22.03.2012, 18:26 Автобусот „9“ со изменета траса
Автобусот на ЈСП со број „9“ од викендов ќе сообраќа со изменета траса во правец од Државна болница кон Топанско Поле. „9“ ќе минува по улиците „Водњанска“ и „Железничка“, па по првото стојалиште ќе врти лево по булеварот „Македонија“, кај семафорите пред Тутунски комбинат пак ќе врти лево по улицата „11 Октомври“, а потоа десно кон „Југодрво“ по булеварот „Кочо Рацин“ и продолжува по вообичаената траса.
Од ЈСП соопштуваат дека до промена на трасата е дојдено поради вклучување во сообраќај на двокатните автобуси. На булеварот „Македонија“ е отворено ново стојалиште за замена на тоа пред Фискултурното училиште, а на улицата „11 Октомври“ ќе се користи постојната постојка.
Отворена е автобуска станица пред Европскиот универзитет за автобусите „3“, „3А“, „7Б“, „22А“ и „57“. (Б.Ш.) |