21.07.2008, 17:53 Парното во Скопје поскапе за 60 отсто
Исклучување на парното се врши за два часа и чини педесетина евра
Деспина Трајковска
Писмено барање за исклучување на парното греење и трошоци од околу 50 евра е постапката низ која мора да помине секој корисник на топлинска енергија кој сака да се исклучи од системот на Топлификација „Скопје-Север“ или пак АД „Топлификација“. Оваа можност уште од пред десетина дена почнале да ја искористуваат се' поголем број граѓани приклучени на системот на „Скопје-Север“, кои заедно со АД „Топлификација“ од вчера и дефинитивно со одлука на Регулатнорната комисија за енергетика од наредниот месец ќе наплаќаат поскапо парно за 30,25, односно 60,35 отсто повеќе од досегашната цена.
Тие што планираат да се исклучат од системот на АД „Топлификација“, а не живеат во станот ќе мора да плаќаат 50 отсто од сумата. Според објаснувањето од АД „Топлификација“, исклучените граѓани ќе треба да плаќаат, бидејќи ќе добиваат топлина од цевките што минуваат низ нивниот стан и од соседните станови.
„Доколку, пак, некој се исклучи од системот, а живее во станот, нема да плаќа ниту денар“, тврди Димитар Хаџимишев, директор на АД „Топлификација“. Тој посочува дека ваквата експертиза за паушална наплата е стара дваесетина години и е изработена од експерти од Машинскиот факултет, а одобрена од Уставниот суд.
Рекордно поскапување: претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Славе Ивановски (во средина)
Од топлификација „Скопје-Север“ потврдуваат дека уште од минатата недела кога се најавуваше поскапување на парното од ден на ден расте бројот на граѓаните кои сакаат да се откажат од услугата. Постапката, велат надлежните, е едноставна. Со потпишано барање и негово приложување на некој од пунктовите на топлификација, корисникот е регистриран и во рок од 15 дена екипите ќе излезат на терен и ќе го исклучат корисникот од системот. Имено, потребно е само испуштање на водата од цевководниот систем и блокирање на ребрата на радијаторите, зафат, велат надлежните, кој не трае повеќе од два часа. Тие предупредуваат дека исклучувањето од системот, сите заинтересирани треба да го направат пред официјалниот старт на грејната сезона, која започнува на 15 октомври.
„Во текот на сезоната исклучувања не вршиме, бидејќи зафатите можат да предизвикаат некаков испад во системот. Единствено исклучување правиме при некоја итна состојба“, додаваат надлежните, кои потенцираат дека не можат да прецизираат колку чини еден стан да се исклучи од системот. Имено, сумата зависи, пред се', од тоа на кој кат се наоѓа станот, врз основа на што се прави математика за трошоците за испуштање на водата од цевководниот систем. Во сумата се пресметува и блокирањето на грејните тела со посебен механизам, кое чини 300 денари за еден радијатор, а се наплаќа и фиксен трошок за екипата што го изведува исклучувањето. Според пресметки од „Скопје-Север“, стан на приземје, кој има четири радијатори, ќе треба да плати околу 2.200 денари. Цените за исклучување се речиси исти и за корисниците на АД „Топлификација“. |
|
Статијата е прочитана 2383 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goran, 21.07.2008 21:35:55 | Топлификација треба да инсталира калориметри па секој да плаќа онолку колку што ќе потроши, а не да наплаќа паушално по квадрат. Секаде на запад има калориметри кои ја мерат реално потрошената енергија па ако некој сака да грее само една соба, ќе плаќа за една соба. |
| Real, 22.07.2008 00:41:39 | A kako kje gi isklucuvaat tie sto imaat ponov tip na instalacija za parno, t.e. kade sto cevkite so voda doagjaat od sekoj sprat kon stanovite, a ne kako sto e vo starite zgradi kade sto doagjaat od nekolku posebni vertikali. Ili, sto kje pravat ako celata zgrada se resi da se iskluci, i stavat zaednicki kotel koj kje gree voda na struja (pr. vo podrum) i kje gi gree stanovite preku postoeckata instalacija? Toplifikacija nema apsolutno nikakvo pravo da gi zapecatuva radijatorite - sam sum si gi kupil, mozam sto sakam da pravam so niv! Ajde firmi sto se bavite so grejna oprema, pravete paketi i ponudi, za prefrluvanje na celi zgradi na greenje preku zaednicki kotel na struja, nema mnogu vreme do 15.Oktomvri.
|
| aerodrom, 22.07.2008 08:13:03 | Real е со правилно размислување. Навистина би било интересно да се добие понуда за колективно греење - на локално ниво.
П.С. Битолчани тоа го направија!! |
| Дани, 22.07.2008 10:03:23 | Во ред, поскапува, но да се пушти греењето во становите појако, тоа може, но штедат. Се повикуваат на договорите од пред 30 години кога сме потпишале согласност за 18 степени, и толку. А во што инвестира Топлификација незнам, се е исто од пред 30 години. И водата отиде 100 % горе а нови цевки не се ставија. |
| Saso N., 22.07.2008 10:25:50 | Ovie vo energetskiot sektor ne se svesni kakvi problemi moze da napravat so astronomskive cerni na parnoto, koga dobar del od potrosacite ke se preadaptiraat na struja. I onaka distributivnata mreza na EVN visi na konec, a ova novo optovaruvanje ke znaci uste pogolem haos. Vladata so polno pravo treba da bara odgovornost za neispolnetite obvrski na avstriskiot sopstvenik na distribucijata. |
| Monopol, 22.07.2008 11:12:29 | Regulatornata komisija so poskapuvanjeto na parnoto samo go forsira monopolot i ja stiti Toplifikacija. A kakva toplinska energija distribuira Toplifikacija i kolku mazut troshi, nikoj ne go interesira . Radijatorite se mlaki ili recisi studeni . Ne znam spored kakvi pravilnici e regulirano greenjeto. Vo stanovite nema nitu 18 stepeni . Ne dobivame kontinuirano toplina cel den , tuku po nekoja nivna logika greenjeto e ograniceno do 21 casot ili porano. Ako ogree sonce i po nekolku casa se isklucuvaat radijatorite !!!!!!!!!!!!!!! Ne e resenie na problemot ako se otkazeme od parnoto, ( strujata e izgor) tuku da i se stavi kraj na monopolot na Toplifikacija , da se kontrolira nejzinoto rabotenje . |
| mane, 22.07.2008 11:43:35 | Инсатлациите во зградите се сопственост на станарите. Топлификација да си направи свои инсталации надвор од зградите и да ги приклучува само оние станови кои ќе бараат греење. Нека ги изолира становите кои ги грее, а не да ги тормози со 50% плаќање за не грење. Во станот секој може да го симне парното заедно со вертикалите, однесно да ги пресече и блокира за да не се грее од цевките како што они мислат и да не зафаќаат од просторот. Дрско е нивното земање на пари за не извршена услуга. Кој го штити граѓанинот. Од 4000ден. да плаќаш 2000ден. само што ги гледаш цевките во станот. Поголема кражаба нема. Па господа, и со радијатори не можеме да се грееме како што треба а добро наплаќате, па со цевките на Хаџи Мишев е далеку од паметот. Нека тој се грее така. Ако се плаши нека ги блокира и цевките. Од заштита на потрошувачи дремат, или пак не разбираат каква манипулација се врши со корисниците. Нека го ревидираат правилникот, нека во зимските денови ја снимаат состојбата во становите. |
| Ујдурма!, 22.07.2008 12:28:50 | Волку големо поскапување е неоправдано! Дури и да има зголемувања по различни ставки, зарем процентите се собираат? А вишокот од јануари и фебруари што треба да се плаќа е незначителен во одонс на ова зголемување и неговото компензирање ќе заврши за месец-два, зависно како го земале во предвид, Некој треба да ја испита формулата по која работи комисијата и како е применета. Не верувам дека е толку сложена за да не можеме да ја разбереме! Добро е ова што го објавивте за исклучувањето, но сепак и тоа се трошоци, плус дополнителни инвестиции, не е лесно да се направи преку ноќ... државата овој пат стварно ги прејде Скопјани! |
|
|
|
|
|
21.07.2008, 14:05 Претходен број
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Делумно облачно
|
Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 20°C
|
|
|
|
|
|