Свадба
Се омажи министерката Јанкулоска
Овој викенд, во друштвото на најблиските, судбоносното „да“ го изговори министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со што и официјално му стана животна сопатничка на нејзиното долгогодишно момче, Влатко Илиевски, советник на премиерот Груевски.
Оваа двојка е заедно веќе 15 години, а во својот љубовен дневник ги имаат заедничките страсти - патувањата и магистратурата по право во Лондон.
Јавноста веќе знаеше за нивните сериозни намери - двојката има заеднички дом и веќе неколку години живее под ист покрив, а Гордана го има „залогот на љубовта“ од 7 мај. Имено, на Денот на полицијата, таа доби дијамантски прстен од својот сакан. |