МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Албанскиот амбасадор во Македонија Арбен Чеку ќе биде повикан во МНР за да се провери веродостојноста на неговата изјава за „Газета Шкиптаре“ оти „македонските учебници по историја се носталгични по ерата на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито и ги понижуваат Албанците“.
Тоа, како што велат во МНР, е потребно особено со оглед на фактот што изнесените цитати се во целосна спротивност со посакуваниот дух на соработка и отворениот и пријателски дијалог меѓу Албанија и Македонија на сите нивоа.
Ставот на МНР е дека настапи од каква било природа со кои се тежнее кон нарушување на одличните билатерални односи меѓу Република Албанија и Република Македонија не одат во прилог на надградување на регионалната соработка и заедничките европски перспективи.
Ne se potresujte, izjavata na Cejku e provoke samar za poltronite od DUI, namerno dadena den po imenuvanjeto na Ermira Mehmet za pretsedatelka na sobraniska komisia za etnicki odnosi. Malku tegnenje na usi na ovie zaspani ubavici vo skutot na Gruevski.