|
Поглед
Нови поделби
Светлана Унковска
Огромните плоштади што се во план да никнат од двете страни на Вардар, едниот со проектот „Скопје 2014“ и најавениот плоштад „Скендер-бег“, ќе запишат уште едно ново поглавје во поделбите промовирани од македонските и од албанските партии. Иако и двете партии на власт, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, декларативно тврдат дека работат за зближување на двата најголеми етникума, сепак, во реалноста забрзано го прокопуваат најголемиот јаз на етничка поделеност и, практично, водат политика на сегрегација наместо интеграција. Градењето на плоштадот „Скендер-бег“, дефинитивно, ќе ја задебели линијата на разединетост, бидејќи Албанците повеќе нема да чувствуваат потреба да преминат од другата страна на Вардар, на плоштадот „Македонија“.
И колку и да беше гласна ДУИ дека нејзиниот партнер, ВМРО-ДПМНЕ, со проектот „Скопје 2014“ прави силна етничка поделба и ги влошува меѓуетничките односи, сега истото тоа го прават самите тие. Затоа и не држи уверувањето на вицепремиерот Абдулаким Адеми дека градењето на овој плоштад воопшто не е компензација за проектот на нивниот партнер. Но, таквото инаетење само ќе оди на штета на граѓаните, бидејќи тие не сакаат да живеат одделно, но така ќе биде поради ѕидовите што им ги кренаа нивните политичари.
Можеби тоа е што и самите тие во Владата функционираат во свои поделени светови. Затоа што кога се планираше „Скопје 2014“, министрите на ДУИ никаде ги немаше, а сега кога се промовираше плоштадот „Скендер-бег“, министрите на ВМРО-ДПМНЕ никаде ги нема. Кога и двата проекта ќе бидат завршени и на едната страна на сред плоштад ќе се најде Александар Македонски, а на другата ќе стои Скендер-бег, тогаш од двете страни на Вардар ќе бидат паралелните светови на Македонците и на Албанците. |
#
|
Статијата е прочитана 1618 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: "vodolija" |
Датум: 27.09.2010 12:53:48 |
|
I, kako se razviva stvarnata fakticka sostojba vo drzavata,megjuetnickiot sozivot,kako i problemot so imeto na drzaveta, vo kolku uspee ovaaa drzava da se odrzi so ovakva, ideolosko -teroristicka-vlada, Makedonija, lesno moze da go dozivee statutot na SEVERNA i JUZNA KOREJA !!! Vo slucajov so Makedonija, od edna strana na Vardar- Egejska Makedonija, bidejki so Makedonija vladeat 90% Egejcite, i od drugata strana na Vardar, multietnickite gragjani na Makedonija, koi se skoro poveke od 2/3 od naselenieto na Makedonija, a ke komanduva multi etnickiot gragjanin, makedonskiot Elbanec i ke se vika toj del Albanska Makedonija !!!??? Belki Gospod ke ne socuva i nema da bide taka !!! Da bideme zivi da vidime !!!??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 27.09.2010 13:52:53 |
|
Каде се младите,осоколени дпмнеовски патриоти,кои сега удобно седат во своите фотелји,уживајки ја заслугата од штрајкувањето во шатори пред собранието.Или тогаш тоа не било за татковината,тоа било за власт. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola |
Датум: 27.09.2010 14:29:51 |
|
До Водолија
А каква националност за тебе се егејците, зарем тие не се Македонци? Зошто пласираш лаги и измислици и од каде е таа омраза кон МАКЕДОНЦИТЕ од егејскиот дел на МАКЕДОНИЈА. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 27.09.2010 19:04:36 |
|
Како прво vodolija направи разлика помеѓу статут и статус,вака изгледа комично.Инаку престана поштедата за ДУИ од независните опозициски новинари.Откако Ахмети објави да не излегува од власта престанаа само еднонасочни напади кон власта,сега се критизира и другиот дел од власта.Некогаш имавме критики само кон премиерот а и не против министрите за здравство,труд и социјала,екологија и др. за одредени пропусти. Тоа го правеше редовно опозицијата надевајќи се на партнерство со ДУИ.Инаку сум за издржана критика а против поштеда. |
|
|
|
|
|
|
Од: Faton |
Датум: 27.09.2010 19:46:11 |
|
...бидејќи aлбанците повеќе нема да чувствуваат потреба да преминат од другата страна на Вардар, на плоштадот „Македонија“...
Iskreno i sega najgolemiot broj albanci cuvstvuvaat potreba da preminat od drugata strana na Vardar ONOLKU KOLKU TIE OD DRUGATA STRANA SAKAAT ALBANCITE DA PREMINAT TAMU= A TOA E RAMNO NA NULA= /na primer da otidat da se osvezat vo bazenot BISER/. Druga rabota e sto albancite mnogu cesto MORAAT da preminat na drugata; bidejki site institucii se tamu. Makedoncite od druga strana pak, i onaka ne se primorani da preminat na ovaa strana, osven tie sto ziveat. A tie sto imaat zelba sekako deka ke se dvizat i natamu i navamu bez ogled na toa dali ke se gradi plostadot Skenderbeg ili ne.
Ova e realnosta, se dopaga toa nekomu ili ne.
Kako nastana i sto doprinese ovaa realnost da nastane, e sosema druga rabota. |
|
|
|
|
|