромно растојание во рејтингот.треба некој Бихаќка ваквите да ги искара и устрои,ептен им се штетни.
Од: ODNADVOR
Датум: 27.09.2010 19:20:07
Se sekjavam na dalekite izminati godini po osamostojuvanjeto,isposlneti so nadze i nekakva sigurnost koga ni bese vazno da ne priznae na samo Zemja , tuku i eden grad, selo. Tie vreminja se nadminati. So nesto pomoalku kuraz dosta beznadeznost i nesigurnost, potrebni ni se podrski od golemite sili, zemji na koi "im tezi lafot". Sirija, ne e mala zemja, no nejzinoto svetsko vlijanie , pa i vo arapskiot svet ,e dosta raznisano. No iskreno da i zablagodarime za odnosot kon Makedonoja so sto barem ni se zgolemuva brojkata na zemji koi ne priznale i koi barem nema da ni bidet neprijateli, iako go razbiram mislenjeto na "vodilija" i "tatoo". Denes ni e porebna sekakva podrska od EU i slicni drzavi, za da preziveeme! A Grcija od gestot na Sirija e samo navredena, no nejzinite pozicii so toa ne i se raznisani. I Grcija i MK so nastanatata raiting propaganda preteraa i mnogu tesko ke napravat cekor nazat za da se sretnat. Poradi toan ulogata na Premierot trebe da zaigra vo praveden ritam,
Од: Daniel
Датум: 27.09.2010 19:28:56
Видете само какви луѓе живеат во Македонија.За "водолија" е географско подрачје.Ако ние во Македонија живееме на географско подрачје,на што живеат другите?Американците,Германците Французите на што живеат?Можеби лебдат и немаат контакт со географското подрачје.Или нивното не е географско? - може е историско,математичко може хемиско ама само нашево е "географско".А се гледа колку се разбира во политичка моќ на земјите во светот,кога за Ватикан зборува со подсмев.А еве гледам подоле и од "еу " не советуваат побрзо да смениме име за да ни рипнел стандардот.Гледам само на тие што заговараат да си го смениме името некако им се брза.Се прашувам зошто толку да брзаме со "решавање"(менување на име) кога 20 год. не успеавме да го решиме сега некако се заговара - мењај име што побрзо.Таква наредба имаат од работодавачите.
Од: Makedonec
Датум: 27.09.2010 21:53:23
Vo svetot postojat 195 drzavi od koi zaedno so poslednava sto ne priznaa pod ustavnoto ime se 129.Znaci dobri 2/3 od drzavite ja imaat proznato Makedonija pod ustavnoto ime.Drugo sto vi treba,Uste da se slozat vlastite vo Makedonija i da go smenat imeto.Vo sprotivnot neka pobaraat istoricarite mozi i nie Makedoncite imame istorisko pravo na imeto Grcija posto Aleksandar Makedonski bil dolgi godini vladetel ovde i tamu...
Од: graganin od resen
Датум: 27.09.2010 21:56:27
samo napred veke se stega obracot sakat nejkat ke nea priznaat pod ustavno ime
Од: leena
Датум: 28.09.2010 03:05:13
uzivajte dodeka ne ste vo EU.e togas ke vidite tso znaci ue.danoci, crna kniga koj ne platli kredit na vreme, ozdemanje , konfiakscija.Pa vidite u Slvoenija kolku fabriki se zavtorija.Znaete li koukl plus treba da se plaka z uea.pa poteklo na imot, pa an sekoja plata i zarabotuvac ak-danok.a Grcite nekdes aat mirni .ako skoknatv lasite, makedoncite i ablancite i ako se prebrajot...Nema nisto da ostane.samo treba covek so argumenti i cvrst stav toa na masa na sartncive.Imeto e roa a ako ima nekoj problem neks ae snaodja.nie Memaen.nzaeme koj sme i kako se vikame. pozdravo d Canada
Од: Branko
Датум: 28.09.2010 05:33:21
Oa takvi od tipot Vodolija i ne moze nisto drugo da se ocekuva a od site onie zaedno so grcite sto velat"Geografsko"podracje e samo da gi zalazat wsite vo svetot demek Makedonija ne bila drzava tuku samo "EDNO"mesto pa Nie(grcite)si go prisvoivme "ednoto"geografsko podracje zaedno so Srbija Bugarija i Albanija a se so cel da se prikrie KRIMINALOT sto e storen nad Makedonskiot narod i Makedonija ete zatoa go upotrebuvaat terminot geografski.A za Sirija edna blagodarnost neka i site preosatanati zemji koi sto ne ne imat priznaeno dosega go napravat ova kako Sirija i toa sto pobrgu pa da vidime do kade ke odat grcite zatoa i treba po itno da se prekinat nametnatite pregovori/razgovori.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Нови поделби
Милошоски
Народните казани не можат да ги нахранат сите гладни усти
Нема ни абер од ЕУ, ама за еврото се подготвуваме
Се омажи министерката Јанкулоска
Уште седум години криза?
Силен дожд ја поплави Струмица
Реванш-средби од фудбалскиот куп на Македонија
Стокхолмскиот синдром
Секс-шоп против табуите во Бахреин
Пресврт во случајот „Изгрев“
Македонија и САД соработуваат за историскиот контекст на холокаустот
Карикатура
Мечките слегоа и во Гостивар
Алонсо „пука“ на титулата по Сингапур
Словачка ги повлекува своите војници од Косово
Стил
Од Велешта до Џепчиште има само еден полицаец
„Црвениот“ Милибанд нов лидер на лабуристите
Претседателот на Уставен негира дека бил кодош
Ужас по убиството на хрватската новинарка






Roma in Romania and Bulgaria: despised and stigmatised
Nato to downsize in Kosovo
Leader of Hungarian energy giant rumoured to resign