Македонија сака да го реши спорот со Грција, но само во нормите на Обединетите нации, каде што се загарантирани човековите права и националното достоинство. Ова, македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски му го пренел на генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун на синоќешната средба.
Како што јави „Дојче Веле“, Бан Ки Мун изразил разбирање за македонските позиции и рекол дека земјата има суверено право да ги брани, истовремено барајќи и официјално Скопје да ги разбере позициите на Атина.