07.10.2011, 09:29 Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
„Меѓурелигиска толеранција во Македонија“ е темата на меѓународната конференција што денеска ќе се одржи во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје.
На конференцијата предвидено е да учествуваат лидери на верските заедници од Македонија, религиски претставници и експерти од Германија и Босна и Херцеговина, претставници од академската заедница и од медиумите.
Ќе биде презентирано и научно истражување за религиските ставови и меѓурелигиската толеранција во Македонија, а ќе биде промовирано и ново видео.
Оваа конференција се организира во рамки на проектот „Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог во Македонија преку градење на капацитетите на медиумите и религиските претставници“, финасиран од ЕУ и кофинасиран од Фондацијата Конрад Аденауер. мд/дма/8:32
|