Две реванш-средби од 1/8-финалето на фудбалскиот куп на Македонија се на програмата денеска (вторник) од 14,30 часот. Турново го очекува формалност против второлигашот Ринија (победа од 3-0 на првиот меч), додека во Тетово, Ренова го пречекува Вардар (1-1 на првата средба).
Утре ќе играат Влазними-Напредок (0-4), Пелистер-Брегалница (0-0), Тетекс-Силекс (1-0) и Тиквеш-Осогово (3-0). На 9. октомври е закажана средбата меѓу Металург и 11 Октомври (0-1), а на 10. октомври ќе играат Миравци и Локомотива (0-0).