06.10.2011, 11:55 Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Кипарската Влада од Русија доби заем од 2,5 милилјарди евра за да може да го сервисира долгот, за поттик за економски раст и да ја врати довербата во својата економија, изјави синоќа портпаролот на Владата Стефанос Стефану. Според договорот годишната рата е 4,5 отсто. Заемот треба да биде вратен за 4,5 години откако ќе стапи на сила во јануари идната година. Поради изложеноста на кипарските банки на опасностите од презадолженоста на Грција, намален беше кредитниот рејтинг на Кипар и зголемени каматните стапки на капарските обврзници, а Владата мора под неповолни околности да позајмува пари на пазарот. Стефану додаде дека рускиот заем ќе ги намали каматите на кипарските обврзници, ќе се подобри кредитниот рејтинг на државата и ќе се поттикнат странски инвестиции.
|