Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.10.2011, 23:08
Грција со стегнато срце, ќе задоцни со шестата рата




Дали ПАСОК пред можеше да замисли дека две години по изборната победа ќе биде заплеткан во демантирање сценарија за банкрот и отказ на Папандреу од премиерското столче?

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Единственото правило кое владее во Грција е дека не се знае што ќе донесе новиот ден. Грчкиот премиер Јогос Папандреу пред неколку месеци својот роденден го прослави со хаос од протести и неизвесноста околу шпекулации за предвремени избори и реконструкција на владата. Вчера на вториот роденден од доаѓање на власт на ПАСОК во Грција владееше сличен хаос, овој пат од објавите од странските медиуми за банкрот, отказ од Папандреу, барањата на Тројката и штрајковите на граѓаните.

Германскиот весник "Фајненшал Тајмс" објави вест дека блиски луѓе на Јоргос Папандреу тврдат дека премиерот во последните денови говорел се повеќе за откажување од премиерското столче и распишување на предвремени избори затоа што не можел веќе да се справува со притисокот од настаните поврзани со финансиската криза. Според германскиот весник Папандреу наводно исткнал дека се чувствува немоќен и дека Грциј�� веќе не одлучува за ништо сама. Од канцеларијата на грчкиот премиер веднаш побрзаа да ги демантираат овие информации, а како што пренесуваат медиумите близок соработник на Папандреу пренел порака до весникот дека информациите што ги добиваат се бесмислени и неточни.

Тензијата во Грција дополнително се зголеми откако министрите од Еврозоната во понеделникот не донесоа конечна одлука за кога ќе биде исплатена шесттата рата од кредитор за Грција. Парите од ратата ќе бидат готови некаде кон крајот на октомври, а ратата најверојатно ќе биде исплатена на почетокот на ноември. Како што истакна претседателот на Еврогрупата, Жан Клод Јункер исплаќањето на ратата во овој период нема да предизцика проблем со исплаќање на платите и пензиите во Грција. Јункер потенцираше дека воопшто не се ни дискутира ни размислува за излез на Грција од Еврозоната, ниту пак за нејзин банкрот. Пожарот околу прашањето дали државата ќе има пари за исплаќање пензии и плати го гасеше лично министерот за финансии Евагелос Венизелос, демантирајќи ги гласините за грчки банкрот и испразнета државна каса до крајот на октомври. Венизелос забележа дека имаат пари до средината на ноември, односно токму до периодот кога ќе биде исплатена новата рата, како и тоа дека Грција ќе си ги заврши сите обврски кон граѓаните и кон странските кредитори. "Главната работа не е исплаќањето на ратата, туку да се покаже дека имаме издржливо решение", потенцираше Венизелос, додавајќи дека државата мора да ги усвои и спроведе мерките за да ја подобри својата слика во меѓународните очи.

Утре Грција ќе биде парализирана од генерален штрајк на синдикатите, нема да работи никој од државниот сектор, проблеми ќе има на пристаништата, откажани се сите летови поради штрајк на контролорите на летови, а нема да се движат ниту возовите поради штрајк на вработените во железницата.



Статијата е прочитана 1923 пати.

Испрати коментар



Пописот се прекинува и ќе започне од почеток
Јулија Тимошенко прогласена за виновна!
Неотпловиклива оставка на Државната пописна комисија
Скопскиот огранок на ДПА бара оставка на Тачи
Формирана заедничка работна група на Владата и ЗНМ
Иванов - Ќе влеземе во ЕУ и НАТО како Македонци
Почнува кампања против педофилијата во Македонија
Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции
Претстојната зима во Европа ќе биде многу студена
Деветгодишна струмичанка загина од струен удар
Дорис Пак е за промена на Дејтонскиот договор
Поевтинуваат бензините и дизелот
Прва трансплантација на црниот дроб во Македонија
Додик хоспитализиран поради исцрпеност
Од Швајцарија екстрадирани четворица македонски Албанци
Верски насилства во Египет, убиени најмалку 35 луѓе
„Поглед кон Македонија“ од денеска на Си Ен Ен
Претставници на Владат�� на средба со ЗНМ
Јанкулоска oчекувa принципиелен извештај на ЕК
Македонка пронајдена мртва пред својот дом во Австралијa
Очув силувал ќерка и нејзината другарка
Кривична за Муратовски поради закани до Грујовски
Хатчинсон - Среќа што Македонија не е дел од еврозоната
Хамарберг - Кога Македонија ќе влезе во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде таму
Ставрески - Кризата во Грција нема да ја разниша стабилноста на денарот
Почувствуван земјотрес во Валандово, Гевгелија, Струмица и Берово
Меѓуверска толеранцијa, но и непознавање на религиите
СДСМ со заблешки за организацијата и спроведувањето на пописот
Жозеп Дол - Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија
Придавката „македонски” повторно „виси” во извештајот
Се изготвува текстот за вклучување на македонија во „Јужен поток“
Од утре во Македонија пад на температурата и врнежи од дожд
Аирлија по новиот „Гологанов“ и по кружниот тек
Четворица осомничени за убиството на Наумовски во Перт
Земјоделците си ги бараат субвенциите за годинава
Зголемени поплаките за телекомуникациските оператори
Грција бара почитување на правата на малцинствата при пописот во Албанија
Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Иванов ги повика романските бизнисмени во Македонија
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
(ФОТО) Фановите низ светот му оддадоа почит на Џобс
Музика од диџеи во двокатните автобуси
„Аџибадем“ газда на половина од капиталот на „Систина“
Бесими - Членството во НАТО врвен приоритет за Македонија
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар
„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика
Басеску - Романија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија
Иванов - Поделбата на Косово може да го дестабилизира регионот
Почна „Вино-скоп 2011“
Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Реакции по смртта на информатичкиот гениј и визионер
Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Регистрирани два земјотреса во Валандово и во Гевгелија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Вето во ОН за Сирија, Турција најавува санкции
Автоматизиран вториот блок на РЕК Битола
Промовирана книгата за лустрацијата во Македонија
Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Ердоган - Израел поседува атомска бомба
МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Арифи - Извештајот на ЕК ќе биде сличен како ланскиот
Од петок драстично пониски температури
„Кока-кола“ останува највреден бренд во светот
Невработена Американка по грешка освои 25 милиони долари
„Ноќта“ ги проголта макроата и клиентите кај МТВ
Бусек - Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол
Хеликоптер се урна во Ист Ривер, еден загинат
Драшковиќ - За најмногу 15 години Македонија ќе се подели
Груевски во Рим ќе се сретне со Берлускони
Телевизијата А1 должи на фирми, актери, новинари...
Вељаноски очекува позитивен извештај од ЕК
Малстром - Има шанси визите да се вратат
Момче застрелано во глава во центарот на Тетово
Проектот во Скопје ја подели Македонија
Ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски
Македонија и Црна Гора потпишаа Договорот за екстрадиција
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изгаснат пожарот на покривот на новиот театар
Нобеловата награда за физика за 2011 за тројца научници



Od fakelaki, 05.10.2011 00:03:14
Na zdravje bricenjeto nisto nee vecno ni fasizmot na grcistata krajot im se blizi............

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |