07.10.2011, 10:33 Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Денеска Градот Скопје и официјално ќе го отвори за сообраќај проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов во 12.30 часот кај кружниот тек.
На официјалното отворање ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Карактеристично за овој булевар е тоа што има нов, турбо кружен тек. Булеварот има четири ленти, од двете страни има тротоари и улично осветлување. На сите улици кои одат од овој булевар има семафори.
- Затворена за сообраќај ќе биде делницата на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“, како и едниот крак на коловозот кој води до Клубот на пратеници. Затворен за сообраќај ќе биде и вториот крак од коловозот, до крстосницата со улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, односно пристапниот пат кон улицата „Народен Фронт“, соопшти Град Скопје.
Автобусите со броевите 4А и 5 ќе бидат пренасочени преку булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните сообраќајници, да ја почитуваат постав��ната патна сигнализација и да се придржуваат на времено поставениот режим за сообраќај.
Реконструкција на улицата почна на 13 мај годинава. За целосната реконструкција на улицата беа предвидени 72 милиона денари.
|